Седес
Седес Θέρμη | |
---|---|
![]() Црквата „Св. Никола“ во Седес | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°32.86′N 23°01.21′E / 40.54767° СГШ; 23.02017° ИГДКоординати: 40°32.86′N 23°01.21′E / 40.54767° СГШ; 23.02017° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солун |
Општина | Седес |
Општ. единица | Седес |
Надм. вис. | 65 м |
Заедница | |
• Население | 16.004 |
• Површина (км2) | 23 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Седес (грчки: Θέρμη, Терми; до 1926 г. Σέδες, Седес[2]) — град во Солунско, Егејска Македонија, денес административен центар на општината Седес на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 16.004 жители (2011). Сè до Првата светска војна било населено исклучиво со македонско население.[3]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Градот се наоѓа во северозападниот дел на Халкидичкиот Полуостров, 5 км југоисточно от Солун. Западниот дел на градот излегува на Солунскиот Залив. Лежи на надморска височина од 65 м.[3]
Историја[уреди | уреди извор]

Османлиско време[уреди | уреди извор]
Кон крајот на XIX век Седес бил чифлиг во Солунската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г., Седице (Seditze) имало 35 домаќинства со вкупно 160 жители Македонци.[4][5]
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Седес имал 200 жители, сите Македонци[4] христијани.[6] Секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) наведува дека во 1905 г. в Седес (Sedés) имало 135 жители од грчка народност,[7] што е погрешно.
Според грчкиот просветар Димитриос Сарос во 1906 г. Седес (Σέδες) било словенојазично (македонојазично) село во Касандриската митрополија на патријаршијата со 65 жители. Во него работела грчката пропаганда со едно основно училиште со 4 ученици и 1 учител.[8]
Припојување кон Грција и доселување на Грци[уреди | уреди извор]
Со Букурешкиот договор во 1913 г. Седес е припоен кон грчката држава, кога имал 191 жител.[3] Потоа следувало постепено населување на грчки доселеници од Бугарија и Турција. Првите доселеници (60 семејства) се доведени уште во 1914 г. од Мандрица и Источна Тракија (Турио, Ќупли, Фенер и Цариград). Во 1924-25 г. пристигнале 73 семејства од Станимачко (претежно од Горен Воден), а во 1926 г. се доведени 64 семејства од Понд, 27 семејства от западна Мала Азија, 20 од Тракија и 4 од Кавказот. Со тоа, во 1930 г. населението се зголемило на 526 жители[3] и населбата добила прилично мешан карактер, при што Македонците станале малцинство во сопственото село. По 1920 г. дошле и неколку семејства Власи и Каракачани.
Во 1926 г. Седес е преименуван во Терми. Во 1928 г. селото е заведено како мешана населба со вкупно 1.156 жители, од кои дури 763 (181 семејства) биле дојденци.[9]
Доградби и припојување[уреди | уреди извор]
По Граѓанската војна 2 км југоисток од старата населба почнала да се гради нова наслелба, која го добила старото име Седес (старата претходно била преименувана во Терми). Во неа е преместено дел од населението на старта населба, така што во 1961 г. се заведени 1.034 жители, а во 1971 г. нивниот број опаднал на 828.[10] Ова се должи на созавањето на населбата 21 април (Икости Проти Априлиу), наречена во чест државниот удар на воената хунта, која добила статус на посебно место, со 493 жители. Почнувајќи од пописот во 1981 г. двете населби почнале да се бројат заедно. По соборувањето на хунтата, местото е припоено кон (новосоздадениот) Седес/Седес, па така во 1981 г. населбата 21 април, стариот и новиот Седес се бројат заедно.[11]
Население[уреди | уреди извор]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 3033 | 3038 | 1750 | 1909 | 3430 | 5156 | 11360 | 16004 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Градот припаѓа на општинската единица Седес со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Седес, во округот Солун. Воедно, градот е дел од општинскиот оддел Седес, каде спаѓа и селото Кајачали.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Основно занимање на населението е земјоделството. Главни производи се житото, грозјето и тутунот.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σέδες -- Θέρμη
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 340.
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 154-155.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 141.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 220-221.
- ↑ Παπαδόπουλος, Στ. Ι (1975). „Η κατάσταση της παιδείας το 1906 στην ύπαιθρο του Κάζα Θεσσαλονίκης: (Μια ανέκδοτη έκθεση του Δημητρίου Μ. Σάρρου)“ (PDF). Μακεδονικά (грчки). Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. XV (8): 136–137.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 321.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 340–341.
|