Прејди на содржината

Imagine Dragons

Од Википедија — слободната енциклопедија
Imagine Dragons
Imagine Dragons во 2017
Животописни податоци
Познат(а) и какоRagged Insomnia
ПотеклоЛас Вегас, САД
Жанрови
Период на активност2008–денес
Издавачи
Мреж. местоimaginedragonsmusic.com

Imagine Dragons (транскрипција: Имеџин Драгонс) ― американска поп-рок-група со седиште во Лас Вегас и основана во 2008 година. Во сегашниот состав на групата се: пејачот Ден Рејнолдс, гитаристот Вејн Сермон, басистот Бен Мекки и тапанарот Даниел Плацман.[1] Групата стекнала популарност по објавувањето на нивниот сингл „It's Time“, по кој следело издавањето на нивниот прв албум „Night Visions“ (2012), од кој произлегле песните кои се нашле на врвот на топ-листите „Radioactive“ и „Demons“. Песната „Radioactive“ го држела рекордот за најмногу недели поминати на топ-листите на Billboard Hot 100, а Ролинг Стоун ја прогласил „рок-хит на годината“.[1] [2] [3] [4] MTV ги прогласил за „група на годината“,[5] а списанието Билборд ги прогласил за „Група во подем за 2013“ и „Најдобра група за 2017“[6] и ги ставило на врвот на нивната ранг-листа „Year in Rock“ за 2013,[7] 2017,[8] и 2018 година. Imagine Dragons биле на врвот во категоријата „Топ музичари – дуо/група“ на листата од Билборд во 2018 година.

Imagine Dragons освоиле три Американски музички награди, девет Билбордови музички награди, една Греми награда, една MTV Video музичка награда и една Светска музичка награда. Во мај 2014 година, групата била номинирана за 14 Билбордови музички награди, вклучително и за изведувач на годината и наградата Milestone, со која се оддава признание за иновативноста и креативноста на музичарите во различни жанрови. Во април 2018 година, групата била номинирана за 11 Билбордови музички награди.[9]

Imagine Dragons имаат продадено преку 74 милиони албуми и 65 милиони дигитални песни ширум светот, со што се меѓу музичарите со најголема продажба во светот.[10] Тие исто така имаат вкупно 160 милијарди стримови низ музичките платформи.[10] Тие биле најстримувана група во 2018 година на Spotify, [11] прв рок-изведувач кој имал четири песни („Radioactive“, „Demons“, „Believer“ и „Thunder“) со над една милијарда стримови, [12] и единствена група во историјата на RIAA која има четири песни повисок сертификат од Diamond.[13] Според Билборд, „Believer“, „Thunder“ и „Radioactive“ биле трите најуспешни рок-песни во 2010-тите.[14]

Историја

[уреди | уреди извор]

2008–2011: Почетоци

[уреди | уреди извор]

Во 2008 година, додека студирал на Универзитетот Бригам Јангпејачот Ден Рејнолдс се запознал со тапанарот Ендрју Толман.[15] Рејнолдс и Толман ги ангаширале Ендрју Бек, Дејв Лемке и Аурора Флоренс да свират гитара, бас и пијано, соодветно, за нивната група. Името на групата е анаграм од фраза која била позната само на членовите на групата.[16] Квинтетот снимил демо-снимки и истата година ги поставиле на Мајспејс. Бек и Флоренс ја напуштиле групата подоцна истата година. Во 2009 година, Толман за гитарист го ангажирал неговиот средношколски другар Вејн Сермон, кој дипломирал на музичкиот колеџ Беркли. Толман подоцна во групата ја повикал неговата сопруга, Британи Толман, како пратечки вокал и да свири клавиши, а групата повторно почнала со свирки. Лемке ја напуштил групата, а Сермон ангажирал уште еден студент по музика од Беркли, Бен Меки, за да ѝ се придружи на групата како басист и да го комплетира составот.[17] [18] Групата сотекнала многу обожаватели во нивниот роден град Прово во Јута, пред членовите да се преселат во Лас Вегас, родниот град на Ден Рејнолдс, каде што групата ги снимила и издала првите три EP-а.[19]

