Прејди на содржината

Часлав Стојадиновиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Часлав Стојадиновиќ
Роден 12 јануари 1904
Бела Црква, Кралство Србија
Починал 1986 (на 81–82 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Занимање геоморфолог

Часлав Стојадиновиќ (Бела Црква, 1904 – Скопје, 1986) — српски и југословенски геоморфолог.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден на 12 јануари 1904 година во Бела Црква, Кралство Србија. Завршил Филозофски факултет во Белград. За учебната 1929/30 година бил распореден на работа во битолската гимназија каде останал до 1941 година. За време на Втората светска војна во 1941-45 година, тој предавал во нишката гимназија. Во периодот од 1945-1949 година се преселил во Зрењанин, Војводина. Таму работел на проектот „ДунавТиса–Дунав“. Во учебната 1948/49 година. Дошол на Филозофскиот факултет во Скопје како предавач на Катедрата за географија по предметот геоморфологија. Овој предмет го предавал до пензионирањето во 1970 година. Стигнал до знањето вонреден професор. Во периодот 1957-1961 година, бил претседател на Македонското географско друштво. Умрел во 1986 година во Скопје.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Маркоски, Благоја (2019). Македонската географска мисла по повод 70 години Македонско географско друштво. Скопје: Македонско географско друштво. стр. 28. ISBN 978-608-65155-5-3. line feed character во |title= во положба 60 (help); |access-date= бара |url= (help)