Руско-турски односи

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Руско-турски односи
Карта на местоположбата на Russia и Turkey

Русија

Турција

Руско-турските односи (руски: Российско-финляндские отношения, турски: Rusya–Türkiye ilişkileri) се надворешни односи меѓу Турција и Руската Федерација.

Историја[уреди]

Турските и словенските народи биле во контакт уште од средниот век. Турците во Анадолија биле одделени од Русија преку Црното Море и Полско-Литвански Комонвелт на северозапад и Кавказ на исток. Турците основале Отоманска империја во Анадолија и започнале проширување на своите земји надвор од Анадолија. Двете империи започнале серија од судири по текот на црноморскиот слив.

Овие серија од војни се познати како Руско-турски војни. На почеток во 1568 година, поддршката на Отоманската империја за малите турски и исламски вазални држави во модерна Русија довело до конфликт меѓу двете империи. Со текот на времето, овие војни се повеќе биле во корист на Руската империја. Од 19 век, Русија помагала на словенските и христијанските малцинства во Отоманската империја за нивно ослободување и создавање на нови држави. На Балканскиот полуостров освен Русија, свои интереси имала и Австро-Унгарија. Двете империи за последен пат војувале меѓусебно во времето на Првата светска војна чиј крај довел до распаѓање на двете држави.

СССР била една од првите земји кои ја признале Турција во 1921 година.

На 25 мај 1992 во посета на Москва бил на турскиот премиер Сулејман Демирел и бил потпишан договор за соработка. По ова следувало признавањето на Ерменскиот геноцид, кои привремено дошле до заладување на меѓусебните односи. Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган отпатувал во Сочи на 16 мај 2009 година каде се сретнал со рускиот премиер Владимир Путин.

Во 2004 година, билатералната трговија меѓу двете земји изнесувала 10.9 милијарди американски долари, во 2003 - 6.8 милијарди. Од 2010 година, Русија е втор најважен трговски партнер на Турција, а Турција е рангирана на седмото место во надворешно-трговската размена со Руската Федерација. Трговскиот промет меѓу двете земји надминал 25 милијарди долари, уделот на енергија во извозот на Русија и Турција е околу 70%,[1]. Русија и Турција имаат договор за изградба на првата турска нуклеарна централа "Akkuyu" во провинцијата Мерсин.

Според меѓувладиниот договор потпишан во 1987 година, Турција купува руски гас.

Наводи[уреди]