На 1 септември 2009 година групата го издала истоименото EP Imagine Dragons, а на 10 март 2010 година го издале Hell and Silence; двете ЕР-а биле снимени во Battle Born Studios во Лас Вегас.[20] [21] [22] Шест месеци по објавувањето на нивното трето EP, It's Time, на 12 март 2011 година, на 18 ноември 2011 година тие потпишале договор за снимање со Interscope Records.[23]

Групата првиот поголем пробив на музчката сцена го направиле откако фронтменот на Train, Пет Монахан, се разболел непосредно пред фестивалот „Bite of Las Vegas“ во 2009 година. Imagine Dragons биле повикани да го пополнат испразнетото место и настапиле пред публика од ппреку 26.000 луѓе.[24] Дополнителна популарност добиле со неколкуте месни признанија, како: „Најдобро ЦД за 2011“ (Vegas SEVEN),[25] „Најдобра локална инди група за 2010“ (Las Vegas Weekly), [26] „Најнов изведувач од Лас Вегас што мора де види во живо“ (Las Vegas CityLife), [27] Вегас Music Summit Headliner 2010 и многу други. Толманови ја напуштиле групата. Тапанарот Даниел Плацман и клавијатуристката Тереза Фламинио биле ангажирани од МекКи во август 2011 година. [28] Во ноември 2011 година, тие потпишале договор со Interscope Records и почнале да работат со англискиот продуцент, добитник на Греми награди, Алекс да Кид.[29] Фламинио ја напуштила групата речиси истовремено кога групата потпишувала со Interscope, а групата станала квартет.

2012–2014: Албум Night Visions

[уреди | уреди извор]

На 14 февруари 2012 година групата дигитално објавила ЕР под наслов Continued Silence. Групата, исто така, објавила ЕР под наслов Hear Me во 2012 година.

Набргу потоа, бил објавен синглот „It's Time“ кој се искачил на 15-то место на Billboard Hot 100.[30] Спотот за песната дебитирал на MTV на 17 април 2012 година и подоцна бил номиниран на МТВ Видео Музички Награди во категоријата „Најдобро рок-видео“.[31] „It's Time“ бил сертифициран за седумкратно платинест сингл од RIAA.[32]

Првиот албум на групата, Night Visions, бил издаден во САД на 4 септември 2012 година. Се искачил на второ место на Билборд 200 топ-листата со продадени над 83.000 копии во првата недела, што е највисоко место на топ-листата за дебитантски рок-албум од 2006 година.[33] Албумот, исто така, се искачил на прво место на Билбордовите топ-листи за алтернативна и рок-музика, како и во топ-10 на топ-листите во: Австралија, Австрија, Канада, Холандија, Германија, Ирска, Норвешка, Португалија, Шкотска, Шпанија и Обединетото Кралство. Добитник е на Билбордова музичка награда за „Најдобар рок-албум“ и бил номиниран за Џуно награда за „Меѓународен албум на годината“.[34] Night Visions е сертифициран како платинест во САД, Австралија, Австрија, Бразил, Канада, Мексико, Нов Зеланд, Полска, Португалија, Шведска, Швајцарија и ОК. Три песни од албумот се пласирале на Билборд Топ 40, четири песни во ARIA Топ 40, и пет песни на топ 40 во ОК.

Групата на турнејата Night Visions во 2013 година.

