Тодор Кондев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тодор Кондев
Роден 20 март 1903
Кратово, Косовски Вилает, Османлиска Империја
Починал 1978 (на 74–75 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Занимање географ

Тодор Кондев (Кратово, 1903 – Скопје, 1978) ― македонски-југословенски географ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тодор Кондев е роден на 20 март 1903 година во Кратово. Основно образование завршил во Кратово, а гимназија во Штип и Куманово. Студирал од 1922-1926 година на Катедрата за географија на Филозофскиот факултет во Скопје. Потоа бил професор по географија во Куршумлија, Прокупље и други места. Во 1928 година, бил професор во Државната трговска академија во Битола, бил на служба во Суботица, Нови Сад и Белград. По Втората светска војна бил директор на Економскиот техникум во Скопје. Како искусен стручњак (од повеќе претходни работни места), во 1953 година бил поканет за предавач на Катедрата за географија на Филозофскиот факултет во Скопје. Докторирал во 1958 година во областа на економската географија на темата „Осоговија – антропогеографска-стопанска студија”. Главни научни занимања му биле економската географија, населението и населбите. Во периодот 1953-1957 година, бил претседател на Македонското географско друштво. Бил на повеќе раководни положби на Институтот за географија и еднаш продекан на ПМФ. На Институтот за географија при ПМФ останал до своето пензионирање. Починал во 1978 година во Скопје.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла по повод 70 години Македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 29-30. ISBN 978-608-65155-5-3. line feed character во |title= во положба 60 (help); |access-date= бара |url= (help)