Рибново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рибново
Поглед кон селото
Поглед кон селото
Рибново is located in Бугарија
Рибново
Рибново
Местоположба во областа
Рибново is located in Пиринска Македонија
Рибново
Местоположба на Рибново во Општина Грмен и Благоевградската област
Координати: 41°43′N 23°46′E / 41.717° N; 23.767° E / 41.717; 23.767Координати: 41°43′N 23°46′E / 41.717° N; 23.767° E / 41.717; 23.767
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаГрмен
Површина
 • Вкупна30.086 км2 (11,616 ми2)
Надм. вис.&100000000000011520000001.152 м
Население (2015)
 • Вкупно2.501
 • Густина0,083/км2 (0,22/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2967
Повик. бр.07526

Рибновосело во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Рибново се наоѓа на 29 километри источно од Неврокоп и на 22 километри северно од општинскиот центар Грмен. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на југозападните Родопи на надморска висина од 1152 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 30.086 км2. Рибново е можеби едно од ретките села во Бугарија каде се градат десетици куќи секоја година. Селото Рибново е најголемо население во општина Гармен, иако фигуративно гледано, тоа е одвоено од светот, заедно со Осиково.

Историja[уреди | уреди извор]

Во близина на селото Рибново била откриена античка некропола.[1]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Селото Рибново е вклучено во деталниот регистар од 1478 година, во кој се наведени главите на домаќинствата по име. Регистрирани се 81 христијански домаќинства, од кои 4 несемејни, а 2 на вдовици.[2] Во скратен регистар од 1519 година, во Рибново се запишани 104 христијански и едно муслиманско домаќинство.[3] Во друг документ изготвен во периодот 1524-1537 година, Рибново е наведено како село со 91 христијански домаќинства, 15 неженети христијани, 4 вдовици, 1 муслиманско домаќинство и 2 неженети муслимани.[4] Во регистарот од 1530 година, Рибново е наведено како село со 91 христијански домаќинства, 15 неженети христијани, 8 вдовици, 1 муслиманско домаќинство и 2 неженети муслимани.[5] Според регистарот на џизија од 1615 година, бројот на немуслимански домаќинства во Рибново бил 43.[6]

Во списокот на населби и бројот на немуслимански домаќинства во дел од вилаетот Неврокоп од 16 ноември 1636 година, селото Рибново е наведено како село со 44 христијански семејства.[7] На списокот на населби и бројот на немуслимански домаќинства во Неврокоп од 13 март 1660 година, селото Рибново (Рибне) е наведено како село со 10 немуслимански семејства.[8]

Во 1671 година, претставници од сите села биле повикани во Неврокоп за да сведочат на суд дека им биле платени купените претходно државни производи. Од муслиманските села бил испратен муслиманин, од христијанските села бил испратен христијанин, а муслиманин и христијанин од мешаните села. Селата во кои живееле луѓе со повисок социјален статус биле претставени од нив без оглед на нивната религија. Во овој документ Рибново е претставен од христијанин.[6] Во еден документ од 1722 - 1723 година, Рибново е регистрирано како село, од кое данокот авариз го плаќале 41 муслимански семејства или 16 2/3 ханети, од кои 9 поседувале чифт. Подоцна ажуриран додаток на документот ги наведува главите на домаќинствата во селото, сите муслимани. Од регистрираните 53 глави на домаќинства, 9 имале чифт. Од нив, 1 имам (Осман, синот на Бали) бил ослободен од данок, 1 музеин (Мехмед, синот на Мухарам), 5 вдовици, 1 сиромашен / инвалид и 4 изгубени или уништени имоти не се ослободени од данок. Во отоманските документи, селото често се наведува како Рибна или Рибне (на отомански турски: ريــبــنــه).[9]

Во текот на 19 век, селото припаѓало кон Неврокопската каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Рибна (Ribna) е наведено како село со 100 семејства и 260 Помаци.[10] [11] Според Стефан Верковиќ (Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи) кон крајот на XIX век во селото Рибна имало 100 помачки куќи.[12]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Рибно, село на Ј од Филипово. Планинска местоположба. Жителите се само Помаци - 80 куќи.[13]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 560 жители, сите сите Помаци[14] во 105 куќи.[15] Според Стефан Верковиќ, кон крајот на XIX век Рибново (Рибна) има машко муслиманско население од 320 луѓе, кои живееле во 100 куќи.[16]

Бугарија[уреди | уреди извор]

