Прејди на содржината

Холзи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Холзи
Холзи во 2019
Роден(а)Ешли Николет Франџипани
29 септември 1994(1994-09-29)(29 г.)
Edison, New Jersey, U.S.
Занимање
  • Пејачка
  • текстописец
  • глумица
Активен период2012–денес
Деца1
Потпис
Страница
iamhalsey.com

Ешли Николет Франџипани (англ. Ashley Nicolette Frangipane;[1] родена на 29 септември 1994), естрадно позната како Холзи (англ. Halsey) ― американска пејачка и глумица. Добила неколку награди, како: три „Музички награди од Билборд“, Билбордова „Награда за жени во музиката“,[2] една награда на Американски музички награди и била номинирана за три Греми награди. Во 2020 година списанието Тајм ја ставило на нивниот годишен список од „100 највлијателни луѓе во светот“.[3]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ешли Николет Франџипани е родена на 29 септември 1994 година во Едисон, Њу Џерси.[4] Уште како дете научила да свири на виолина, виола и виолончело, а на 14 години почнала да свири гитара.[5] Музички идоли од детството ѝ биле: Аланис Морисет, Џастин Бибер и групата Brand New.[6][7]

Франџипани била задевана на училиште,[8][9][10] а по нејзиниот обид за самоубиство на 17-годишна возраст била хоспитализирана речиси три недели. По ова, ѝ било дијагностицирано биполарно растројство.[11][12] На 17 години, започнала врска со момче кое живеело во близина станицата Холзи во Бруклин, од каде што го зела нејзиното уметничко име. Во 2012 година, дипломирала на регионалното средно училиште Ворен Хилс во Вашингтон, Њу Џерси.[13]

2012–2014: Почетоци на кариерата

[уреди | уреди извор]

Франџипани почнала да пишува музика на 17 години, а во 2012 година почнала да објавува видеа на социјалните мрежи.[14] Станала позната по пародијата на песната од Тејлор Свифт „I Knew You Were Trouble“, инспирирана од врската на Свифт со Хари Стајлс. Во 2014 година потпишала договор со издавачката куќа Astralwerks; тие ѝ дале поголема креативна слобода од другите издавачки куќи кои сакале да потпише со нив.[15]

По потпишувањето на договорот, Франџипани имала многу акустични концерти во различни градови под неколку сценски имиња.[16] Таа го избрала Холзи како нејзино постојано уметничко име.[17] Таа исто така изјавила дека Холзи е најпопуларно име кое го користела.[18]

2014–2018: Први изданија и пробив

[уреди | уреди извор]
Холзи на настап во Лос Анџелес за време на турнејата Badlands во 2015 година

Холзи била на турнеја со The Kooks во август 2014 година, а изведувала различни песни од други музичари.[19] На 27 октомври 2014 година таа го објавила нејзиното прво ЕР, Room 93.[20] Во март 2015 година била на заедничка турнеја со Young Rising Sons, а во јуни истата година била воведен изведувач на северноамериканската турнеја на Imagine Dragons, Smoke + Mirrors (2015).[21]

Првиот студиски албум на Холзи, <i id="mw7A">Badlands</i>, бил објавен на 28 август 2015 година. Таа Badlands го опишала како концептуален албум за идното дистописко општество познато како „The Badlands“, што било метафора за нејзината ментална состојба во тоа време.[22][23] Холзи ги напишала сите песни од албумот кога имала 19 години, а продукцијата била раководена од многу продуценти, меѓу кои бил и нејзиното тогашно момче, норвешкиот продуцент Лидо.[24] Албумот добил позитивни критики од музичките критичари.[25][26] Badlands дебитирал на второ место на американската топ-листа за албуми, Билборд 200. Албумот бил успешен и во неколку други земји, како: Австралија, Канада и Нов Зеланд.[27][28][29]

Badlands бил сертифициран за двојно платинест од страна на Здружението на музичките сниматели на Америка (RIAA).[30] Од албумот биле објавени четири синглови: „Ghost", „New Americana", „Colors", и „Castle"; сите тие добиле платинест сертификат во САД.[31] Со „New Americana“ таа за првпат се пласирала на американскиот Billboard Hot 100.[32]

