Бојан Блгарјанов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бојан Блгарјанов (Шумен, 20 октомври 189626 декември 1972) – бугарски комунист, учесник во НОВ и повоен политичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Во 1920 година станува член на Бугарската работничка партија (тесни социјалисти). Заедно со Васил Коларов учествува во подготовките на Септемвриското востание во 1923 година. Во ноември 1924 година е уапсен и е осуден на смрт, но во 1926 година пресудата му е заменета со доживотна казна. Во 1933 година добива амнестија и заминува во СССР, каде од 1934 до 1936 година учи на Меѓународната ленинова школа. По враќањето во Бугарија станува член на ЦК БРП (т.с.) од 1937 до 1944 година.

По вклучувањето на Бугарија во Втората светска војна учествува во народноослободителното движење. Делегат е на БРП (т.с.) во Вардарска Македонија, каде што престојува од почетокот на октомври 1941[1] до почетокот на 1944 година. Потоа станува борец на Првата софиска народноослободителна бригада и командир на Втората пловдивска востаничка оперативна зона на Народноослободителната востаничка армија на Бугарија (НОВА).

По војната, од 1945 до 1947 година е директор на Народната милиција, а до 1948 година е началник на Политичката управа на Бугарската армија. Отстранет е од позицијата кон крајот на 1949 година при кампањата против Трајчо Костов. На Априлскиот пленум во 1956 година е рехабилитиран. Од април 1956 до април 1971 година е секретар на ЦК БКП. Од јули 1957 до својата смрт во декември 1972 година е член на Политбирото на ЦК БКП.

Носител бил на одредот „Херој на Народна Република Бугарија“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Историјско одељење Централног комитета КПЈ, „Историјски архив Комунистичке партије Југославије“, Београд, 1951, том VII, 61 стр.