Манифестации по повод Хуриетот
Оваа статија користи текст од мрежното место на Македонскиот информациски филмски центар (МИФЦ). Повеќе за наводите ќе најдете во делот за надворешни врски.
Текстот во статиите се употребува со дозвола на МИФЦ; Повеќе на страницата за разговор во рамките на ВикиПроектот „Филм“. |
„Манифестации по повод Хуриетот“ | |
---|---|
Режисер | Јанаки Манаки Милтон Манаки |
Премиера | 1908 |
Времетраење | 2 мин |
Држава | ![]() |
Манифестации по повод Хуриетот е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1908 година во времетраење од две минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, црно-бел и на 35мм филм. Еден е од неколкуте посветени на Младотурската револуција и прославите одржани во Битола по повод нејзината победа[1].
Кратка содржина[уреди | уреди извор]
Овој филмски материјал, на кој е снимен дел од прославата по повод победата на Младотурската револуција, е снимен од горен ракурс, при што учесниците на парадата се следат во континуитет. Притоа, пред сѐ имајќи ги предвид учесниците на парадата и нивните смени, филмот може да се подели на три секвенци со шест кадри [2]:
- Во првата секвенца, чие траење опфаќа само еден кадар, е прикажана колона мажи во бели народни носии со темни елеци и фесови.
- Втората секвенца (исто така, еден кадар) ги доловува членовите на друштвото „Пелистерски јунак“ - деца во бели униформи.
- Во третата секвенца (четири кадри) е регистрирана парада на мажи во темни костуми со бели фесови.
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Браќа Манаки
- Дефиле на воен оркестар, кочии и коњаници
- Манифестации (со грчки натписи)
- Манифестации по повод Младотурската револуција
- Парада по повод Хуриетот
- Турци држат говор на Хуриет
Белешки[уреди | уреди извор]
- ↑ Профил на Турци држат говор на Хуриет на МИФЦ[мртва врска]: Значителен дел од одбележувањето на победата на Младотурската револуција, хуриетот, како и голем број манифестации одржани во Битола по тој повод, браќата Манаки забележале и на филмска лента. Врз основа на различните описи, би можеле да кажеме дека документарната целина за овој настан е поделена во шест наслови.
- ↑ Профил на Манифестации по повод Хуриетот на МИФЦ.[мртва врска]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|