Руско-исландски односи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Руско-исландски односи
Map indicating locations of Iceland and Russia

Исланд

Русија

Руско-исландските односи се надворешни односи меѓу Исланд и Руската Федерација.

Русија има амбасада во Рејкјавик, а Исланд има амбасада во Москва, и два почесни конзулати во Мурманск и Санкт Петербург. Двете земји имаат блиски врски во финансирањето, што ги зајакна односите меѓу двете.[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Директните дипломатски односи меѓу Советскиот Сојуз и Исланд биле воспоставени на 4 октомври 1943 година[2][3]. Во декември 1955 мисиите во Москва и Рејкјавик биле надоградени со отварање на амбасади. Од 1975 година до 1991 година во Исланд Советскиот Сојуз имал пратено претставник за трговија, а Русија имала од 1991 до 1995.[2]. Во 1997 година првиот руско-исландски речник бил објавен од страна Хегли Харалдсон[4].

Претседателот на Исланд Оулафур Рагнар Гримсон бил во посета на Русија од 18 април до 24 април 2002 година посетувајќи ги градовите Санкт-Петербург, Москва, Новгород[2][5].

Во 2008 година премиерот Геир Харде испратил делегација во Русија да преговара за 3 милијарди фунти капитал кога традиционалните западни сојузници одбиле да и помогнат на земјата од колапсниот банкарски систем [6]. Заемот подоцна бил реструктуиран на $ 500,000,000 кога Исланд успеал да обезбеди кредит од скандинавските земји и Меѓународниот монетарен фонд[7].

Трговија[уреди | уреди извор]

Во 2003 година руско-исландската трговија била $ 89.700.000. Извозот од Исланд во Русија бил $ 13.800.000, а увозот $ 75.900.000. Русија е деветти најголем извозник во Исланд. Рускиот извоз на суровини најмногу се заснова на нафтени производи (62,3%) и алуминиум (27%). Исландскиот извоз во Русија се должи на бродска опрема (25,1%), морски производи (23,3%), текстил и облека (14,9%), хемиски ѓубрива (10,8%), и индустриска опрема (9,5% )[2].

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Iceland seeks Russian comfort“, „The Moscow News“ (посет. 26 јуни 2009 г). „Russia received a similar official request late on Tuesday and the country's Finance Minister Alexei Kudrin was quoted by Interfax as saying: "We will consider it. Iceland has a reputation for strict budget discipline and has a high credit rating. We're looking favorably at the request." Negotiations on the loan are supposed to start on October 14.“
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Russian embassy in Reykjavík“. Russia. конс. 2009-06-26. 
  3. „Bilateral Relations“. Iceland. Архивирано од изворникот на 2006-10-03. конс. 2009-06-26. Diplomatic relations were established between Iceland and Soviet Union 1943 and in the following year Embassies were opened in Reykjavík and Moscow respectively. 
  4. „Russnesk-islensk ordabok.“ (Russian). Архивирано од изворникот на 2013-01-25. конс. 2009-06-26. 
  5. Iceland leader arrives in Moscow“, „Interfax at the BBC“, 18 април 2002 (посет. 26 јуни 2009 г). „President of Iceland Olafur Grimsson arrived in Moscow on Thursday [18 April] on the first state visit in the history of the two countries' relations. At the airport, Grimsson was greeted by head of the Russian Fisheries Committee Yevgeniy Nazdratenko.The Russian Foreign Ministry told Interfax that relations between Moscow and Reykjavik "are on the rise and are developing rapidly".Upcoming Russian-Icelandic talks are expected ...“
  6. Mason, Rowena. „Iceland nationalises bank and seeks Russian loan“, „The Daily Telegraph“, 7 октомври 2008 (посет. 26 јуни 2009 г). „Prime Minister Geir Haarde rushed emergency measures through the Nordic nation's parliament to nationalise Landsbanki and give the country's largest bank, Kaupthing, a £400 million loan to bolster its balance sheet.“
  7. Russia refuses $500 million loan to Iceland“, „RIA Novosti“, 14 октомври 2009 (посет. 14 октомври 2011 г). „Russia's government has refused to grant a $500 million loan to Iceland. Iceland originally asked Russia for a 4 billion euro ($5.8 billion) loan, but after it received most of the sum from Scandinavian countries and the IMF, the sum of the requested loan went down to $500 million.“