Руско-дански односи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Руско-дански односи
Map indicating locations of Denmark and Russia

Данска

Русија
Амбасадата на Русија во Копенхаген
Данскиот конзулат во Санкт Петерсбург

Руско-данските односи (руски: Российско-датские отношения) се надворешни односи меѓу Данска и Руската Федерација.

Дипломатските односи меѓу Данска и СССР биле воспоставени на 18 јуни 1924 година. Русија има амбасада во Копенхаген и на конзулат во Торсхавн, а Данска има амбасада во Москва, генерален конзулат во Санкт Петербург, а почесен конзулат во Калининград. Двете земји граничат со Балтичко Море и се членови на Советот на Европа и Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Историја[уреди | уреди извор]

Данска, Русија и Шведска биле сојузници во Лигата на вооружена неутралност против воената политика на британската кралска морнарица. Денес, двете земји се блиски трговски партнери и трговијата главно се одвива на балтичкиот брег. За време на Големата Северна војна, коалицијата на бројни држави успешно ја оспорила шведската доминација во северниот дел на Централна и Источна Европа. Една руската православна црква постои во градот Копенхаген. Црквата била донација од Марија Фјодоровна на православна заедница во Данска кон крајот на 19 век. Голем настан во билатералните односи меѓу двете земји било пренесувањето на пепелта на царицата Марија Фјодоровна од Данска во Санкт Петербург кон крајот на септември 2006 по повод 140-годишнината од доаѓањето на Марија во Русија. Фарските Острови се единствените дански прекуморски територии кои одлучиле да преговараат за договор за слободна трговија со Русија[1]. Сепак, трговијата најпрвин помунува низ Данска, а потоа оди кон Русија.

Наводи[уреди | уреди извор]