Прејди на содржината

Нил Мопе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нил Мопе
Лични податоци
Роден на 14 август 1996(1996-08-14)(27 г.)
Роден во Версај, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001730000001,73 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Брентфорд Брентфорд
Број 7
Младинска кариера
2002–2007 Валбон
2007–2012 Ница Ница
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2014 Ница 2 Ница 2 13 (9)
2012-2015 Ница Ница 44 (6)
2015-2017 Сент Етјен Сент Етјен 15 (1)
2016-2017Брест Брест 28 (11)
2017-2019 Брентфорд Брентфорд 85 (37)
2019-2022 Брајтон Брајтон 102 (26)
2022- Евертон Евертон 29 (1)
2023-Брентфорд Брентфорд 12 (2)
Репрезентација
2011-2012 Франција Франција 16 13 (6)
2012-2013 Франција Франција 17 8 (4)
2014-2015 Франција Франција 19 12 (5)
2014 Франција Франција 21 2 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 јуни 2014
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 септември 2014

Нил Мопе (роден на 14 август 1996 година, во Версај) — француски фудбалер, напаѓач на Брентфорд на заем од Евертон.

Биографија[уреди | уреди извор]

Мопе е роден во Версај, а потоа се преселил на Азурниот брег со своето семејство на петгодишна возраст.[1] Тој има аргентинско потекло од страната на неговата мајка и има двојно француско и аргентинско државјанство од 2013 година.[2] Интересно е за него што има навика да чита во соблекувалната пред натпреварите.[3]

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Неговиот фудбалски идол е Зинедин Зидан.[2] Тој изјавил дека „може да игра широко или како број 10, но мојата омилена позиција е главен напаѓач. Сакам да играм на средина и да го користам моето темпо за да влезам зад грбот на одбраната“.[4]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Ница[уреди | уреди извор]

Мопе ја започнал својата кариера во УС Валбон на шестгодишна возраст во 2002 година,[1] пред да се пресели во академијата на Ница во 2007 година.

Тој напредувал низ сите младински категории стигајќи до резервниот тим на почетокот на сезоната 2012-2013, за кој постигнал четири гола во три натпревари во раниот дел од сезоната пред да го добие својот прв повик во првиот тим на 15 септември 2012 година,[5] за натпреварот од Лига 1 против Брест.[6] На возраст од 16 години и 32 дена,[7] Мопе го направил своето професионално деби влегувајќи како доцна замена на местото на Ерик Ботеак за време на победата на Ница од 3–2.[8] Така, тој станал вториот најмлад дебитант во француското првенство, по Лоран Паганели, но неколку дена подоцна бил престигнат од неговиот млад соиграч Алберт Рафетраниаина.[9]

Потоа, тој редовно бил вклучен во првиот тим од страна на тренерот Клод Пуел од октомври 2012 до март 2013 година и потпишал нов две ипол годишен договор во јануари 2013 година.[1][6] На 15 декември 2012 година, го постигнал својот прв гол во Лига 1 против Евијан, со што станал вториот најмлад стрелец во француската лига со 16 години, 4 месеци и 1 ден, по Лоран Руси.[9] Сепак, првата професионална сезона на Мопе била завршена предвреме, откако тој претрпел тешка повреда по која завршил со скинати вкрстени лигаменти за време на натпревар со вториот тим на Ница на 14 април 2013 година.[5][10] За време на сезоната 2012-2013, тој запишал 19 настапи и 4 гола со првиот тим и уште 8 настапи и 7 гола за резервниот тим во АПФ 2.

И покрај раниот пробив во првиот тим во текот на сезоната 2012-2013, по опоравувањето од повредата Мопе не бил во преден план кај тренерот Пуел за време на следните две сезони,[11] што на крајот предизвикало негово заминување од Азурниот брег во август 2015 година.[12] Тој забележал вкупно 53 настапи и постигнал 9 гола во текот на трите сезони поминати во дресот на клубот од стадионот Алијанц Ривиера.[5]

Сент Етјен и Брест[уреди | уреди извор]

На 10 август 2015 година, Мопе преминал во Сент Етјен потпишувајќи четиригодишен договор со овој клуб во трансфер вреден од 500.000 евра.[13] Своето деби во зелено-белиот дрес го направил на 23 август, во натпреварот од првенството против Лорјан, додека на четири дена подоцна, на 27 август, тој го забележал својот прв настап во едно европско натпреварување, појавувајќи се од клупата во реванш натпреварот од плејофот на Лига Европа, во кој Сент Етјен бил подобар од молдавскиот претставник Милсами со 1-0 и се квалификувал во групната фаза од натпреварувањето. Својот прв и единствен погодок за Сент Етјен, Мопе го постигнал на 9 април, решавајќи го натпреварот против Троа, во кој тој влегол од клупата на местото на Кевин Моне-Паке во 71-вата минута и погодил само 4 минути подоцна.