Вториот сингл од албумот „Radioactive“ се искачил на прво место на: Билбордовата топ-листа за алтернативни песни, Билбордовата топ-листа за рок-песни и Шведската топ-листа за синглови. Во САД бил продаден во повеќе од 14 милиони примероци, со што е меѓу трите дигитално најпродавани песни досега.[35] Исто така, го соборил рекордот за песна која најдолго се задржала на Billboard Hot 100, со поминати 87 недели на листата пред да биде соборена од „Blinding Lights“ од The Weeknd во 2021 година.[36] „Radioactive“ останала на прво место на топ-листата „Hot Rock Songs“ рекордни 23 недели и на крајот станал најголемиот рок-хит за 2013 година.[37] Синглот се искачил на трето место, со што станал нивен прв сингл во топ-десет во САД и го соборил рекордот за песна која најдолго се задржала во топ-5 на листата. Ова е најпродаваната рок-песна на листата на Nielsen SoundScan кој изработува листа од најпродавани рок-песни во дигиталната историја.[38] До крајот на 2013 година, „Radioactive“ веќе бил продаден во над три милиони примероци. Ролинг Стоун ja прогласил за „рок-хит на годината“. Ова било и најстримувана песна во 2013 година на Spotify во САД. [39] Во 2014 година, синглот бил номиниран за „Греми награда за запис на годината“ и за „Греми награда за најдобра рок изведба“; ја освоил наградата за „Најдобра рок изведба“.

Третиот сингл „Demons“ стигнал до прво место на Билбордовата топ-листа за поп-песни, се искачил на 6-то место на Billboard Hot 100 и таму се задржал 61 недела. [32] [40] Во 2021 година, RIAA објавила дека песната станала трета песна на групата со дијамантски тираж во САД. [35] Четвртиот сингл „On Top Of The World“ стигнала до 79-то место на Billboard Hot 100.[35] Билборд ја именувал групата за една од „Најсветлите нови ѕвезди во 2012 година“, а подоцна и „Група во подем за 2013“.[41] Imagine Dragons освоиле награди на Билбордовите музички награди во 2014 година во категориите: „Најдобро дуо или група“, „Најдобри Hot100 изведувачи“ и „Најдобар рок-изведувач“. Amazon.com ја прогласил групата за нивен „Омилен рок-изведувач за 2012 година“.[42]

Во 2013 година, Imagine Dragons биле на турнеја низ Европа и Северна Америка.[43] Групата издала албум во живо, Live at Independent Records, во април 2013 година.[44]

2014–2016: Smoke + Mirrors

[уреди | уреди извор]
Imagine Dragons во Verizon Center, Вашингтон, на турнејата Smoke + Mirrors во јули 2015 година.

Пред објавувањето на албумот, Imagine Dragons објавиле многу синглови за други проекти, како песна за филмот Трансформери: Доба на изумирање (Transformers: Age of Extinction), под наслов „Battle Cry“ (јуни 2014) и песната „Wariors“ за Светското првенство во Лигата на легендите (септември 2014 година). [45]

На 27 октомври 2014 година, Imagine Dragons го објавиле водечкиот сингл од претстојниот албум „I Bet My Life“. [46] На 16 декември, групата го најавила вториот албум Smoke + Mirrors, а истовремено го објавиле и вториот сингл од албумот „Gold“. „Shots“ бил издаден како трет сингл од албумот на 26 јануари 2015 година.

Smoke + Mirrors бил објавен на 17 февруари 2015 година. Албумот дебитирал на врвот на Билборд 200, со што станал прв албум од групата кој се искачил на прво место на таа топ-листа. На 3 јуни 2015 година, групата започнала светска турнеја за поддршка на албумот.

За време на турнејата, Imagine Dragons објавиле два неалбумски синглови. „Roots“ бил објавен на 26 август 2015 година, а „I Was Me“ на 12 октомври 2015 година, преку iTunes. Групата, исто така, објавила преработка на песната „I Love You All the Time“ од Eagles of Death Metal на 18 декември 2015 година, како поддршка на жртвите од нападите во Париз од ноември 2015 година. Турнејата Smoke + Mirrors завршила на 5 февруари 2016 година, во Амстердам. Групата го издала едновечерниот концертен филм Imagine Dragons In Concert: Smoke + Mirrors, премиерно изведен во кината на 2 март 2016 година, а подоцна бил издаден на ДВД и Блу-Реј.

По турнејата, групата планирала да направи пауза. Тие ги објавиле песните: „Not Today“ за саундтракот од филмот Додека не те стенав тебе (Me Before You) и „Sucker for Pain“ за саундтракот на Одредот на отпишаните (Suicide Squad) со Лил Вејн, Виз Калифа, Лоџик, Тај Дола Сајн и X Ambassadors во април и јуни, соодветно.

2016–2020: Evolve and Origins

[уреди | уреди извор]

На 1 февруари 2017 година, Imagine Dragons го објавиле „Believer“ како главен сингл за нивниот следен албум. На 27 април 2017 година, групата го објавила „Thunder“ како втор сингл од нивниот трет албум.[47] На 8 мај 2017 година, Imagine Dragons го објавиле нивниот трет студиски албум Evolve, како и новата песна „Whatever It Takes“, која била објавена истиот ден.[48] Истиот ден била најавена и турнеја за поддршка на албумот. Турнејата се одржала во 33 држави и траела од септември 2017 до септември 2018 година.

Албумот и синглот „Thunder“ добиле номинации за Греми награда за „Најдобар поп вокален албум“ и „Најдобра поп-изведба од дуо/група“, соодветно. „Whatever It Takes“ бил издаден како официјален сингл од албумот на 6 октомври 2017 година. [49] Песната освоила МТV Video награда за "Најдобро рок-видео“ во 2018 година. На 14 февруари 2018 година, Imagine Dragons на Твитер објавиле нов сингл под наслов „Next to Me“. Песната била објавена како дел од повторното издание на Evolve на 21 февруари 2018 година.[50] Во 2018 година, Imagine Dragons ги објавиле сингловите „Born to Be Yours“, „Natural“[51] и „Zero“.[52]

Четвртиот студиски албум, Origins, бил објавен на 9 ноември 2018 година. „Natural“ и „Zero“ биле водечки синглови од албумот, а „Born to Be Yours“ била вклучена во меѓународното луксузно издание на албумот. На 31 октомври 2018 година, Imagine Dragons го објавиле третиот сингл од албумот, „Machine“.[53] На 6 ноември 2018 година, Imagine Dragons го објавиле и четвртиот сингл од албумот, „Bad Liar“. [54] Origins дебитирал на второ место на топ-листата во САД, со што е нивни четврти топ-пет албум. Стигнал до топ-10 во повеќе земји, но добил мешани критики од критичарите.

На 20 јуни 2019 година, Imagine Dragons објавиле нова верзија од песната „Birds“, во која се појавува италијанската пејачка Елиса, како петти и последен сингл од Origins.[55] Во декември 2019 година, Рејнолдс објавил дека ќе направи пауза од продукцијата и пишувањето музика за да посвети повеќе време на неговото дете.[56]

2021–денес: Mercury – Acts 1 и 2

[уреди | уреди извор]

На 12 март 2021 година, Imagine Dragons објавиле два сингла, „Follow You“ и „Cutthroat“.[57] [58] На 29 јуни 2021 година, групата го објавила синглот „Wrecked“, а на 3 септември и нивниот петти студиски албум Mercury – Act 1.[58] Како и нивните претходни албуми, Mercury – Act 1 добил мешани критики. Дебитирал на деветто место во САД.

На 11 март 2022 година, групата објавила сингл под наслов „Bones“, кој бил водечки сингл од нивниот шести студиски албум Mercury – Act 2.[59] Вториот сингл, „Sharks“, бил објавен на 24 јуни 2022 година. Албумот со 18 песни бил издаден како дел од компилациски албум кој ги содржи двата Mercury албума.[60]

На 14 јули 2023 година, на Hulu бил објавен концертен филм под наслов Imagine Dragons: Live in Vegas. На гилмот е прикажан целиот концерт на групата одржан на 10 септември 2022 година во Лас Вегас. Албумот во живо од концертот бил издаден на 28 јули 2023 година.[61]

На 10 март 2024 година, групата почнала да дел од нови песни на нивните социјални медиуми. На 3 април ја објавиле песната „Eyes Closed"[62] која се очекува да биде водечки сингл од претстојниот седми студиски албум на групата.

