Романска делегација во посета на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Романска делегација во посета на Македонија“
кадар од првиот филм
(посетата на Битола)
РежисерЈанаки Манаки
Милтон Манаки
Премиера1911
Времетраење8 мин
(2х2 мин и 1х4 мин)
ЗемјаМакедонија Македонија

Романска делегација во посета на Македонија е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година во вкупно времетраење од 8 минути. Истиот е составен од три дела, првите два во времетраење од две минути и третиот со должина од четири. Иако очигледно се работи за една целина, Милтон Манаки при идентификацијата на филмовите овој материјал го спомнува трипати [1]. Снимен е во стандард техника, без звук, во црно бела форма и на 35мм филм [1].

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Романска делегација во посета на Битола[уреди | уреди извор]

Првата целина почнува со пристигнувањето на делегацијата со кочии во Битола и завршува со нејзиниот престој во овој град.

Романска делегација во посета на Гопеш[уреди | уреди извор]

Втората целина од престојот на романската делегација во Македонија ја опфаќа посетата на Гопеш и нивниот пат до Моловишта на пропатување од Битола кон Ресен и Охрид.

Романска делегација во посета на Ресен[уреди | уреди извор]

Третиот снимен дел од посетата на романската делегација на Македонија, кој е и најдолг, го прикажува патот на делегацијата кон Ресен и нејзиното пристигнување и престој во овој град.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Трите составни филма: