Васил Граматниковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Васил Граматниковски
Роден 15 јануари 1934(1934-01-15)(90 г.)
Љубојно, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Занимање професор и географ

Васил Граматниковски (роден на 15 јануари 1934 г. во Љубојно) ― поранешен редовен професор на Институтот за географија при ПМФ.

Образование[уреди | уреди извор]

Основно образование завршил во Љубојно, а гимназија во Битола во 1956 година. Студирал на Институтот за географија при ПМФ од 1956-1960 година. Последипломски студии од областа на аграрната географија завршил на Филозофскиот факултет во Љубљана во 1968 година. Во 1974 година, докторирал на Географскиот институт на ПМФ во Скопје, на темата „Природно географските и социоекономските процеси во Преспанската Котлина како фактори што го условуваат идниот стопански развиток на котлината”.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 1962 година, тој бил избран за асистент на Географскиот институт на ПМФ во Скопје. Потоа, бил предавач по предмети од стопанската географија. Во 1975 година, бил избран со звањето доцент, додека во 1980 година станал вонреден професор. Во 1985 година, Граматниковски бил унапреден како редовен професор по предметот општа стопанска географија. Во контекст на стручно усовршување на стопанската географија претстојувал во Варшава, Минхен, Љубљана. Бил шеф на Географскиот институт.[1]

Трудови и награди[уреди | уреди извор]

Има објавено 74 труда. Има добиено Орден на трудот со златен венец.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла по повод 70 години Македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 36. ISBN 978-608-65155-5-3. line feed character во |title= во положба 60 (help); |access-date= бара |url= (help)