Членови на групата

[уреди | уреди извор]

Сегашни членови

  • Ден Рејнолдс – пејач, гитари, пијано, клавијатури, удирачки инструменти (2008-денес)
  • Вејн Сермон – гитари, придружен вокал, мандолина, синтисајзери, виолина (2009–денес)
  • Бен Меки – бас, клавијатури, придружни вокали (2009–денес)
  • Даниел Плацман – тапани, ударни инструменти, придружни вокали, виола (2011–сега)

Поранешни членови

  • Ендрју Толман – тапани, удирачки инструменти, придружни вокали (2008–2011; турнеја 2023–денес  )
  • Ендрју Бек – гитари, придружни вокали (2008–2009)
  • Аурора Флоренс – клавијатури, придружни вокали (2008–2009)
  • Дејв Лемке – бас, придружен вокал (2008–2009)
  • Британи Толман – клавијатури, придружни вокали (2009–2011)
  • Тереза ​​Фламинио – клавијатури, придружни вокали (2011)

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Night Visions (2012)
  • Smoke + Mirrors (2015)
  • Evolve (2017)
  • Origins (2018)
  • Mercury – Act 1 (2021)
  • Mercury – Acts 1 & 2 (2022)
  • Loom (2024)
  1. 1,0 1,1 „About: Imagine Dragons“. imaginedragonsmusic.com. March 11, 2015. Архивирано од изворникот на April 22, 2016. Посетено на August 31, 2016.
  2. Празен навод (help)
  3. Празен навод (help)
  4. „The Weeknd scores longest-running hit in US chart history“. the Guardian (англиски). 2021-08-17. Архивирано од изворникот на August 17, 2021. Посетено на 2021-08-17.
  5. „Imagine Dragons Slept Through Their Grammy Nominations“. MTV News. Архивирано од изворникот на March 14, 2016. Посетено на October 25, 2021.
  6. Празен навод (help)
  7. Празен навод (help)
  8. „The Year In Rock Charts: Imagine Dragons, Portugal. The Man & Metallica Reign“. Billboard.com. December 11, 2017. Архивирано од изворникот на December 12, 2017. Посетено на December 12, 2017.
  9. „Billboard Music Awards 2018 Nominations: See the Full List“. Billboard.com. Архивирано од изворникот на January 18, 2019. Посетено на April 17, 2018.
  10. 10,0 10,1 „Imagine Dragons Sign Global Publishing Deal with Warner Chappell Music“. Warner Music Group (англиски). 2023-07-26. Архивирано од изворникот на August 3, 2023. Посетено на 2023-08-03.
  11. „The Top Songs, Artists, Playlists, and Podcasts of 2018“. Spotify (англиски). 2018-12-04. Архивирано од изворникот на December 1, 2021. Посетено на 2019-10-27.
  12. McIntyre, Hugh. „Imagine Dragons Are The First Rock Act To Manage This Major Feat On Spotify“. Forbes (англиски). Архивирано од изворникот на May 3, 2019. Посетено на 2019-10-27.
  13. „Gold & Platinum“. RIAA (англиски). Архивирано од изворникот на February 9, 2019. Посетено на 2023-05-03.
  14. Празен навод (help)
  15. „Born in Utah, Imagine Dragons is coming home“. Архивирано од изворникот на October 22, 2016.
  16. "Imagine Dragons: The Billboard Cover Story" Архивирано на {{{2}}}.. Billboard, December 7, 2013 by Ray Waddell
  17. Sculley, Alan (March 15, 2013). „Imagine Dragons slowly take flight“. The Columbian. Архивирано од изворникот на July 2, 2013. Посетено на April 29, 2013.
  18. Burger, David (March 20, 2013). „Born in Utah, Imagine Dragons is coming home“. The Salt Lake Tribune. Архивирано од изворникот на October 22, 2016. Посетено на July 27, 2013.
  19. Bracelin, Jason (February 8, 2013). „Sudden success keeping Imagine Dragons busy“. Las Vegas Review-Journal. Архивирано од изворникот на May 29, 2013. Посетено на April 29, 2013.
