Скребатно (Пиринско)
Скребатно | |
---|---|
Координати: 41°39′N 23°48′E / 41.650° СГШ; 23.800° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Грмен |
Површина | |
• Вкупна | 38.147 км2 (14,729 ми2) |
Надм. вис. | 725 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 261 |
• Густина | 0,0.068/км2 (0,018/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2964 |
Повик. бр. | 07523 |
Скребатно — село во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Скребатно се наоѓа на 17 километри североисточно од Неврокоп и на 10 километри северно од општинскиот центар Грмен. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на југозападните Родопи на надморска висина од 725 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 38.147 км2. Релјефот е планински и ридско-планински, а климата се одликува со студено лето и блага зима. Канинска река тече во близина на селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Османлиско Царство
[уреди | уреди извор]Во списокот на населени места со регистрирани имиња на главите на домаќинства во втората половина на XV и почетокот на XVI век во селото (Скребатно) се регистрирани 110 лица.[1] Во списокот на населби и бројот на немуслимански домаќинства како дел од Неврокопскиот вилает од 16 ноември 1636 година, селото Скребатно (Искработа-и бала) се наведува како село населено со 87 немуслимански семејства.[2] На списокот на населени места и бројот на немуслимански домаќинства како дел од Неврокопскиот вилает од 13 март 1660 година, селото Скребатно (Искработа) е село со 41 немуслимански семејства.[3] Во османлиските документи името на селото е напишано на неколку начини, главно читајќи го како Искработна (ﺍســقــربــوتــنــه, ﺍسـقــرﻩبــوطــنــه) и Искработа (ﺍســقــرﺍبــوتــه).[4]
Во XIX век, селото било мешано, христијанско и муслиманско, и било дел од Неврокопската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Скребатно (Skrébatno) е село со 95 семејства, од кои 45 Помаци и 270 Македонци.[5][6] Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) за селото запишал дека во него има 75 македонски христијански и 20 македонски муслимански куќи.[5][7]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Скребатно, се наоѓа на С од Неврокоп 3 1/2 часа пат. Изградено е на нерамно место во една котлина. Планинска месност. Во подножјето на планината има добри ниви и лозја; има селани кои се занимаваат и со ѕидарство. Црква „Св. Петка“; читат само на бугарски; старо училиште со 50-тина ученици. На времето работело нешто како 1 и 2 клас. Бројот на куќите е 140, околу 1/3 Помаци, кои се занимаваат со кираџилак.[8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1070 жители, од кои 290 Помаци и 780 Македонци[9] во 60 помачки и 140 македонски куќи.[5][10]
Бугарија
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Учители и ученици во прогимназијата во учебната 1926-1927 година[11] | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Класови | Ученици | Учители | Учителки | ||||||
машки | женски | вкупно | редовни | нередовни | вкупно | редовни | нередовни | вкупно | |
први | 11 | 4 | 15 | 1 | 2 | 3 | 0 | 1 | 1 |
втори | 13 | 2 | 15 | ||||||
трети | 10 | 1 | 11 |
Денес, селото е електрифицирано, водоснабдено, со канализација и комуникациски мрежи. Постои кметство, пошта, центар на заедницата и продажни места. Постојат медицински услуги и образовни установи во општинскиот центар на селото Грмен.
Население[5][12]
[уреди | уреди извор]Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 968 | 1004 | 846 | 594 | 442 | 395 | 353 | 321 | 297 | 261 |
Култура
[уреди | уреди извор]Во селото живеат муслимани и христијани. Црквата „Св. Петка“ била изградена во 1835 година и е уметнички споменик на културата. Станува збор за псевдобазилица со три бродови, со камбанарија изградена во XX век. Оригиналниот иконостас бил ограден, таваните биле применети со медалјони и емпорија. Апостолските икони се во сино-зелена палета на златна позадина. Иконата на „Пресвета Богородица“ е забележана дека е изработена во 1838 година.
Во Скребатно се наоѓа единствената музејска колекција во општината, која е втора по важност во регионот, по онаа во музејот во Неврокоп. Музејот бил формиран од страна на иницијативен комитет со помош на целото население. Колекцијата на музејот се состои од два дела - етнографски и историски.
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Скребатно
- Александар Димитров Гулев (1920 - ?), член на РМС и на БКП,[14] партизански јатак во 1943 - 1944 година, осуден на 15 година затвор[15]
- Александар Праматарски — политичар
- Атанас Грозданов (1835 – ?) — македонски револуционер
- Богољуб Марков (? - 1918) — потполковник
- Борис Карамфилов (р. 1922) — генерал
- Георги Праматарски (1892 - 1936) — учител и деец на БКП
- Димитар Илиев (1882 – 1932) — македонски револуционер
- Димитар Крстин — деец на ВМОРО[16]
- Димитар Македонски (1839 – 1912) — македонски револуционер и деец
- Иван Праматарски (? - 1903) — македонски револуционер, деец на ВМОРО
- Илија Крантев (1873 - ?) — македонски револуционер, деец на ВМОРО
- Илија Крстин — македонски револуционер и деец
- Константин Бараков (1870 – 1903) —, македонски револуционер и деец
- Константин Георгиев (1888 – 1977) — агроном
- Костадин Иванов Велев (1913 - ?) — партизан за време на Втората светска војна (1941 - 1944)[17]
- Костадин Палешутски (1939 – ?) — историчар
- Манол Велев (1915 – ?) — деец на БКП
- Манол Божов Хаџиков (1905 - ?) — деец на БКП и ВМРО (обединета)[18]
- Мануил П. Константинов (1886 - ?) — македонски просветен деец
- Никола Гајдаџиев — доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[19]
- Никола Праматарски (1880 – 1916) — македонски деец
- Стојан Молчанков (1875 – 1920) — македонски револуционер
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Гандев, Христо (1989) [1972]. „Населени места с регистрирани имена на главите на домаќинствата (XV-XVI в.)“. Българската народност през XV век: Демографско и етнографско изследване (II издание. изд.). София: Наука и Изкуство.
- ↑ Горозданова, Елена (2001). Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история. София: Главно управление на архивите при МС. стр. 41. ISBN 954-9800-14-8.
- ↑ Горозданова, Елена (2001). Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история. София: Главно управление на архивите при МС. стр. 293. ISBN 954-9800-14-8.
- ↑ Андреев, Стефан (2002). Речник на селищни имена и названия на административно-териториални единици в българските земи през XV-XIX век. София: Главно управление на архивите при Министерския съвет на Република България. стр. 127. ISBN 954-9800-29-6.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. (II издание. изд.). София: Македонски научен институт. 1995 [1878]. стр. 128–129.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 234-235.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 9.
- ↑ Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Неврокопска Каза“. Македония. Етнография и статистика (II фототипно издание. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 196.
- ↑ Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. „Неврокопската каза“. Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско. София: Наука и изкуство. стр. 273.
- ↑ Централен държавен архив, ф. 177 К (Министерство на народното просвещение), оп. 2, а.е. 18, л. 59.
- ↑ 12,0 12,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Скребатно , общ. Гърмен, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 122. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 31 август 2015.
- ↑ Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранјавани в Централнија държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). Софија: Главно управление на архивите при Министерскија съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 121. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 31 август 2015.
- ↑ Николов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 10
- ↑ Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно Управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 78. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 31 август 2015.
- ↑ Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 438. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 5 септември 2015.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 137.
|