Никола Панов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Панов
Роден 17 август 1952(1952-08-17)(71 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Занимање Географ

Никола Панов (роден 17 август 1952 година во Скопје) ― македонски географ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Никола Панов е роден на 17 август 1952 година во Скопје. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Географскиот факултет во Скопје во 1978 година, а магистрирал во 1998 година на Географскиот факултет на ПМФ во Белград, на насоката за туризам, а докторирал во 1994 година, на Институтот за географија при ПМФ во Скопје на темата „Комплексни проучувања на резиденцијалниот туризам во Република Македонија”. Неколку години работел во Туристичката агенција „Паластурист“, а во 1983 година, се вработил на Географскиот факултет во Скопје. Предмет на истражувања му е туристичката географија. Главно изведува настава од областа на туризмологијата. Автор или соавтор е на повеќе универзитетски учебници, наменети за студентите на Институтот за географија и учебници за основно и средно образование. Има објавено околу 60 научни и стручни трудови во списанија и зборници од симпозиуми и конгреси. Раководел и учествувал во неколку научно-истражувачки проекти. Бил на повеќе функции како државен секретар во Министерството за животна средина, продекан на ПМФ и други позиции. Има добиено повеќе награди и признанија, а најзначајна е Наградата „Св. Кирил и Методиј” која ја доделува УКИМ.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла по повод 70 години Македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 44-45. ISBN 978-608-65155-5-3. line feed character во |title= во положба 60 (help); |access-date= бара |url= (help)