Руско-белгиски односи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Руско-белгиски односи
Map indicating locations of Belgium and Russia

Белгија

Русија

Руско-белгиските односи се надворешни билатерални односи меѓу Белгија и Руската Федерација. Русија има амбасада во Брисел и генерален конзулат во Антверпен, додека Белгија има амбасада во Москва и генерален конзулат во Санкт Петербург.

Двете земји се полноправни членки на Советот на Европа и Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Историја[уреди | уреди извор]

Путин во Белгија во 2001 година

Првите контакти меѓу Белгија и Русија започнале во почетокот на 18 век кога Петар Велики ја посетил Јужна Холандија во 1717 година. Меѓу градовите што биле посетени се Брисел, Ахен и Спа[1]. Дипломатски односи биле воспоставени помеѓу Белгија и Руската империја во 1853 година[2] кога Михаил Крептович бил назначен како прв претставник на Руската Империја во Брисел на 19 март 1853 година[3].

Трговија[уреди | уреди извор]

Во 2004 година, трговската размена меѓу двете земји целосно била € 4.75 милијарди, што претставувало зголемување од 1.18 € милијарди во текот на претходната година. Рускиот извоз во Белгија главно главно вклучува минерали (37%), скапоцени и полу-скапоцени камења (22%), црни и обоени метали (17%) и хемиски производи (8%). Рускиот увоз од Белгија е составен од индустриска опрема (25%), хемикалии и лекови (18%), пластични производи и гума (9%), храна (8%) и транспорт (8%). Во 2004 година, Белгија увезела 30% од својата нафта и природен гас од Русија[4]. Воздушни транспортни врски меѓу двете земји постојат, со Аерофлот и Брисел ерлајнс меѓу Москва и Брисел[5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bogue, David (1852). „Chief town in Belgium and on the route of the Rhine“. Belgium and the Rhine. London: D. Bogue. стр. 74–75. http://books.google.com.au/books?id=8mQDAAAAQAAJ. посет. 31 март 2009 г. 
  2. Lemon, Mark; Mayhew, Henry; Taylor, Tom; Brooks, Shirley; Cowley Burnand, Francis; Seaman, Owen (1853). Punch. XXIV. London: Punch Publications Ltd.. стр. 211. http://books.google.com.au/books?id=ISxXAAAAMAAJ. посет. 23 март 2009 г. 
  3. (руски) „Представители Российской Империи В Других Странах“. Worldwide Historical Project. конс. 2009-03-31. 
  4. (руски) „Российско-бельгийские отношения“. Russian Ministry of Foreign Affairs. 4 October 2005. конс. 2009-03-31. 
  5. (руски) „ОАО "Аэрофлот — Российские авиалинии". Polyot-Sirena. конс. 2009-03-31. 
  6. (руски) „Delta Air Transport /Brussels Airlines/ Brussels Airlines“. Polyot-Sirena. конс. 2009-03-31.