Напади во Париз од ноември 2015

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мапа на нападите во Париз

Вечерта на 13 ноември 2015 година, се случија серија на координирани терористички напади, кои вклучуваа пукање, самоубиствени бомбашки напади и задржување на заложници, во Париз, Франција и во северното предградие Сен Дени. Нападите започнале во 21:16  по Средноевропско време.[1] Шест масовни пукања се случиле во централниот дел од Париз, и три самоубиствени бомбашки напади блиску до стадионот Стад де Франс.[1][2] Најголем број жртви имало во нападот на концертната сала Батаклан (Le Bataclan), каде напаѓачите зеле заложници. Исламската држава (ИСИЛ) ја презеде одговорноста за овие напади.[3][4][5]

Ден после нападот, францускиот претседател Франсоа Оланд прогласи вонредна состојба, што е прва после немирите од 2005 година.[6] Најмалку 129 се смртно повредени, од кои 89 лица се погинати на рок концертот, а останатите на другите локации во Париз. Околу 350 лица се повредени, од кои 99 се во критична состојба.[7][8][9][10][11][12] Во знак на солидарност и поддршка, голем број земји прогласија ден на жалост, и ги обоија зградите во боите на француското знаме, а на социјалните мрежи парижани нудеа засолниште на Твитер, со хаштаг #PorteOuverte („#ОтворенаВрата“), додека Фејсбук на своите корисници им понуди транспарентна слика со боите на француското знаме.

Напади[уреди | уреди извор]

Стад де Франс[уреди | уреди извор]

Првата експлозија одекнала околу 21:23, а потоа уште две во наредните десетина минути недалеку од националната арена Стад де Франс, додека траел пријателски натпревар меѓу француската и германската фудбалска репрезентација.[13] Најмалку четири лица погинале, од кои двајца атентатори. Претседателот на Франција Франсоа Оланд, присуствувал на натпреварот, и е одведен на сигурно, неповреден.

Le Petit Cambodge и Le Carillon[уреди | уреди извор]

Речиси во исто време со експлозиите на Стад де Франс, едно лице отворил оган од автоматско оружје, од автомобил во движење, пукајќи на гостите кои седеле пред рестораните Le Carillon и le Petit Cambodge. Најмалку 14 лица погинале, а 10 се тешко повредени.[14]

Концертаната сала Батаклан[уреди | уреди извор]

Концертната сала „Батаклан“, 2009 година

Набрзо по пукањето пред рестораните, четири лица отвориле оган во полната концертна сала „Батаклан“, каде се одржувал концерт на амеркинаската група Иглс оф дед метал (Eagles of Death Metal). Најмалку 80 лица се убиени, а голем број се повредени. Атентаторите останале во салата, и ги зеле за заложници преживеаните. Во 00:25, специјалните сили упаднале во концертната сала, и ги ослободиле заложниците. Еден атентатор е убиен, а останатите тројца се самоубиле.[15]

Останати улични напади[уреди | уреди извор]

Во 21:45, околу 15 минути после нападот на Батаклан, атентаторите отвориле оган врз Мек Доналдс, каде погинале петмина, а осум се тешко ранети. Девет минути по овој напад, отворен е оган и врз гостите кои седеле пред ресторанот La Belle Équipe. Во овој напад погинале 19 лица, а 14 се тешко повредени.[11][16][16]

Последици[уреди | уреди извор]

Најмалку 129 лица се убиени, а 352 се поредени, од кои 99 се во критична состојба. Меѓу убиените е Хрват од Белгија,[17] како и двајца Романци, еден Германец, двајца Американци, еден Италијанец, а еден австриски граѓанин е повреден.[18][19][20]

Парискиот јавен обвинител Франсоа Молин изјавил дека седуммина од напаѓачите се мртви и дека сè уште се трага по оние што пукале врз гостите од рестораните.[21] Франција ги затвори границите и прогласи вонредна состојба.[22]

