Прејди на содржината

Горно Дреново

Координати: 41°39′N 23°50′E / 41.650° СГШ; 23.833° ИГД / 41.650; 23.833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горно Дреново
Горно Дряново
Горно Дреново is located in Бугарија
Горно Дреново
Горно Дреново
Местоположба во областа
Горно Дреново во рамките на Пиринска Македонија
Горно Дреново
Местоположба на Горно Дреново во Општина Грмен и Благоевградската област
Координати: 41°39′N 23°50′E / 41.650° СГШ; 23.833° ИГД / 41.650; 23.833
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаГрмен
Површина
 • Вкупна11.107 км2 (4,288 ми2)
Надм. вис.&100000000000012250000001.225 м
Население (2015)
 • Вкупно1.035
 • Густина0,093/км2 (0,24/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2963
Повик. бр.07527

Горно Дреновосело во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Горно Дреново се наоѓа на 17 километри југоисточно од Неврокоп, на 9 километри северно од општинскиот центар Грмен. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на југозападните Родопи на надморска висина од 1225 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11.107 км2. На 5 километри од селото се наоѓа соседно Ковачевица и Лештен на 2 километри јужно.

Историја

[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство

[уреди | уреди извор]

Во списокот на населби и број на немуслимански домаќинства во вилаетот Неврокоп од 13 март 1660 година, селото Горно Дреново (Диранова-и бала, ديــرﺭﺍـنــوﻩﺀ بـﺍﻻ[1]) се споменува како село со 8 немуслимански семејства.[2]

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горне Дреново (Gorne-drianovo) е село со 40 семејства и 100 Помаци.[3][4]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Горно Дреново, помачко село кај Канина, на растојание 1/2 часа од Ковачовица кон И. Куќи 50, Помаци.[5]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 300 жители, сите Помаци.[3][6]

Бугарија

[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Населението на Горно Дреново се занимава со производство на тутун, собирање на диви билки, печурки, дрва, преработка на дрво.

Во селото има и канцеларија за стоматолог. Голем дел од месното население оди во гурбет во соседна Грција за да одгледува тутун.

Постојат 25 продажни места на територијата на селото кои му служат на населението. Има и вработени од селото кои работат во шумарството Беслет во селото Грмен.

Водата влегува во селото преку пет извори, кои задоволуваат 80% од потребите на населението за вода за пиење и домашна вода. Од реката Црна се прави нов слив, кој ќе биде вклучен во руралната мрежа за водоснабдување. Патот до селото е асфалтиран од селото Гармен до селата Лештен и Ковачевица. Во селото е изграден канализациски систем.

Население на Горно Дреново по попис[7]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 448 549 667 799 890 993 1008 1042 1009 1035
Етнички состав на населението
од 2011 година[8]:
Националност Население Процент
Бугари 920 92,09%
Турци 12 1,2%
Роми 0 0%
Останати 24 2,4%
Неопределени 43 4,3%
Вкупно 999
Население по возраст
од 2011 година
[9]:
  • Абди Низамов
  • Абди Мехмедали Хоџа
  • Ибраим Ајрулов Хоџов
  • Абдураим Рамаданов Бакиев
  • Штукри Изеров Пингов
  • Штукри Алиев Пендев
  • Сулејман Мурадов Османчев
  • Емил Захариев Шарков
  • Штукри Морадов Османчев
  • Мехмедали Хаџиев

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Кметство
  • Основно училиште „Св. Паисиј Хилендарски“
  • Централна детска градина
  • Пошта
  • Читалиште
  • Здравна служба

Природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • Во близина на селото се наоѓа античка тврдинма.[10]
  • На 1 километар северно од селот се наоѓа Градишка скала, висока 60 метри. На тоа место биле откриени римски монети.
  • На 2 километри на северозапад од селото се наоѓа водопадот Буков дол.

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Од 1986 година. во селото била воведена традиција за славење на празникот на Горно Дреново. Празникот се одржува во втората недела од април. На празникот, месното население престанува да работи. На овој ден, гостите од соседните села се пречекуваат, се слуша музика од аматерски групи од селото и соседните села, се одржуваат спортски натпревари.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Андреев, Стефан (2002). Речник на селищни имена и названия на административно-териториални единици в българските земи през XV-XIX век. София: Главно управление на архивите при Министерския съвет на Република България. стр. 53. ISBN 954-9800-29-6.
  2. Горозданова, Елена (2001). Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история. София: Главно управление на архивите при МС. стр. 293. ISBN 954-9800-14-8.
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 128 – 129.
  5. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 9.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 273.
  7. 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Горно-Дряново, общ. Гърмен, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  8. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  9. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  10. Гоце Делчев – Археологически обекти и места