Александар Стојмилов
Александар Стојмилов | ||
Роден | 18 јануари 1941 Бели, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Занимање | туризмолог, географ |
Александар Стојмилов (Бели, 18 јануари 1941) ― македонски географ.
Живот и дејност
[уреди | уреди извор]Основното и средното образование завршил во Кочани. Студирал на Институтот за географија при ПМФ од 1959-1963 година. Магистрирал на Географскиот факултет при Белградскиот универзитет во 1967 година, на насоката Туризам. Во меѓувреме работел како професор во Економското училиште во Кочани и бил вработен во Катлановска Бања. Универзитетската кариера ја започнал во учебната 1968/69 година, кога е избран за асистент на Институтот за географија на ПМФ во Скопје. Во 1971 година, е избран за предавач по предметот Основи на географијата. Докторирал на тема „Туристички вредности на македонските планини” во 1974 година. Во 1975 година, е избран за доцент по предметите Основи на географијата и Посебна стопанска географија, во 1980 година, во вонреден, а во 1985 година, во редовен професор. Главно работел во областа на туризмот и терциерните дејности. Остварувал студиски посети во Краков, Вороњеж, Софија, Малага, Братислава и други места. Учествувал во изработката на два просторни планови на Македонија и во изготвувањето на 12 просторни планови за одделни општини во Македонија. Има објавено над 200 труда главно од областа на туристичката и стопанската географија на Македонија, неколку учебници за средно образование и 6 учебници за високо образование. Под негово менторство се одбранети 7 докторски дисертации и 16 магистерски трудови. Бил декан на ПМФ и проректор на УКИМ. Добитник е на повеќе признанија меѓу кои и Орден на трудот со златен венец.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Маркоски, Благоја (2019). Македонска географска мисла - 70 години македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 37. ISBN 978-608-65155-5-3.
|access-date=
бара|url=
(help)