Холзи на настап во Греми музејот во 2016 година

На 29 јули 2016 година, Холзи пеела на синглот од Chainsmokers „Closer“, песна која таа ја напишала.[33][34] Нумерата постигнала огромен комерцијален успех: 12 последователни недели била на врвот на Billboard Hot 100, била на врвот на топ-листите во 12 други земји, била продадена во преку 15 милиони единици и е една од најпуштаните песни на Spotify.[32] Официјалното видео за песната „Closer“ било објавено на YouTube на 29 јули 2016 година и оттогаш има преку две милијарди прегледи.[35] За песната Холзи била номинирана за Греми награда за „Најдобра изведба од поп-дуо/група“.[36][37]

Нејзиниот бтор студиски албум, Hopeless Fountain Kingdom, бил објавен на 2 јуни 2017 година.[38] Албумот, за разлика од нејзините претходни дела, содржел покомерцијални песни.[39] Исто како и нејзиниот прв албум, Hopeless Fountain Kingdom бил концептуален албум за една вљубена двојка во приказна заснована на Ромео и Јулија; албумот бил инспириран од нејзиното раскинување со Лидо.[40] Албумот исто така бил насочен на бисексуалноста на Холзи и на бисексуалните ликови.[41][42] Hopeless Fountain Kingdom дебитирал на врвот на Билборд 200 и на канадската топ-листа за албуми. Вториот сингл од Hopeless Fountain Kingdom, „Bad at Love“, бил објавен на 22 август. Песната се искачила на петто место во САД, што бил нејзин највисок пласман во тоа време.[43] Холзи, исто така, соработувала со групата Thirty Seconds to Mars за песната „Love Is Madness“, од нивниот албум Аmеricа од 2018 година.[44]

Холзи пеела со Калид на деби-синглот од Бени Бланко „Eastside“, кој бил објавен на 12 јули 2018 година.[45][46] Песната се искачила на деветто место на Billboard Hot 100 и била на врвот на топ-листите во пет други земји.[47] Истата година, таа се појавила во два филма: таа го позајмила гласот на Чудесната Жена во Teen Titans Go! и се глумела себеси во Ѕвездата е родена, во режија на Бредли Купер.[48][49][50]

2018–2021: Следни изданија и понатамошен успех

[уреди | уреди извор]

По објавувањето на Hopeless Fountain Kingdom, Холзи била „префрлена“ во Capitol Records, матична компанија на Astralwerks.[51] Нејзиниот прв сингл за издавачката куќа бил „Without Me“, објавен на 4 октомври 2018 година.[52][53] Оваа песна станала нејзин прв соло-сингл кој се искачил на прво место на Billboard Hot 100.[54]

Холзи на музичките награди од iHeartRadio 2019 година

Третиот студиски албум на Холзи, Manic, бил објавен на 17 јануари 2020 година.[55] На објавувањето на албумот му претходеле три сингла: „Without Me", „Graveyard" и „You Should Be Sad" на кои како гости учествувале Доминик Фајк, Аланис Морисет и Суга. Водечкиот сингл „Without Me“ се искачил на прво место на Billboard Hot 100, добил дијамантски сертификацикат од RIAA и до денес нејзина комерцијално најуспешна песна како главен изведувач. За да го промовира албумот, Холзи ја започнала нејзината трета концертна турнеја, но по 17 концерти таа била одложена, а потоа откажана поради COVID-19 пандемијата.[56][57]

На 27 август 2021 година, Холзи го издала нејзиниот четврти студиски албум, If I Can't Have Love, I Want Power.[58] Албумот бил продуциран од членовите на Nine Inch Nails, Трент Резнор и Атикус Рос,[59] и добил пофалби од критиката.[60] Албумот дебитирал на второ место на Билборд 200, но поради немањето на хит-сингл, пократко се задржал на топ-листата.[61][62]

2022-Денес: Контроверзии со издавањето на „So Good“ и заминување од Capitol

[уреди | уреди извор]

Во јануари 2022 година, Холзи ја напишала и ја компонирала песната под наслов „So Good“. Откако издавањето на песната било одложено затоа што Капитол сакал да ја тестира „виралноста “ на песната, Холзи на 22 мај 2022 година на TikTok објавила видео во кое ја критикувала Capitol Records затоа што не ѝ дозволувала да ја објави „So Good“.[63][64] Пет дена претходно, без одобрение од Капитол, Холзи пуштила дел од нејзината песна во видео на TikTok. Во деновите по нејзината објава, се појавија прашања во врска со тоа дали Капитол ќе преземе правни мерки против неа или не. Капитол рекордс на крајот одредила датум за објавување на песната, 9 јуни 2022 година.[65] Иако некои верувале дека контроверзноста со објавувањето е маркетиншки трик, Холзи тврдела дека не е преправање.[66]

