Закоп на митрополитот Емилијанос од Гревена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Закоп на митрополитот Емилијанос од Гревена“
Закоп на митрополитот Емилијанос од Гревена.jpg
кадар од филмот
РежисерЈанаки Манаки
Милтон Манаки
МонтажаЈанаки Манаки
Милтон Манаки
Премиера1911
Времетраење6 мин
ДржаваМакедонија Македонија

Закоп на митрополитот Емилијанос од Гревена е македонски филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година во времетраење од шест минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно-бела техника и на 35 мм филм. Ова е единствен пронајден и сочуван филмски материјал што браќата Манаки самите го развиле и го монтирале во документарна целина подготвена за јавно прикажување.[1]

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Во филмот е забележана погребната церемонија од закопот на митрополитот Емилијанос од Гребен (Гревена), Егејска Македонија, кој бил убиен на 1 октомври 1911 година. Филмот започнува со панорама на градот Гребен и со фотографија на двајца умрени (едниот од нив е Емилијанос). Потоа се префрлува на закопот, кој започнува во црквата во Гребен (фотографија на ентериерот на црквата со умрениот митрополит, бидејќи со филмската камера браќата не можеле да снимаат внатре[1]).

Церемонијата продолжува со изнесувањето на митрополитот од црквата и движењето на поворката на патот кон гробиштата низ Гребен. На крајот е прикажано самото закопување на Емилијанос. За цело време митрополитот го носат во седната положба.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]