Прејди на содржината

Димитар Јаранов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Јаранов
Роден 18 октомври 1909
Солун, Солунски Вилает, Отоманско Царство
Починал август 14, 1962(1962-08-14) (возр. 52)
Залив Каваците, кај Созопол, НР Бугарија
Народност Македонец
Занимање Географ, геолог, геоморфолог

Димитар Јаранов (18 октомври 1909 во Солун - 14 август 1962 во Созопол) — бугарски географ,[1] геолог, и геоморфолог од македонска народност.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Основно и средно образование завршил во Софија. Географија дипломирал на Историско-филолошкиот факултет на Софискиот универзитет (1933). Истата година заминал на Хумболтовиот универзитет во Берлин, каде што ја одбранил докторската дисертација на темата „Јуротипниот релјеф на Алпите, Средна Европа и Стара Планина”, потоа заминал да специјализира физичка географија и геоморфологија на Сорбона во Париз. Во 1936 година, бил избран за доцент по физичка географија на Софискиот универзитет. Во Втората светска војна бил аташе за култура во Бугарската амбасада во Берлин. По војната бил отстранет од факултетот и му било забрането да објавува трудови во Бугарското географско друштво. Во 1947 година, на покана од македонската Влада во Скопје, бил назначен за раководител на Службата за хидроенергетски проучувања на Македонија. Во времето на Информбирото, се вратил во Бугарија, каде што работел како главен геолог во изградбата на големите брани. Учествувал во експедиции во Сахара, средоземноморскиот слив и Мала Азија. Објавил 72 научни и стручни трудови, главно од областа на геологијата, регионалната географија и картографијата. Бил многу активен во Македонскиот научен институт во Софија. Несреќно починал во заливот Каваците на Црно Море, на 14 август 1962 година.[2]

Научен труд

[уреди | уреди извор]

Во периодот пред и за време на Втората светска војна на територијата на Македонија (во нејзините етнички граници) вредни географски истражувања извршил проф. д-р Димитар Јаранов. Тој поседувајќи дипломатски пасош можел слободно да се движи по Македонската земја, забележувајќи ги фундаменталните географски карактеристики на територијата, така што успеал/е преку Македонскиот научен институт во Софија да напишат и издадат едно изворно географско дело под наслов „Македонија како природна и економска целина“ (наслов на оригиналот Македония като природно и стопанско цяло) издадено од страна на Македонскиот научен институт, Печатница „Художник“, Софија, 1945 (според лични сознанија и искази на проф. д-р Гиго Милески, вистинскиот автор на книгата бил д-р Димитар Јаранов, но заради општествените и политичките ситуации како издавач бил јавен наведениот институт, а според извори на проф. д-р Георги Балтаков за време на мисијата (мисијата е посебна операција организирана од страна на германските сили за научни истражувања и економска експлоатација на природни ресурси) проф. Д. Јаранов, вршел проучувања на просторот меѓу Струма и Вардар, доцент В. Бешешлиев меѓу Вардар и Лерин, а доцент Ив. Дујчев во Костурско и по долината на Бистрица).[2]   

Книгата се состои од два дела. Првиот дел во книгата е посветен на Македонските области како што се: Југозападна Македонија или областа на реката Бистрица, Беломорскиот дел на Македонија или Беломорските краишта, областа на реката Места, краиштата по средна Струма и Струмешница, вардарската област или средна северна Македонија и Северозападна Македонија. Во наведените области се издиференцирани сите карактеристични одделни регионални просторни целини кои и денес се фундамент на регионализацијата на територијата на Македонија.[2]

Вториот дел од книгата е посветен на описот на природните одлики со опис на релјефот на Македонија, климата, хидрографијата, почвите и природата на растителната покривка на просторот, потоа го обработува населувањето и развојот на населувачките односи во Македонија и на крајот го разработува македонското народно стопанство.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Јаранов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 635–636. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла по повод 70 години Македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 19-20. ISBN 978-608-65155-5-3. line feed character во |title= во положба 60 (help); |access-date= бара |url= (help)