На 29 март 1964 година, за време на т.н. Преродбен процес, група агитатори, придружувани од полицајци и војници, пристигнало во селото Рибново, предизвикувајќи вистинско востание. Преродбениците биле пречекани со камења, дрвја и секири од страна на селаните. Полициски службеник бил погоден со камен во главата, во несвест и заробен. Пристигнатиот воен состав пукал во воздух, но селаните исто така го нападнале, заробувајќи го. Двајцата затвореници биле ослободени по некое време, христијанските учители биле протерани од селото со своите семејства, на минарето на џамијата било ставено турско знаме, се прекинале телефонските врски со земјата и бил разнесен мостот кон Неврокоп.[17]

Бунтот во Рибново предизвикал големо внимание кај надлежните и Тодор Живков лично наредил да престане кампањата за преименување на Помаците во областа. Инцидентот го интензивирал и отпорот во соседните села, при што жителите на Рибново и другите села во Чеч испратиле делегации до турската амбасада и државниот врв, на состанокот со членот на Политбирото Бојан Блгарјанов, кој сочувствувал со нивните поплаки. На 1 април, генералот Иван Бучваров пристигнал во селото, обвинувајќи го раководството на окружната партија за настаните и ветил дека преименувањето ќе биде целосно доброволно. Бунтот завршил и луѓето од регионот масовно ги вратиле своите имиња, кои ги зачувале до следната кампања во раните 1970-ти.[17]

Население[10][18][уреди | уреди извор]

Население на Рибново по попис[18]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 842 961 1162 1473 1813 1894 2532 2559 2745 2501
Етнички состав на населението
од 2011 година:[19]
Националност Население Процент
Бугари 572 65,6%
Турци 131 15,02%
Роми 0 0%
Останати 164 18,81%
Неопределени 5 0,57%
Вкупно 872
Население по возраст
од 2011 година
:[20]

Религија[уреди | уреди извор]

Населението на селото е составено целосно од Помаци, кои го практикуваат исламот. Нивниот мајчин јазик е бугарскиот.[10]

Образование и култура[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа средното училиште „Јодан Јовков“ во кое учат околу 500 ученици во две паралелки од 1 до 12 одделение. Во селото работи и детска градника „Светлина“ за околу 150 деца. Читалиштето „Изгрев“ располага со околу 5000 тома книги.

Традиции[уреди | уреди извор]

Селото Рибново е домаќин на некои од најинтересните традиционални свадби во Бугарија. Тие се случуваат во зима, кога сите ќе се вратат во селото, затоа што во текот на летната сезона голем дел од населението одгледува тутун во различни делови на Бугарија.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени
Поврзани
  • Георги Шопов[21]
  • Иван Петков

Литература[уреди | уреди извор]

  • Георгиева, Албена. Рецепти от селата Гърмен, Дебрен, Дъбница, Огняново и Рибново, Гоцеделчевско. София: Гутенберг. ISBN 954-9943-75-5.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Гоце Делчев – Археологически обекти и места
  2. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 39–40. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  3. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 64. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  4. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 111–112. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  5. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 130. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  6. 6,0 6,1 Страшимир Димитров. Помохамеданчванията в Неврокопско XV-XVIII век
  7. Горозданова, Елена (2001). Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история. София: Главно управление на архивите при МС. стр. 41. ISBN 954-9800-14-8.
  8. Горозданова, Елена (2001). Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история. София: Главно управление на архивите при МС. стр. 293. ISBN 954-9800-14-8.
  9. Андреев, Стефан (2002). Речник на селищни имена и названия на административно-териториални единици в българските земи през XV-XIX век. София: Главно управление на архивите при Министерския съвет на Република България. стр. 121. ISBN 954-9800-29-6.
  10. 10,0 10,1 10,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  11. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. (изд. II издание.). София: Македонски научен институт. 1995 [1878]. стр. 128–129.
  12. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 236 – 237.
  13. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 9.
  14. Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Неврокопска Каза“. Македония. Етнография и статистика (изд. II фототипно издание.). София: Проф. М. Дринов. стр. 195.
  15. Кънчов, Васил (1970) [1894 – 1896]. „Неврокопската каза“. Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско. София: Наука и изкуство. стр. 273.
  16. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. Българите мохамедани (изд. II издание.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 111. ISBN 954-9308-51-0.
  17. 17,0 17,1 Груев, Михаил; Кальонски, Алексей. Възродителният процес. Мюсюлманските общности и комунистическият режим. София: Институт за изследване на близкото минало; Фондация „Отворено общество“; Сиела. стр. 52–54. ISBN 978-954-280-291-4.
  18. 18,0 18,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Рибново, общ. Гърмен, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  19. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  20. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  21. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 193.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]