Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола“
Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола - прв кадар.jpg
кадар од филмот
РежисерЈанаки Манаки
Милтон Манаки
Премиера1911
Времетраење16 мин
ДржаваМакедонија Македонија
ПретходенТурскиот султан Мехмед V Решад во посета на Солун

Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година во времетраење од 16 минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно бела техника и 35мм филм.

Историска позадина[уреди | уреди извор]

По победата на Младотурската револуција (1908 година), на местото на Абдул Хамид II, во 1909 година за нов султан бил поставен Мехмед V Решад, кој владеел до 1918 година и бил претпоследен турски султан. Во 1911 година Мехмед V Решад тргнал во посета на најоддалечените европски краеви на своето царство и при оваа своја обиколка ги посетил Солун и Битола. Браќата Манаки успеале да издејствуваат специјална дозвола за да го придружуваат и снимаат султанот за време на неговиот престој, реализирајќи две импозантни филмски целини за неговите посети на Солун и Битола.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола - втор кадар.jpg
Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола - трет кадар.jpg
кадри од филмот

Вториот дел од документарниот филмски запис за посетата на претпоследниот турски султан Мехмед V Решад, браќата Манаки го реализирале при неговата посета во Битола. Филмот започнува со секвенцата на пристигнувањето на султанот на железничката станица во Битола и неговото заминување кон зградата на општината каде престојувал за време на неговата посета на Битола.

Следува долга секвенца од парадата која се одвивала пред султанот, пред зградата на општината, во која учествувале припадници на сите народи и верски заедници во Отоманската Империја, како и претставници на сите општествено-политички, воени и верски структури. Биле застапени сите возрасти - деца од најмлада возраст до постари мажи и жени.

Освен оваа парада пред султанот, во филмот се забележани и неколку негови парадни прошетки низ улиците на Битола, како и патот до и престојот на излетничкото место крај Битола - Тумбе Кафе. Филмот завршува со заминување на султанот од железничката станица во Битола.

Види исто[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]