  20. "Imagine Dragons gets a Bite of the spotlight" by Off the Record“. Las Vegas Weekly. Архивирано од изворникот на October 25, 2009. Посетено на October 22, 2011.
  21. Clark, Cody (June 12, 2009). „Kelly Clarkson rocks UVUphoria, Summerfest crowd“. Heraldextra.com. Архивирано од изворникот на July 16, 2009. Посетено на October 22, 2011.
  22. „Fans welcome back Imagine Dragons | Universe2.byu.edu“. Universe.byu.edu. August 30, 2009. Архивирано од изворникот на July 31, 2013. Посетено на October 22, 2011.
  23. „Local band, 'Imagine Dragons' signs with Interscope Records“. Ksl.com. January 23, 2012. Архивирано од изворникот на October 10, 2013. Посетено на February 11, 2013.
  24. "Imagine Dragons gets a Bite of the spotlight" by Off the Record“. Las Vegas Weekly. Архивирано од изворникот на October 25, 2009. Посетено на July 26, 2012.
  25. „Vegas Seven 07-28-2011“. Digitaleditiononline.com. July 28, 2011. Архивирано од изворникот на June 16, 2018. Посетено на July 26, 2012.
  26. „2010 Vegas' Best Arts & Entertainment winners“. Las Vegas Weekly. Архивирано од изворникот на June 17, 2018. Посетено на July 26, 2012.
  27. „Las Vegas CityLife“. Las Vegas CityLife. July 2, 2009. Архивирано од изворникот на January 27, 2013. Посетено на July 26, 2012.
  28. „The story behind the scorching hot Imagine Dragons“. Courier-tribune.com. Архивирано од изворникот на August 15, 2016. Посетено на June 23, 2017.
  29. „Imagine Dragons scores major-label deal :: CityBlog :: Las Vegas CityLife Blogs“. Web.archive.com. April 25, 2012. Архивирано од изворникот на April 25, 2012. Посетено на June 23, 2017.
  30. „Imagine Dragons Enjoy Longest Run in Alternative Top 10“. AllAccess.com. November 13, 2012. Архивирано од изворникот на September 28, 2013. Посетено на February 11, 2013.
  31. „MTV PUSH Artist of the Week: Imagine Dragons“. MTV. April 16, 2012. Архивирано од изворникот на February 1, 2016. Посетено на February 11, 2013.
  32. 32,0 32,1 Grein, Paul (January 29, 2014). „Chart Watch: Katy Perry Ties Rihanna's Record“. Yahoo! Music. Архивирано од изворникот на August 6, 2018. Посетено на August 14, 2014. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „music.yahoo.com“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  33. Kaufman, Gil (September 12, 2012). „Imagine Dragons Blaze Into No. 2 Spot on Billboard Chart — Music, Celebrity, Artist News“. MTV.com. Архивирано од изворникот на November 30, 2014. Посетено на February 11, 2013.
  34. „Z-ROCK 103 – Lexington's Pure Rock – Imagine Dragons, Arcade Fire Receive Juno Award Nominations [From ABC News]“. Архивирано од изворникот на March 8, 2014. Посетено на May 1, 2017.
  35. 35,0 35,1 35,2 „Gold & Platinum“. RIAA (англиски). Архивирано од изворникот на February 9, 2019. Посетено на 2021-10-03. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Gold & Platinum“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  36. „The Weeknd's 'Blinding Lights' Spends Record-Breaking 88th Week on Billboard Hot 100“. www.billboard.com (англиски). 2021-08-16. Архивирано од изворникот на August 22, 2021. Посетено на 2021-10-03.
  37. Lipshutz, Jason. "Record Of The Year". Billboard 125.50 (Jan. 2014): 20. Print.
  38. Grein, Paul (January 2, 2014). „Week Ending Jan. 2, 2014. Can You Believe "Don't Stop Believin'" Loses Spot as Best-Selling Rock Song?; Chart Watch – Yahoo Music“. Music.yahoo.com. Архивирано од изворникот на January 4, 2014. Посетено на January 24, 2014.