На 20 јули 2016 година, Мопе му се приклучил на една лига пониско рангираниот клуб Брест на позајмица за една сезона.[14] Тој имал добар почеток на сезоната 2016–2017, постигнувајќи 10 гола во неговите први 21 натпревар,[15] Сепак, повредите со кои се соочил во декември 2016 и февруари 2017 ја нарушиле неговата добра форма и тој ја завршил сезоната со 12 гола на 31 настап.

Брентфорд[уреди | уреди извор]

На 14 јули 2017 година, Мопе се преселил во Англија за да му се приклучи на клубот од второто ниво, Брентфорд, со кој потпишал четиригодишен договор,[16] откако клубот му платил на Сент-Етјен 1.6 милиони фунти.[17] Својот прв гол за пчелчките го постигнал на 12 август 2017, во поразот со 4-3 од Нотингем Форест.[18] До средината на декември, Мопе се сметал за златна резерва или за најдобрата замена во лигата, откако четири од неговите пет првенствени гола биле постигнати влегувајќи од клупата.[19] Тој се пробил во стартната постава во вториот дел од сезоната, откако дотогашниот прв избор на неговата позиција Ласе Вибе го напуштил Грифин Парк во јануари 2018 година.[20][21] Мопе влегол во одлична форма во периодот помеѓу средината на јануари и средината на април, забележувајќи серија од седум гола на 15 натпревари.[18] Тој ја завршил сезоната 2017-2018 со вкупно 46 настапи (42 во лигата) и како најдобар стрелец во клубот, со 13 гола.[18][22]

Следната сезона, Мопе уживал во одличниот почеток постигнувајќи 13 гола во неговите први 17 настапи во Чемпионшип 2018-2019.[23] Сезоната ја завршил со вкупно 28 гола во 49 настапи.[23] Во првенството тој постигнал 25 гола, завршувајќи изедначен на второто место со Тами Абрахам, двајцата имале 4 гола помалку од најдобриот стрелец во лигата за сезоната Теему Пуки од Норич Сити. И покрај големиот придонес во вид на голови од страна на Мопе, Брентфорд завршил само на средината од табелата без можности да се бори за промоција, но напорите на францускиот напаѓач биле препознаени и наградени откако тој бил избран за Играч на сезоната на Брентфорд.[24]

Брајтон[уреди | уреди извор]

Мопе (со дресот со број 9) играјќи за Брајтон во пријателски натпревар против Еспањол во летото 2022

На 5 август 2019, Мопе потпишал за членот на Премиер лигата, Брајтон енд Хоув Албион.[25] Сумата на трансферот изнесувала околу 20 милиони фунти, а играчот потпишал четиригодишен договор.[26]

Тој постигнал гол уште на своето деби во Премиер лигата во првиот натпревар на Брајтон за сезоната, победата со 3–0 на гостувањето кај Вотфорд.[27] На 14 септември, Мопе го отворил резултатот во ремито 1–1 против Барнли, постигнувајќи го својот прв гол на домашен терен за клубот од Источен Сасекс.[28] Својот 10-ти гол за сезоната го постигнал во ремито 1-1 на гостувањето против Саутхемптон на 16 јули 2020 година, помагајќи му на Брајтон да заработи важен бод во борбата за опстанок.[29] Својата прва сезона во Премиер лигата ја завршил со 37 настапи и 10 гола.