На 15 април 2023 година, списанието Variety објавило дека Холзи и Капитол Рекордс се разделиле.[62][67] На 14 јуни 2023 година, било објавено дека Холзи потпишала со Колумбија Рекордс.[68]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Badlands (2015)
  • Hopeless Fountain Kingdom (2017)
  • Manic (2020)
  • If I Can't Have Love, I Want Power (2021)

Филмографија

[уреди | уреди извор]
година Наслов Улога Белешки
2018 Тинејџерските титани одат на филмови Чудесната Жена Глас
Ѕвездата е родена Себеси Камео
2021 година Ако не можам да имам љубов, сакам моќ [69] Кралицата Лила / Лилит Придружен едночасовен филм од истоимениот албум
Пееме 2 Порша Кристал Глас
2023 година Американа Менди Стар
2024 година Максин Пост-продукција
  1. „Halsey Tells Us How To Pronounce Her Last Name & Singing w/ Katy Perry. Part 1“. AskAnythingChat. June 20, 2017. Архивирано од изворникот на September 3, 2019.
  2. Празен навод (help)
  3. Празен навод (help)
  4. Olivier, Bobby (October 15, 2017). „N.J. pop star Halsey was magnetic in her largest home-state concert yet“. Music. NJ.com. Newark, New Jersey. Архивирано од изворникот на October 15, 2017. Посетено на October 16, 2017.
  5. „Halsey“. Paradigm Talent Agency. Архивирано од изворникот на March 27, 2019. Посетено на February 27, 2019.
  6. Garibaldi, Christina. „Halsey Has A Response To Those 'F--k Yous' She Got For Working With Justin Bieber“. Music. MTV News. Архивирано од изворникот на May 24, 2020. Посетено на August 12, 2020.
  7. „Halsey's bio“. Instagram. September 29, 2016. Архивирано од изворникот на September 29, 2016. Посетено на August 12, 2020.
  8. Ringen, Jonathan (March 10, 2016). „Billboard Cover: How Halsey Became the Voice of Her Generation Through Tweets, Tumblr and Truth-Telling“. Music News. Billboard. Архивирано од изворникот на August 16, 2017. Посетено на February 4, 2017.
  9. Gomez, Luis. „The untold truth of Halsey“. TheList.com. Архивирано од изворникот на February 28, 2019. Посетено на February 28, 2019.
  10. Heinz, Natasha (October 9, 2018). „Brendon Urie had an amazing response to Halsey being bullied at school“. Alternative Press. Архивирано од изворникот на February 28, 2019. Посетено на February 28, 2019.
  11. Fredette, Meagan (July 15, 2018). „Halsey Opens Up About Juggling Her Career & Bipolar Disorder“. Refinery29. Архивирано од изворникот на November 26, 2018. Посетено на December 23, 2018.
  12. Gharnit, Yasmeen (May 28, 2015). „Halsey Talks About Her Bipolar Disorder“. Nylon. Архивирано од изворникот на November 19, 2018. Посетено на December 23, 2018.
  13. Buffum, Joanna; Kortebein, Katie (October 30, 2015). „Fetty Wap, Halsey & Charlie Puth: New Jersey's Young Pop Heavyweights“. New Jersey Monthly. Архивирано од изворникот на February 9, 2018. Посетено на February 8, 2018. Hometown: Washington ... She graduated from Warren Hills Regional High School in 2012 and worked on songwriting until she self-released her first single, 'Ghost', on SoundCloud in January 2014.
  14. Lakshmin, Deepa. „Thank You, Halsey, For Being A Fangirl Just Like Me“. MTV News (англиски). Архивирано од изворникот на December 24, 2018. Посетено на December 23, 2018.
  15. Morris, Alex (July 28, 2016). „Inside Halsey's Troubled Past, Chaotic Present“. Music. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на November 30, 2022. Посетено на November 29, 2022.
  16. Leight, Elias (October 16, 2014). „Exclusive Premiere: Watch Singer-Songwriter's Halsey's Gritty 'Hurricane' Video From Her Visual 'Room 93' EP“. Billboard. Архивирано од изворникот April 18, 2016.
  17. „Halsey – dscvr Interview“. January 19, 2015. Архивирано од изворникот на March 12, 2016. Посетено на March 28, 2015.