  39. Korina Lopez, USA TODAY (December 14, 2013). „Spotify reveals 2013's most-streamed artists“. Usatoday.com. Архивирано од изворникот на February 23, 2014. Посетено на August 14, 2014.
  40. Празен навод (help)
  41. Празен навод (help)
  42. „Amazon | Best of 2012“. Promo.interscope.com. Архивирано од изворникот на October 4, 2013. Посетено на February 11, 2013.
  43. „Imagine Dragons Tickets | Imagine Dragons Tour Dates & Concerts“. Livenation.co.uk. Архивирано од изворникот на July 1, 2018. Посетено на February 11, 2013.
  44. Willman, Chris (April 18, 2013). „Record Store Day's Most Covetable Finds: Mumford, Dylan, Black Keys, GZA, Imagine Dragons & More“. Архивирано од изворникот на November 4, 2013. Посетено на October 28, 2013.
  45. „Imagine Dragons teams with 'League of Legends' for $2.3m tournament“. Yahoo News Singapore. September 19, 2014. Архивирано од изворникот на March 5, 2016. Посетено на October 19, 2014.
  46. „Imagine Dragons on Twitter“. Twitter. Архивирано од изворникот на September 17, 2015. Посетено на October 25, 2014.
  47. „Imagine Dragons Debut New Song 'Thunder'. Архивирано од изворникот на May 1, 2017. Посетено на August 30, 2017.
  48. Imagine Dragons [@Imaginedragons] (May 8, 2017). „ƎE our new album EVOLVE is NOW AVAILABLE FOR PRE-ORDER, and our new song "Whatever it Takes" is OUT NOW“ (Tweet). Посетено на June 23, 2017 – преку Twitter.
  49. „BBC Radio 1 Playlist“. BBC. Архивирано од изворникот на July 26, 2017. Посетено на February 14, 2018.
  50. Imagine Dragons [@Imaginedragons] (February 14, 2018). „2/21 the evolution begins“ (Tweet) – преку Twitter.
  51. Imagine Dragons (@Imaginedragons) (July 12, 2018). „NATURAL 7/17“. Twitter. Архивирано од изворникот на May 20, 2019. Посетено на October 4, 2018.
  52. Imagine Dragons (@Imaginedragons) (September 18, 2018). „***NEW SONG COMING*** hear it TOMORROW as the @ZaneLowe World Record @Beats1. 9:00 AM LA / 12:00 PM NYC / 5:00 PM LDN apple.co/Beats1TuneIn“. Twitter. Архивирано од изворникот на May 20, 2019. Посетено на October 4, 2018.
  53. @Imaginedragons (October 30, 2018). „new music coming...“ (Tweet) – преку Twitter.
  54. „Bad Liar TOMORROW on Spotify“. Twitter. Посетено на November 5, 2018.
  55. Празен навод (help)
  56. Garvey, Marianne (2019-12-16). „Imagine Dragons frontman Dan Reynolds is taking a break focus on fatherhood“. CNN Digital (англиски). Архивирано од изворникот на August 27, 2021. Посетено на 2021-01-17.
  57. Rosenbaum, Marty (March 8, 2021). „Imagine Dragons will be dropping two brand new songs this Friday“. Radio.com. Архивирано од изворникот на March 8, 2021. Посетено на March 8, 2021.
  58. 58,0 58,1 Schube, Will (June 30, 2021). „Imagine Dragons Announce Highly Anticipated New Album, 'Mercury: Act I'. U Discover Music. Архивирано од изворникот на June 30, 2021. Посетено на June 30, 2021.
  59. Празен навод (help)
  60. „Mercury - Acts 1 & 2 (2CD)“. Imagine Dragons Official Store (англиски). Архивирано од изворникот на April 6, 2022. Посетено на 2022-04-06.
  61. „Imagine Dragons Live in Vegas. the live album. out this friday. #ImagineDragonsLiveinVegas“. Посетено на July 24, 2023.
  62. „Imagine Dragons on X“. Twitter. April 1, 2024. Посетено на April 2, 2024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]