Александар Караѓорѓевиќ во посета на Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Александар Караѓорѓевиќ во посета на Битола“
Александар Караѓорѓевиќ во посета на Битола 1912.jpg
кадар од филмот
РежисерЈанаки Манаки
Милтон Манаки
Премиера1912
Времетраење4 мин
ДржаваМакедонија Македонија

Александар Караѓорѓевиќ во посета на Битола е македонски документарен филм од 1912 година, снимен од браќата Манаки. Филмот е во траење од 4 минути и е сниман во црно-бела техника, без звук.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Филмот започнува со пристигнувањето на Александар Караѓорѓевиќ на битолската железничка станица, при што Караѓорѓевиќ го пречекуваат и го поздравуваат претставници на градот, на војската и на црквата.

Потоа браќата Манаки го следат високиот гостин за цело време на неговиот престој во Битола. Во неколку секвенци делегацијата е снимена како излегува од зградата на Битолската митрополија, како минува низ битолските улици поздравена од насобраниот народ и како присуствува на еден верски обред, церемонија на свечено украсена сцена, околу која има многу насобран народ. По завршувањето на церемонијата, поворката во која, покрај членовите на делегацијата, се и голем број високи свештени лица, минува низ група луѓе и доаѓа до широчината пред битолските касарни каде се врши осветување на темелите на објектот кој треба да започне да се гради, што е всушност и целта на посетата на Александар Караѓорѓевиќ на Битола.

Филмот завршува со мошне краток кадар, на кој Александар Караѓорѓевиќ во придружба на неколку офицери врши смотра на построена чета војници.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Александар Караѓорѓевиќ во посета на Битола на МИФЦ.