  18. „9 Facts That You Should Know About Rising Star, Halsey“. Celebuzz (англиски). March 28, 2016. Архивирано од изворникот на December 24, 2018. Посетено на December 23, 2018.
  19. „Interview: Halsey“. allthingsgomusic.com. Архивирано од изворникот на June 26, 2019. Посетено на March 31, 2015.
  20. „Halsey Signs to Astralwerks with Debut Single "Ghost". Astralwerks. August 7, 2014. Архивирано од изворникот на March 25, 2015.
  21. Gonzalez, Ross "Taco" (January 12, 2015). „Halsey and Young Rising Sons announce a co-headlining tour“. The Network 317. Архивирано од изворникот на June 16, 2015. Посетено на June 12, 2015.
  22. Halsey. Interview. Halsey Interview With Shelley Rome.
  23. Празен навод (help)
  24. Празен навод (help)
  25. Collar, Matt. „Badlands – Halsey“. AllMusic. Архивирано од изворникот на September 29, 2015. Посетено на September 29, 2015.
  26. „Alternative Addiction | Review of Halsey "Badlands" | Alternative Addiction – New Music“. alternativeaddiction.com. Архивирано од изворникот на February 28, 2019. Посетено на February 27, 2019.
  27. „Halsey – Badlands“. australian-charts.com. Архивирано од изворникот на June 26, 2019. Посетено на June 12, 2019.
  28. Празен навод (help)
  29. „Halsey – Badlands“. charts.nz. Архивирано од изворникот на January 6, 2020. Посетено на June 12, 2019.
  30. „Halsey's Album 'Badlands' Goes Platinum In The USA“. CelebMix (англиски). September 8, 2016. Архивирано од изворникот на April 8, 2018. Посетено на April 7, 2018.
  31. „Gold & Platinum“. RIAA (англиски). Архивирано од изворникот на February 12, 2018. Посетено на March 24, 2019.
  32. 32,0 32,1 Празен навод (help)
  33. Fekadu, Mesfin (September 2, 2016). „2 Fray members get writing credit on Chainsmokers' No.1 hit“. Associated Press. Архивирано од изворникот на January 5, 2017. Посетено на September 3, 2016.
  34. „The Chainsmokers Get Real About Their Debut Album“. Teen Vogue (англиски). September 2, 2016. Архивирано од изворникот на March 27, 2019. Посетено на March 27, 2019.
  35. ChainsmokersVEVO. „The Chainsmokers – Closer ft. Halsey (Official Lyric Video)“. Архивирано од изворникот на March 20, 2020. Посетено на January 30, 2019.
  36. Празен навод (help)
  37. „Nominees And Winners | GRAMMY.com“. February 1, 2012. Архивирано од изворникот на February 1, 2012. Посетено на March 24, 2019.
  38. Празен навод (help)
  39. Празен навод (help)
  40. „How Halsey flipped 'Romeo and Juliet' on its head with her new album 'Hopeless Fountain Kingdom'. Genius.com. Архивирано од изворникот на June 10, 2017. Посетено на July 5, 2017.
  41. „Halsey – Bad at Love“. Архивирано од изворникот на March 27, 2019. Посетено на January 30, 2019.
  42. „Halsey: Hopeless Fountain Kingdom“. PopMatters. June 7, 2017. Архивирано од изворникот на March 21, 2019. Посетено на January 30, 2019.
  43. „Halsey Bad At Love Chart History“. Billboard.com. Архивирано од изворникот на October 16, 2017. Посетено на January 27, 2018.
  44. „America by Thirty Seconds to Mars“. Qobuz. Архивирано од изворникот на August 28, 2021. Посетено на June 12, 2018.
  45. „Benny Blanco – 'Eastside' (ft. Halsey & Khalid)“. Spin. July 12, 2018. Архивирано од изворникот на September 7, 2018. Посетено на August 30, 2018.
  46. benny blanco, benny blanco, Halsey & Khalid – Eastside (official video), Архивирано од изворникот на December 19, 2018, Посетено на December 17, 2018
  47. „Halsey is one of the singers and musicians that has made a huge impact in the airplays! Her catchy tunes stuck in your mind! | Useless Daily: The amazing facts, news & trivia free newsletter!“. uselessdaily.com (англиски). March 25, 2019. Архивирано од изворникот на March 27, 2019. Посетено на March 27, 2019.
