Стрмашево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 13:41, 19 мај 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Правописна исправка, replaced: одалеч → оддалеч (2), Одалеч → Оддалеч)
Стрмашево

Селото Стрмашево во 1931 година

Стрмашево во рамките на Македонија
Стрмашево
Местоположба на Стрмашево во Македонија
Стрмашево на карта

Карта

Регион Предлошка:Грбови
Општина Демир Капија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 18010
Надм. вис. 892 м
Стрмашево на општинската карта

Атарот на Стрмашево во рамките на општината
Стрмашево на Ризницата

Стрмашево — село во Општина Демир Капија, во околината на градот Демир Капија.

Географија и местоположба

Стрмашево — село во општина Демир Капија. Оддалечено 4 км југозападно од Демир Капија. Соседни села се Барово, Драчевица, Крњево, Чемерско, и др.

Историја

Селото е старо по постанок, за што сведочат и некогашните стари родови во селото.

Стопанство

Демографија

Според пописот од 2002 година, селото било раселено.

Родови

Стрмашево било македонско село.

Според истражувањата од 1920титие, родови во селото биле:

  • Староседелци: Николовци (8 к.), Пешовци (7 к.), Галевци (1 к.), Камчевци (2 к.), Петкановци (2 к.), Трајановци (3 к.), Јовановци (1 к.), Аџијовци (2 к.), Степовци (1 к.), Митревци (3 к.), Геговци (3 к.),
  • Доселеници: Терзијовци (2 к.) потекнуваат од предокот дедо-Дино Вла кој дошол околу 1850 година од Крушево; Бојковци-Витановци (1 к.) доселени се на чифлик ви средината на XIX век од селото Конопиште; Ѓоргевци (1 к.) дошол дедо Ѓорге Вла од влашкото село Ливадија кај Воден околу средината на XIX век; Трајковци (2 к.) дошол Доне како домазет во Пешовци од селото Прждево кон средината на XIX век; Лесковци-Аврамовци (1 к.) се доселил дедо Костадин од селото Радња околу 1870 година, поддалечно потекло од селото Лесково во Меглен; Џолевци (2 к.) дошле синовите на Ѓорге од Бохула како домазети. Неде домазет во изумрените Павлевци доселен околу 1880 година, Јованче домазет во изумрените Грујовци околу 1900 година. Уште постаро потекло од некое село Пиперово во Арнаутлук; Ристовци (2 к.) се доселиле двајца братучеди од селото Горни Дисан. А таму кон крајот на XVIII век од селото Долни Дисан; Поповци (1 к.) доселени се во 1908 година од селото Радња. Поддалечно потекло од селото Корешница; Мрежички (1 к.) доселени се во 1910 година од селото Мрежичко; Ѓорговци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Бохула; Камбер (1 к.) тој бил Ром. Доселен околу 1920 година од Неготино.[2]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Стари иселеници се Будуровци, Аџијовци и уште 10 други семејства. Се иселиле во местото Кара Азмак. Од Терзијовци во 1914 година едно семејство се иселило во Аргентина.[2]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец.

Надворешни врски