По нападите, бројни згради низ светот беа обоени во светла со боите на француското знаме, меѓу кои и: Сиднејската опера, Си-Ен кулата во центарот на Торонто, Сенатот во Мексико, Националната галерија во Лондон, како и зградата во Скопје каде се сместени Археолошкиот музеј, Државниот архив и Уставниот суд.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Soudain, l'une des bombes explose en plein match“ (на fr). http://www.20min.ch/ro/news/monde/story/Soudain--l-une-des-bombes-explose-en-plein-match-27994743. конс. 14 ноември 2015 г. „On entend clairement, sur cette vidéo, la détonation de 21h16“ 
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Nossiter_2015.
  3. ISIS claims responsibility of Paris attacks“, CNN (конс. 14 ноември 2015 г).
  4. „L'organisation État islamique revendique les attentats de Paris“ (на french). France 24. 14 ноември 2015. http://www.france24.com/fr/urgent/20151114-lorganisation-etat-islamique-revendique-attentats-paris. 
  5. „ISLAMIC STATE RELEASES OFFICIAL STATEMENT: 'WE DID IT AND PARIS IS JUST THE START OF A STORM'“. DiscloseTv. 14 ноември 2015. http://www.disclose.tv/news/islamic_state_releases_official_statement_we_did_it_and_paris_is_just_the_start_of_a_storm/124426. 
  6. Paris Attacks Were an 'Act of War' by ISIS, Hollande Says“, 14 ноември 2015 (конс. 14 ноември 2015 г).
  7. Paris attacks latest“ (конс. 15 ноември 2015 г).
  8. Paris attacks: Police seek 'dangerous' Salah Abdeslam“, 16 ноември 2015 (конс. 16 ноември 2015 г).
  9. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име BBCNewsLive.
  10. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име GuardNov15.
  11. 11,0 11,1 Paris shootings: Casualties in city centre and explosion at the Stade de France“, BBC News, 13 ноември 2015 (конс. 13 ноември 2015 г).
  12. „Paris shootings and explosions near the Stade de France kill 18“. BBC News. 13 ноември 2015. http://www.bbc.com/news/world-europe-34814203. конс. 13 ноември 2015 г. 
  13. http://derbi.mk/teroristichki-napad-pred-stad-de-frans-najmalku-100-mrtvi-vo-pariz-video/
  14. Stanglin, Doug (13 ноември 2015). „At least 46 dead in attacks in central Paris“. http://www.usatoday.com/story/news/world/2015/11/13/multiple-deaths-reported-after-shootings-explosions-paris/75727746/. конс. 13 ноември 2015 г. 
  15. http://telma.com.mk/vesti/povekje-od-100-mrtvi-vo-koncertna-sala-vo-pariz
  16. 16,0 16,1 „Paris attacks: What we know“. BBC News. http://www.bbc.com/news/world-europe-34818994. 
  17. http://www.blic.rs/Vesti/Svet/606413/POGINUO-U-NAPADU-Covek-poreklom-iz-Hrvatske-nastradao-u-Parizu
  18. http://www.blic.rs/Vesti/Svet/606264/NAPAD-U-PARIZU-Medju-povredjenima-u-Parizu-i-jedan-Austrijanac
  19. „Ein Deutscher bei Attentaten von Paris getötet“. http://www.welt.de/incoming/article148859443/Ein-Deutscher-bei-Attentaten-von-Paris-getoetet.html. 
  20. Agnese Ananasso. „Strage Parigi, i parenti: Valeria Solesin tra le vittime del teatro Bataclan“. http://www.repubblica.it/esteri/2015/11/15/news/valeria_solesin_attentato_bataclan-127399230/. 
  21. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име GuardNov15_2.
  22. http://mkd-news.com/potvrdeni-7-teroristichki-napadi-nad-150-mrtvi-politsiski-chas-vo-pariz/