  48. Fleming, Mike Jr. (April 26, 2018). „Sony Pictures Makes Deal With Halsey For Movie Inspired By Singer's Life“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на April 26, 2018. Посетено на April 26, 2018.
  49. Truitt, Brian (March 12, 2018). „Exclusive: Nicolas Cage plays Superman, Halsey is Wonder Woman in 'Teen Titans GO!'. USA Today (англиски). Архивирано од изворникот на September 7, 2018. Посетено на December 4, 2018.
  50. „Halsey Reveals She Has a Small Cameo in Lady Gaga's A Star Is Born: 'It Was So Humbling'. People (англиски). Архивирано од изворникот на December 4, 2018. Посетено на December 4, 2018.
  51. „Halsey on Twitter“. Twitter (англиски). May 23, 2022. Архивирано од изворникот на 2023-04-16. Посетено на 2022-07-06. I'm not signed to astralwerks anymore! Astralwerks is the label that signed me, and then they upstreamed me to Capitol.
  52. „Halsey teases new single 'Without Me' – watch“. NME.com. September 26, 2018. Архивирано од изворникот на September 26, 2018. Посетено на September 26, 2018.
  53. Halsey – Without Me (Teaser). September 26, 2018. https://www.youtube.com/watch?v=0-H7gCrFSgw. 
  54. „Ariana Grande & Halsey are first two women to score the top two chart spots in more than a year“. 101 WIXX. Midwest Communications, Inc. Архивирано од изворникот на December 24, 2018. Посетено на December 23, 2018.
  55. Празен навод (help)
  56. Kreps, Daniel (2019-09-29). „Halsey Celebrates Birthday With Trip to Aquarium in 'Clementine' Video“. Rolling Stone. Посетено на October 19, 2019.
  57. Willman, Chris (22 January 2021). „Halsey Finally Cancels Long-Postponed Tour: 'I Wish Things Were Different'. Variety. Посетено на 23 January 2021.
  58. Oleinik, Marie (August 27, 2021). „On the bold and ambitious If I Can't Have Love, I Want Power, Halsey gets both“. The Line of Best Fit (англиски). Архивирано од изворникот на August 27, 2021. Посетено на August 27, 2021.
  59. Rettig, James (June 28, 2021). „Halsey's New Album is Produced by Trent Reznor & Atticus Ross“. Stereogum. Архивирано од изворникот на July 3, 2021. Посетено на July 9, 2021.
  60. „If I Can't Have Love, I Want Power by Halsey“. Metacritic. Архивирано од изворникот на September 9, 2021. Посетено на August 26, 2021.
  61. „Gold & Platinum“. RIAA (англиски). Архивирано од изворникот на April 16, 2023. Посетено на 2023-04-16.
  62. 62,0 62,1 Willman, Chris (2023-04-15). „Halsey Splits From Capitol Records“. Variety (англиски). Архивирано од изворникот на April 16, 2023. Посетено на 2023-04-15. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:22“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  63. Smith, Ryan (2022-05-23). „Halsey joins chorus of celebs complaining about record label TikTok demands“. Newsweek (англиски). Архивирано од изворникот на October 5, 2022. Посетено на 2022-06-28.
  64. Garcia, Thania (2022-05-23). „Halsey's Label Responds to Singer's TikTok Claim That They Won't Release New Song“. Variety (англиски). Архивирано од изворникот на August 19, 2022. Посетено на 2022-06-28.
  65. Willman, Chris (2022-05-31). „Halsey Gets a Release Date for 'So Good' Single That Fueled TikTok Debate, as Label Promises 'Open Dialogue'. Variety (англиски). Архивирано од изворникот на April 16, 2023. Посетено на 2023-04-16.
  66. Празен навод (help)
  67. „Halsey Splits With Capitol Records In The Wake Of Dispute Over TikTok Strategy“. Stereogum (англиски). 2023-04-15. Архивирано од изворникот на April 16, 2023. Посетено на 2023-04-16.
  68. Aswad, Jem (2023-06-14). „Halsey Signs With Columbia Records“. Variety (англиски). Архивирано од изворникот на June 14, 2023. Посетено на 2023-06-14.
  69. Празен навод (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]