Митко Поптрандовски
| Митко Поптрандовски | ||
| Роден | 7 август 1937 Косинец, Кралство Грција | |
|---|---|---|
| Починал | 1976 (на 38–39 г.) Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
| Занимање | Геолог | |
Митко Поптрандовски (Косинец, 7 август 1937 – Скопје, 1976) ― македонски-југословенски и геолог.
Живот и дејност
[уреди | уреди извор]Во 1948 година, за време на Граѓанската војна во Грција, како дете бегалец принудно заминал во Чехословачка каде завршил гимназија. Дипломирал во 1960 година, на Природно-математичкиот факултет на Масариковиот универзитет во Брно. Во меѓупериодот од 1960 до 1969 година, работел во Чехословачка во Заводот за геолошки истражувања во Брно, а потоа бил и раководител на Одделението за неметали при Геолошкиот институт во Прага. Во 1969 година, се вратил во Македонија и бил ангажиран како асистент по геологија на Географскиот институт при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во звањето доцент, бил унапреден во 1971 година. Починал во 1976 година.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Маркоски, Благоја (2019). Македонска географска мисла - 70 години македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 38. ISBN 978-608-65155-5-3.
|access-date=бара|url=(help)