Руско-чешки односи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руско-чешки односи
Map indicating locations of Czech Republic and Russia

Чешка

Русија

Руско-чешките односи (руски: Российско-чешские отношения) се надворешни односи меѓу Чешка и Руската Федерација. Односите меѓу двете земји во текот на историјата е исполнета со голема соработка, главно поради словенскиот идентитет на двата народа како и со голема омраза и недоверба главно поради религиозни и политички причини.

Двете земји имаат заедничко словенско наследство, иако Русија е источнословенска земја а додека Чешка е западна. Кога односите помеѓу конкурентните православни и римокатолички цркви се влошиле, ова ги опфатило и двата народи бидејќи Чесите го примиле римокатолицизмот а Русите православието. протестантската реформација се случила во Чешка и двете земји немале блиски односи до 19 век.

Историја[уреди | уреди извор]

Во текот на 19 век, руската надворешна политика повремено зела став за поддршка словенските земји. Чесите често биле огорчени на владеењето на Хабсбуршката династија, па голем број на Чеси биле прогласени како предавници по надот на династијата. По будењето на националната свест меѓу Чесите, Русија како непријател на Австроунгарија се јавила како спасител на Чешка. Но во исто време кај Чесите немало голема доверба главно поради религиозните разлики.

По крајот на Првата светска војна била формирена Чехословачка а Русија станала водечка држава во новиот Советски Сојуз. По крајот на Втората светска војна, земјата паднала под влијание на СССР и во неа бил воведен комунизам. Така следувал период на подобрување на односите кое траело до 1968 година кога се случила Прашката пролет и инвазијата на земјите од Варшавскиот пакт во Чехословачка. По инвазијата во земјата била воспоставена повторно власт под директива на Москва. Овие односи продолжиле до распаѓањето на СССР и Чехословачка. Подоцна Чешка се приклучила кон НАТО и ЕУ.

Денеска, односите меѓу двете земји се во добра насока. Во текот на најновата историја на двете земји биле потпишани голем број на договори.

Чешка има своја амбасада во Москва и конзулат во Санкт Петербург и Екатеринбург додека пак Руската Федерација има своја амбасада во Прага и конзулати во Брно и Карлови Вари.

Двете земји се полноправни членки на Советот на Европа и Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

На 7 декември 2011 година, рускиот претседател Димитриј Медведев ја посетил Прага.