Руско-бугарски односи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руско-бугарски односи
Map indicating locations of Бугарија and Русија

Бугарија

Русија
Дипломатска мисија
Амбасада на Бугарија во Русија, МоскваАмбасада на Русија во Бугарија, Софија
Дипломатски претставник
Амбасадор Атанас КрстинАмбасадор Елеонора Митрофанова

Руско-бугарски односи — надворешни односи меѓу Бугарија и Руската Федерација .Односите меѓу Бугарија и Русија секогаш биле предмет на спорови и дебати во историската наука и во политичкиот живот.

Дипломатски односи меѓу Русија и Бугарија започнале на 7 јули 1879, со РСФСР во април 1918 и биле прекинати во септември истата година. Дипломатски односи меѓу Советскиот Сојуз и Бугарија започнале на 23 јули 1934 а прекинати на 5 септември 1944 за да повторно бидат обновени на 16 август 1945 година.

На 23 октомври 1991 Република Бугарија и РСФСР потпишале протокол за воспоставување дипломатски односи.

Денеска Бугарија има амбасада во Москва и три конзулати во градовите Санкт Петербург, Екатеринбург и Новосибирск. Русија од своја страна има амбасада во Софија и два конзулати во Варна и Русе.

Историја[уреди | уреди извор]

Односите меѓу Бугарија и Русија во раните векови на минатото не се многу познати. По христијанизацијата на Русија од Бугарија доаѓале во Русија книги и свештеници кои го организирале руското православие. Бугарско-руските односи се развиле во времето на Иван Асен. Бугарско-руските односи своја актуелност добиле по падот на Бугарија под турска власт, кога бугарското христијанско население често барало помош од Русија за нивно ослободување.

Руско-турските војни од времето на Екатерина Велика не довеле до ослободување на Бугарија од Отоманското Царство. Во отоманска власт многу Бугари имале свои активни односи со Русија, од каде носат главно христијански книги. Во плановите на Русија од времето на цар Иван Грозни во 16 век, Бугарите не влегуваат како сериозен предмет. Тие станале интересни за Русија дури откако се оддеелиле од Вселенската патријаршија.

По Априлското востание од 1876 година Русија имала изговор за прогласување на ослободителна војна, која повторно поминала во знакот на војната на крстот против полумесечина. Руската Империја зела активно учество во ослободувањето на Бугарија од Османлиите. По ослободувањето односите меѓу двете земји се заладиле поради две причини. Првата е национализмот на бугарските револуционери, а втората била лошото руско управување.

Во Првата светска војна бугарските војници војувале против руските во Добруџа. По Октомвриската револуција во Русија зборот "руско" се поистоветувал со зборот комунизам. Во тоа време биле напишани голем број на текстови и биле одржани јавни говори против Русија, бидејќи нејзиниот пат се сметал како опасен за Бугарија.

Во крајот на Втората светска војна, Бугарија паднала под советска доминација и во земјата бил воведен комунизам. Во текот на следните години следувало голема економска соработка меѓу двете земји. По распаѓањето на Советскиот Сојуз и падот на комунизмот во Бугарија, односите меѓу двете земји се должеле главно на економски интереси.

Хронолошки настани[уреди | уреди извор]

Медведев и Парванов
Медведев и Парванов

Економски односи[уреди | уреди извор]

Русија е традиционален и еден од најважните надворешно-економски партнери на Бугарија. По пристапувањето на Бугарија кон ЕУ односите помеѓу двете земји добиле уште поголема динамика. Потврда за ова е регистриран раст во 2007 во однос на 2006 на бугарскиот извоз за Русија со 96%, на руските инвестиции во Бугарија со 73,8%.

Години Обем Извоз Увоз Салдо
2004 1943,4 124,8 1818,6 - 1693,8
2005 3002,0 152,6 2849,4 - 2696,8
2006 4168,5 228,4 3940,1 - 3711,7
2007 4159,3 446,3 3713,0 - 3266,7
2008 5983,4 614,4 5369,0 - 4754,6
2009 3445,9 415,8 3030,1 - 2614,3

Наводи[уреди | уреди извор]