Во следната сезона, Мопе ги постигнал својте први голови во вториот натпревар на Брајтон во првенството, постигнувајќи два гола за само седум минути во успехот со 3-0 на гостувањето кај Њукасл Јунајтед.[30] На 26 септември, тој се нашол во центарот на случувањата поради една бизарна ситуација; во завршницата од натпреварот против Манчестер Јунајтед на домашен терен тој играл со рака во својот шеснаесеттник, но откако судијата тоа не го видел играта продолжила за набргу потоа да уследи и последниот судиски свиреж за крај на натпреварот. Сепак, откако дал знак за крај на натпреварот, судијата Крис Кавана бил повикан од ВАР да ја провери ситуацијата, по што досудил пенал за Манчестер Јунајтед, кој Бруно Фернандеш го претворил во гол и победа за гостите од 3-2.[31] На 9 мај 2021, во поразот од 2–1 на гости кај Вулверхемптон Вондерерс тој бил исклучен по завршувањето натпреварот поради расправија со судијата, Џонатан Мос. Како резултат на тоа, Мопе бил суспендиран за последните три натпревари од сезоната, завршувајќи ја истата со 8 постигнати голови.[32]

Евертон[уреди | уреди извор]

На 26 август 2022, Мопе потпишал тригодишен договор со Евертон за необјавена сума.[33]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Мопе има право да игра да игра за националните селекции на Франција и на Аргентина.[2]

Тој играл за младите репрезентации на Франција под 16 и под 17 години во периодот 2011 до 2013 година. Во 2014 година, тој го направил своето деби во две различни репрезентации: најпрво на 4 март дебитирал за репрезентацијата под 21 година во победата со 1-0 над Белорусија во квалификациите за Европското првенство 2015, а околу седум месеци подоцна, на 8 октомври, дебитирал за репрезентацијата под 19 години постигнувајќи го притоа и својот прв гол во оваа возрасна категорија во победата со 2-1 над Македонија во квалификациите за Европското првенство 2015.

Во јули 2015 година, со репрезентацијата под 19 години, Мопе настапил на Европското првенство за играчи на оваа возраст во Грција, каде неговата селекција стигнала до полуфиналето во кое загубила од Шпанија.

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 14 јануари 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2012-2013 Франција Ница Л1 15 3 КФ+ЛКФ 2+2 0+1 - - - - - - 19 4
2013-2014 Л1 16 2 КФ+ЛКФ 1+2 0+1 ЛЕ 0 0 - - - 19 3
2014-2015 Л1 13 1 КФ+ЛКФ 1+1 1+0 - - - - - - 15 2
Вкупно Ница 44 6 9 3 0 0 - - 53 9
2015-2016 Франција Сент Етјен Л1 15 1 КФ+ЛКФ 4+1 2+0 ЛЕ 3 0 - - - 23 1
2016-2017 Франција Брест Л2 28 11 КФ+ЛКФ 2+2 0+2 - - - - - - 32 13
2017-2018 Англија Брентфорд ФЛЧ 42 12 ФАКуп+ЛК 1+3 0+1 - - - - - - 46 13
2018-2019 ФЛЧ 43 25 ФАКуп+ЛК 4+2 3+0 - - - - - - 49 28
Вкупно Брентфорд 85 37 10 4 - - - - 95 41
2019-2020 Англија Брајтон ПЛ 37 10 ФАКуп+ЛК 1+0 0+0 - - - - - - 38 10
2020-2021 ПЛ 33 8 ФАКуп+ЛК 2+1 0+0 - - - - - - 36 8
2021-2022 ПЛ 32 8 ФАКуп+ЛК 2+1 1+0 - - - - - - 35 9
Вкупно Брајтон 102 26 7 1 - - - - 109 27
2022-2023 Англија Евертон ПЛ 4 1 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 - - - - - - 4 1
Вкупно во кариерата 278 82 35 12 3 0 - - 316 92

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Франција Ница[уреди | уреди извор]

2011-2012

Индивидуални[уреди | уреди извор]

