Руско-ирски односи
Руско-ирските односи се надворешни односи меѓу Република Ирска и Руската Федерација.
Ирска има амбасада во Москва, а Русија има амбасада во Даблин.
Историја
[уреди | уреди извор]Во јуни 1920 година, како дел од напорите на Шин Фејн Република Ирска да добие меѓународно признавање бил направен Нацрт договор помеѓу новите две земји. Според Едвард Кар преговорите не биле сериозно разгледувани од двете страни[1].
Соработката меѓу двете земји била повеќе активна по крајот на Студената војна. Многу билатерални договори постојат меѓу двете земји во различни области (оданочување, заштита на инвестициите, култура и научна, авијација, итн.)
Двете земји се полноправни членки на Советот на Европа и Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
На 1 февруари 2011 година, за првпат од 1983 година[2], ирската влада донела одлука за протерување на рускиот дипломат со седиште во Даблин, откако бил информиран од страна на службата за безбедност дека идентитетот на шест ирски државјани биле украдени и искористени како покритие за руски шпиони како резултат да нивните дејства во САД во јуни 2010 година.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Carr, EH The Bolshevik Revolution 1917-23, vol 3, Penguin Books, London, 4th reprint (1983), pp. 257–258. The draft treaty was published for propaganda purposes in the 1921 British document Intercourse between Bolshevism and Sinn Fein (Cmd 1326).
- ↑ Fitzgerald, Mary (2 February 2011). „Diplomat expelled from Russian embassy after revelations on spies' Irish passports“. The Irish Times. Посетено на 8 February 2011.
- ↑ „Ireland expels Russian envoy over faked spy passports“. BBC News. 1 February 2011. Посетено на 3 February 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Руско-ирски односи“ на Ризницата ? |
- Ирска амбасада во Москва
- Руска амбасада во Даблин Архивирано на 24 август 2010 г.