Прејди на содржината

Преднонепчена согласка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Палатална согласка)
Места на
творба

Уснени
Двоуснени
Уснено–заднонепчени
Уснено–преднојазични
Усненозабни
Забноуснена

Двозабни

Преднојазични
Јазичноуснени
Меѓузабни
Забни
Забно-венечни
Венечни
Задновенечни
Заднонепчено-венечни
Свиени

Среднојазични
Задновенечни
Венечно-преднонепчени
Преднонепчени
Уснено-преднонепчени
Заднонепчени
Ресични
Ресично-надгласилни

Заднојазични
Голтнички
Надгласилно-голтнички
Надгласилни

Гласилни
Облик на јазикот

Врвнојазични
Рамнојазични
Подјазични

Странични

Преднонепчени
Голтнички

Поврзано: Начин на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]

Преднонепчените согласки (тврдонепчени или палатали)[1][2] се согласки коишто се создаваат со доближување на главнината на јазикот до тврдото непце. Кога врвот на јазикот се доближува до непцето свртен наназад, добиената согласка се нарекува свиена (ретрофлекс).

Особености

[уреди | уреди извор]

Најчест вид на преднонепчени согласки е сеприсутната приближна согласка [j] (ј), која се вбројува во десетте најзастапени гласови во светските јазици. Носната согласка [ɲ] (њ) е исто така честа, и се јавува во околу 35% од јазиците,[3] но, за разлика од македонскиот, во највеќето нејзината еквивалентна препречна согласка не е [c] (ќ), туку слеаната [t͡ʃ] (ч). Само неколку јазици во северна Евроазија, Америка и средна Африка ги разликуваат преднонепчените избувни од задновенечни слеани согласки - како македонскиот, унгарскиот, чешкиот, словачкиот, латвискииот, турскиот и албанскиот.

Согласките со други главни творби можат да се палатализираат (омекнуваат)[4], каде површината на јазикот се доближува до тврдото непце. На пример, македонското [ʃ] (ш) има таков предонепчен дел, иако главната творба се образува со ставање на јазикот на горното непце (оваа творба се нарекува преднонепчено-венечна или „палатоалвеоларна“).

Во фонологијата, венечно-преднонепчените, преднонепчено-венечните и преднонепчено-заднонепчените согласки се групираат како преднонепчени, бидејќи овие категории ретко се разликуваат од вистинските преднонепчени согласки. Понекогаш на овој начин може да се анализираат и палатализираните венечни и забни согласки.

Преднонепчени согласки по МФА

[уреди | уреди извор]

Во македонскиот, преднонепчени се гласовите њ, ќ, ѓ, ј и љ. Согласно Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве преднонепчени согласки:

МФА Опис Пример
Јазик Правопис МФА Значење
преднонепчена носна согласка македонски чешање [t͡ʃɛʃaɲɛ] чешање
безвучна преднонепчена избувна согласка македонски вреќа [vrɛca] вреќа
звучна преднонепчена избувна согласка македонски раѓање [raɟaɲɛ] раѓање
безвучна преднонепчена струјна согласка германски nicht [nɪçt] не
звучна преднонепчена струјна согласка шпански yema [ʝema] жолчка
преднонепчена приближна согласка македонски крај [kraj] крај
преднонепчена странична приближна согласка македонски љубов [ʎubɔv] љубов
звучна преднонепчена уфрлена согласка свахили hujambo [huʄambo] здраво
преднонепчена чрапава согласка нǀу ǂoo [ǂoo] маж

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Кепески, Круме (1990). Граматика на македонскиот литературен јазик (X. изд.). Скопје: Просветно Дело. стр. 65.
  2. „палатал“ — Лексикон на македонскиот јазик
  3. Ian Maddieson (со глава од Sandra Ferrari Disner); Patterns of sounds; Cambridge University Press, 1984. ISBN 0-521-26536-3
  4. „палатализација“ — Лексикон на македонскиот јазик
  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
Табела на белодробни согласки по МФА аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʎ˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ ɟʎ˔ kʟ̝̊ ɡʟ̝
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.