Портал:Олимписки игри
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
ОЛИМПИСКИ ИГРИ
Олимписките игри се меѓународен повеќеспортски настан кој се одржува на секои 4 години. Олимписките игри (грчки:Ολυμπιακοί Αγώνες) се одржувале уште во античко време во Стара Грција во чест на богот Зевс. Првите антички олимписки игри се одржале во 776 година п.н.е., а се одржувале константно на секои 4 години во древната Олимпија. Последните антички олимписки игри се одржале во 392, а веќе наредната година римскиот цар Теодосиј Велики игрите ги укинал.
<div class"noprint" style="text-align:right;nkcjgbznx;lfbnlzdxf
Избрана статија
11. Летни олимписки игри се одржале во Берлин во 1936 година. Берлин бил избран за град-домаќин на 26 април 1931 година на 29-тата сесија на МОК во Барселона, а единствен друг кандидат бил градот Барселона. Тоа било втор и последен пат еден од градовите кандидати за домаќин на Олимписките игри да е и домаќин на сесијата на МОК за избор на градот-домаќин. За прв пат тоа се случило во Париз на првата сесија на МОК на 23 јуни 1894 година кога за градови домаќини биле избрани Атина, за игрите во 1896 година и Париз, за игрите во 1900 година.
Берлин бил иабран за град-домаќин пред доаѓањето на Нацистичката партија на власт (1933). Кон средината на триесеттите, Нацистите имале сè поголема моќ, па сакале да ги искористат Олимписките игри за да ја прошират својата идеологија за постоењето на „Ариевска раса“ низ целиот свет. Адолф Хитлер бил убеден од Јозеф Гебелс да дозволи игрите да се одржат во Германија. Подготовките за игрите заподчнале во почетокот на триесеттите, а за Хитлер тие претставувале одлична можност за пропаганда. Филмската режисерка Лени Рифенштајн, омилена на Хитлер била ангажирана за снимање на филмот Олимпија. Тоа било поддржано и од Меѓународниот олимписки комитет.
Допуштајќи само луѓе од „Ариевската раса“ да се натпреваруваат за Германија, Хитлер сакал да ја покаже надмоќноста на „неговата раса“. И покрај тоа што домаќинот доминирал на игрите, атлетичарот Џеси Овенс освоил дури 4 златни медали, но бидејќи бил црномурест, Хитлер не сакал ни да се поздрави, а не да му честита за големиот успех. Прочитајте повеќе
Дали сте знаеле...
- ... дека Оскар Сван е влезен во Олимписката историја како најстар освојувач на медал на Олимписките игри. На Летните олимписки игри - 1920 одржани во Антверпен, Оска Сван (72) освоил сребро во дисциплината лов на дивеч која повеќе не е дел од Олимписките игри?
- ... дека Џим Торп освоил дури 15 медали на Летните олимписки игри - 1908 одржани во Лондон, но подоцна медалите му биле одземени, за во 1983 постхумно да му бидат вратени само златните медали во петобој и десетобој?
- ... дека Ејвори Брендиџ бил најдолго претседател на Меѓународниот олимписки комитет?
Категории
Избрана биографија
Пјер де Фреди Кубертен или попознат како барон Пјер де Кубертен (1 јануари 1863- 2 септември 1937) бил француски педагог и историчар којшто е светски познат како обновувач на античките Олимписки игри и основоположник на модерните Олимписки игри.
Пјер де Кубертен се родил во Париз во аристократското семејство на Шарл Луј де Фреди и Агата- Габриел де Мирвел како нивен трет син. Де Кубертен бил инспириран од англиските и американските училишта, а образованието го започнал во Франција. Тој сметал дека спортските активности се неопходни во образовниот систем и дека тие се корисни за секој млад човек. Тој се смета и за основоположник на спортот рагби, а бил и судија на финалето на првиот француски рагби турнир на 20 март 1892 година. Прочитајте повеќе
Избрана слика
Избран цитат
„ | Најважно не е да се победи, туку да се учествува. | “ |
Известување
На 7 август 2008, Порталот:Олимписки игри е додаден на Главната страница.