Дебрен
Дебрен | |
---|---|
Координати: 41°36′N 23°51′E / 41.600° СГШ; 23.850° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Грмен |
Површина | |
• Вкупна | 18.023 км2 (6,959 ми2) |
Надм. вис. | 883 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 2.301 |
• Густина | 0,13/км2 (0,33/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2961 |
Повик. бр. | 07523 |
Дебрен — село во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Дебрен се наоѓа на 10 километри источно од Неврокоп и на 4 километри југоисточно од општинскиот центар Грмен. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на југозападните Родопи на надморска висина од 883 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 18.023 км2.
Историја
[уреди | уреди извор]Историјата на селото Дебрен може да се подели во две фази: историјата на новото и старото село.
Антиски и средновековен период
[уреди | уреди извор]Историјата на старото село е античка и денес сè уште можат да се забележаат остатоци од неколку епохи на подрачјето на колалитетите „Св. Ѓорѓи“, „Св. Архангел“, „Алангерица“, „Гармаде“, „Пирек“, „Селиште“ и други.[2] На еден километар северно од денешното село, биле пронајдени траги од доцноантичката црква.[3] Остатоци од многу стари населби и два сè уште функционални римски мостови зборуваат за богатото историско минато на селото, убавината на природата, прекрасниот поглед на Пирин планина и долината на реката Места.
Османлиско Царство
[уреди | уреди извор]Во списокот на населби и број на немуслимански домаќинства во вилаетот Неврокоп од 13 март 1660 година, селото Дебрен (Дебрани-и бузјург), се споменува како село со 4 немуслимански семејства.[4] Во други османлиски документи, селото се среќава испишано само како Дебрани (دبــرﺍﻧـﻰ).[5]
Во текот на 19 век, селото припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дебрен (Débren) е село со 60 семејства и 160 Помаци.[6][7] Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век во селото Дебрен имало 331 машки муслимани а во селото имало 100 куќи.[8] Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Дебрен, на ЈУИ од градот 7 часа. Пат тесен и стрмен. Во подножјето на Боздаг, 11⁄2 час до Карасу. Сточари и земјоделци. Планинарска населба. Сите Помаци, 180 куќи.[9]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 550 жители, сите сите Помаци.[6][10] Во селото имало 70 куќи.[11]
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволц во Македонско-одринските доброволни чети.[12]
Бугарија
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Новото село датира од 1968 година, кога жителите решиле да го преместат селото во близина на рамнината, што ќе им ја олесни работата како земјоделци. Така започнало изградбата на едно од најновите села во Бугарија. Денес новото село Дебен е едно од најубавите и најразвиените села во регионот со канализација, водоснабдување, прекрасни двокатни куќи и вредно население. Во 2004 година, се отворило новото чилиште, за кое жителите можат да се гордеат. Во 1993 година, селаните изградиле голема и убава џамија со свој труд и ресурси.
Население[6][13]
[уреди | уреди извор]Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 679 | 802 | 947 | 1135 | 1398 | 1861 | 2117 | 2241 | 2251 | 2301 |
Националност | Население | Процент |
---|---|---|
Бугари | 1417 | 81,95% |
Турци | 37 | 2,14% |
Роми | 21 | 1,21% |
Останати | 22 | 1,27% |
Неопределени | 232 | 13,42% |
Вкупно | 1729 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Веројатно сликата е за друг настан затоа што Меѓународниот ден на децата е на 1 јуни и потекнува од Светската конференција за здравјето на децата во 1925 година одржана во Женева. Во Бугарија во 1927 година му беше издадена наредба на Царот Борис Трети да го одбележи Денот на децата во втората недела по Велигден секоја година. 1 јуни беше официјално прогласен за Меѓународен ден на децата во 1949 година. Една година подоцна, 1 јуни првпат се прослави истовремено во 51 земја низ целиот свет. Речиси во секоја земја во светот се слави Денот на децата. Овој празник е на различни датуми и е различно поврзан со традицијата на различните земји.
- ↑ Гоце Делчев – Археологически обекти и места
- ↑ Димитров, Димитър (2013). Християнските храмове по българските земи I-IX век. София: Фондация „Покров Богородичен“. стр. 151. ISBN 978-954-2972-17-4.
- ↑ Горозданова, Елена (2001). Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история. София: Главно управление на архивите при МС. стр. 294. ISBN 954-9800-14-8.
- ↑ Андреев, Стефан (2002). Речник на селищни имена и названия на административно-териториални единици в българските земи през XV-XIX век. София: Главно управление на архивите при Министерския съвет на Република България. стр. 58. ISBN 954-9800-29-6.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 128 – 129.
- ↑ Райчевски, Стоян (2004) [1998]. Българите мохамедани (II издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 111. ISBN 954-9308-51-0.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 11.
- ↑ Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Неврокопска Каза“. Македония. Етнография и статистика (II фототипно издание. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 196.
- ↑ Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. „Неврокопската каза“. Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско. София: Наука и изкуство. стр. 269.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 841
- ↑ 13,0 13,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Дебрен, общ. Гърмен, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
|