Долно Дреново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Дреново
Долно Дряново
Поглед кон селото
Поглед кон селото
Долно Дреново is located in Бугарија
Долно Дреново
Долно Дреново
Местоположба во областа
Долно Дреново во рамките на Пиринска Македонија
Долно Дреново
Местоположба на Долно Дреново во Општина Грмен и Благоевградската област
Координати: 41°35′N 23°53′E / 41.583° СГШ; 23.883° ИГД / 41.583; 23.883Координати: 41°35′N 23°53′E / 41.583° СГШ; 23.883° ИГД / 41.583; 23.883
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаГрмен
Површина
 • Вкупна13.497 км2 (5,211 ми2)
Надм. вис.&10000000000000702000000702 м
Население (2015)
 • Вкупно1.259
 • Густина0,093/км2 (0,24/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2944
Повик. бр.07531

Долно Дреновосело во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Долно Дреново се наоѓа на 17 километри источно од Неврокоп и на 15 километри северно од општинскиот центар Грмен, во историско-географската област Чеч. Селото е полупланинско кое се наоѓа од двете страни на патот Гоце Делчев - Сатовча - Доспат, на надморска висина од 702 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 13.497 км2.

Историја[уреди | уреди извор]

Антички период[уреди | уреди извор]

Во близина на селото била пронајдена населба која опстојувала уште од 5000 година п.н.е. и тракиско светилиште во месноста Градиште од периодот VI-II век пред нашата ера.[1]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Селото било основано пред 350-400 години од спојување на три мали населби кои се наоѓале на еден до три километри од денешната местоположба на селото.

Во списокот на населби и број на немуслимански домаќинства во вилаетот Неврокоп од 16 ноември 1636 година, Долно Дреново دـيــرنــوﻩﺀ بــزرﻙ[2]) е село, во кое живеле 28 немуслимански семејства.[3]

Во текот на XIX век, селото било муслиманско и припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долно Дреново (Dolné-drianovo) е село со 60 домаќинства и 150 жители Помаци.[4] Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Долно Дреново, 1/2 час на ЈУИ од Горно Дреново. Планинско место; има дрводелци. 40 куќи Помаци.[5]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 337 жители Помаци.[6] со 70 куќи.[7] Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Долно Дреново имало муслиманско машко население од 196 души, и 60 куќи.[8]

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. По крајот на Балканските војни, од 480 жители во 1910 година, во 1920 година во селото останале само 298.[9]

Население[10][11][уреди | уреди извор]

Население на Долно Дреново по попис[10]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 380 392 517 636 746 934 1129 1170 1216 1259
Етнички состав на населението
од 2011 година:[12]
Националност Население Процент
Бугари 403 41,94%
Турци 414 43,08%
Роми 0 0%
Останати 143 14,88%
Неопределени 0 0%
Вкупно 961
Население по возраст
од 2011 година
:[13]

Религија[уреди | уреди извор]

Училиштето, старата и новата џамија

.

Населението на Долно Дреново е муслиманско. Во селото има две џамии — едната е повеќе од 500 години стара и била обновена во 2008 година, а другата била изградена во 1998 година и е една од најголемите џамии во Чеч и регионот воопшто.[1]

Културни знаменитости[уреди | уреди извор]

Античко светилиште било откриено на територијата на селото, условно датирано од V-IV век п.н.е. Светилиштето се наоѓа на околу 2 км источно од селото десно од патот до Сатовча. На територијата на светилиштето се наоѓаат три огромни карпести човечки глави, како и голем број камени скулптури на водоземци - риби, змии, желки и многу повеќе. Сите тие се добро ориентирани по една од страните на светот, исток-запад или север-југ.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Секоја година во средината на месец април во селото се празнува денот на општината. Во селото се наоѓа седиштето на здружението „Неврокоп“ со претседател Рахим Арнаудов.[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Никополис ад Нестум (2008). „Други забележителности“. Архивирано од изворникот на 2010-09-26. Посетено на 24 јануари 2009.
  2. Андреев, Стефан (2002). Речник на селищни имена и названия на административно-териториални единици в българските земи през XV-XIX век. София: Главно управление на архивите при Министерския съвет на Република България. стр. 63. ISBN 954-9800-29-6.
  3. Горозданова, Елена (2001). Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история. София: Главно управление на архивите при МС. стр. 41. ISBN 954-9800-14-8.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. (II издание. изд.). София: Македонски научен институт. 1995 [1878]. стр. 129–130.
  5. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр октомври
  6. Кънчов, Васил (1996) [1900]. http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_21.htm На |chapterurl= му недостасува наслов (help). Македония. Етнография и статистика. Неврокопска Каза (II фототипно издание. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 196.
  7. Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. http://www.promacedonia.org/vk_1/vk1_a_19.html На |chapterurl= му недостасува наслов (help). Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско. Неврокопската каза. София: Наука и изкуство. стр. 274.
  8. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. Българите мохамедани (II издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 111. ISBN 954-9308-51-0.
  9. Арденски, Владимир (2005). Загаснали огнища. София: ИК „Ваньо Недков“. стр. 106. ISBN 954-8176-96-3.
  10. 10,0 10,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Долно Дряново, общ. Гърмен, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  11. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  12. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 1 февруари 2011“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  13. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 1 февруари 2011“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  14. Крантева, Даниела (2009). „Нов конкурс подготвят от Сдружение "Неврокоп". Радио "Фоксу"- Пирин. Посетено на 15 април 2009.