Романска делегација во посета на Гопеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Романска делегација во посета на Гопеш“
кадар од филмот
РежисерЈанаки Манаки
Милтон Манаки
Премиера1911
Времетраење2 мин
ЗемјаМакедонија Македонија
ПретходенРоманска делегација во посета на Битола
СледенРоманска делегација во посета на Ресен

Романска делегација во посета на Гопеш е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година со должина од 2 минути. Иако се работи за дел од една целина - Романска делегација во посета на Македонија - Милтон Манаки, при идентификацијата на филмовите, овој материјал го спомнува трипати [1]. Снимен е во стандард техника, без звук, во црно бела форма и на 35мм филм.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Втората целина од престојот на романската делегација во Македонија ја опфаќа посетата на Гопеш и нивниот пат до Моловишта на пропатување од Битола кон Ресен и Охрид.

Браќата Манаки ја следеле делегацијата и на овој материјал е забележано пристигнувањето на делегацијата и нејзиниот пречек во Гопеш, како и дел од патот кон Моловишта и соседните села.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]