Патување до крајот на ноќта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Патување до крајот на ноќта  
Journey to the End of the Night cover.jpg
Автор Луј-Фердинанд Селин
Наслов на
оригиналот
Voyage au bout de la nuit
Земја Франција
Јазик француски
Жанр(ови) роман

Патување до крајот на ноќта (француски: Voyage au bout de la nuit) — првиот роман од францускиот писател Луј-Фердинанд Селин објавен во 1932, во кој главен лик е Фердинанд Бардаму, претставен како јунак-негативец. Ова дело се смета за полу-биографско остварување на писателот. Бардаму се борел во француските колонии во Африка за време на Првата светска војна, по крајот на војната привремено работел во автомобилската компанија Форд во САД. Подоцна се вратил во Франција, каде станал лекар и основал практична медицинска школа во едно фиктивно париско предградие. Романот на сатиричен начин ја прикажува медицината како професија и научните истражувања.

Патување до крајот на ноќта е нихилистички роман, кој ги прикажува дивјаштвото и насилството со доза на циничен хумор. Селин гледа со песимизам за човековата природа, општеството, и животот воедно. Раскажувачот Бардаму, на крајот на романот, кога работи во санаториум, вели: „не можам да не се сомневам дека постои свест за нашите најдлабоки нарави освен војната и болеста, тие два бескрајни кошмари.“[1] Авторот во романот ги искажал и сопствените трауми од Првата светска војна, во која учествувал.[2] Селин имал специфичен стил на пишување, често користејќи загради и хиперболи.[3] Книгата била рангирана на шестото место во изборот 100 книги на векот според Ле Монд.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Voyage au bout de la nuit [Paris: Folio plus classiques, 2006], p. 442
  2. Tom Quinn, The Traumatic Memory of the Great War 1914–1918 in Louis-Ferdinand Céline's "Voyage Au Bout De La Nuit" (Lewistown, NY: Edwin Mellen Press, 2005).
  3. Henri Godard, "Notice", in Céline, Romans, vol. 1 [Paris: Bibliothèque de la Pléiade, 1981], p. 1262.

Поврзано[уреди | уреди извор]