2018-2019[24]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Prospect: Neal Maupay | Get French Football News“. www.getfootballnewsfrance.com. Посетено на 15 July 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 „ASSE – EXCLU Zidane, Manchester United, Eysseric… Les confessions de Maupay“. But! Football Club (француски). Посетено на 15 July 2017.
  3. Maupay: I read before kick-off to relax brightonandhovealbion.com
  4. „Brentford FC Neal Maupay ready for Griffin Park return“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-03-05. Посетено на 15 July 2017.
  5. 5,0 5,1 5,2 Нил Мопе на soccerway. Посетено на 15 July 2017.
  6. 6,0 6,1 „Neal Maupay Player Profile – ESPN FC“. www.espnfc.com. Посетено на 15 July 2017.
  7. „Maupay dans le groupe face à Brest“. Ouest-France (француски). 14 September 2012. Архивирано од изворникот на 13 February 2013. Посетено на 16 September 2012.
  8. „Nice v. Brest Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 15 September 2012. Посетено на 16 September 2012.
  9. 9,0 9,1 „Neal Maupay: 1996 - Francia“. Архивирано од изворникот на 2012-12-22. Посетено на 18 december 2012. Занемарен непознатиот параметар |urlarchive= (help); Занемарен непознатиот параметар |datearchive= (help); Занемарен непознатиот параметар |deadurl= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  10. „Soccer-Nice striker Maupay out for rest of the season“. Reuters. 17 April 2013. Посетено на 20 August 2016.
  11. Le Lay, Maxime (7 October 2018). „Football. Neal Maupay : " J'ai vraiment adoré mon passage à Brest ". Ouest-France (француски). Посетено на 7 October 2018.
  12. „Ligue1.com – Bahebeck, Maupay bolster Sainté attack“. www.ligue1.com (англиски). Посетено на 15 July 2017.
  13. „Saint-Etienne: Maupay a signé“. Архивирано од изворникот на 2015-12-23. Посетено на 2022-03-05.
  14. „Saint-Etienne prête Neal Maupay à Brest“. L'Equipe (француски). 20 July 2016. Посетено на 20 August 2016.
  15. „Neal Maupay Player Profile – ESPN FC“. www.espnfc.com. Посетено на 15 July 2017.
  16. „Neal Maupay joins from Saint-Etienne“. Brentford FC. 14 July 2017. Архивирано од изворникот на 2017-07-14. Посетено на 14 July 2017.
  17. Thomas, Lyall (14 July 2017). „Brentford sign striker Neal Maupay from Saint-Etienne“. Sky Sports. Посетено на 14 July 2017.
  18. 18,0 18,1 18,2 „Натпревари одиграни од Нил Мопе во 2017/2018“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 15 July 2017.
  19. Dubas-Fisher, David (11 December 2017). „Neal Maupay is the Championship's top super-sub so far“. getwestlondon. Посетено на 11 December 2017.
  20. „Neal Maupay Player Profile – ESPN FC“. www.espnfc.com. Посетено на 18 February 2018.
  21. „Brentford FC "It's been a good day" (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-03-06. Посетено на 18 February 2018.
  22. „Brentford FC Player Appearances | Past & Present | Soccer Base“. www.soccerbase.com. Посетено на 6 May 2018.
  23. 23,0 23,1 „Натпревари одиграни од Нил Мопе во 2018/2019“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 4 August 2018.
  24. 24,0 24,1 „Maupay takes the honours at Player of the Year Dinner“. www.brentfordfc.com (англиски). Посетено на 6 May 2019.
  25. „ALBION SIGN FRENCH STRIKER“. www.brightonandhovealbion.com. 5 August 2019. Архивирано од изворникот на 5 August 2019. Посетено на 5 August 2019.
  26. „Neal Maupay: Brighton sign Brentford forward for reported £20m“. BBC Sport. 5 August 2019.
  27. „Watford 0–3 Brighton: Neal Maupay scores on Seagulls debut - BBC Sport“. BBC Sport. 10 August 2019. Посетено на 11 August 2019.
  28. „Brighton & Hove Albion 1-1 Burnley: Jeff Hendrick scores in stoppage time to earn visitors a point - BBC Sport“. BBC Sport. 14 September 2019. Посетено на 15 September 2019.
  29. „Ings goal keeps Brighton waiting - BBC Sport“. BBC Sport. 16 July 2020. Посетено на 16 July 2020.
  30. „Newcastle United 0–3 Brighton & Hove Albion: Neal Maupay scores two in superb Seagulls win - BBC Sport“. BBC Sport. 20 September 2020. Посетено на 20 September 2020.
  31. „Brighton 2–3 Man Utd: Dramatic injury-time penalty gives Manchester United victory – BBC Sport“. BBC Sport. 26 September 2020. Посетено на 26 September 2020.
  32. „Wolves 2-1 Brighton: Nuno eagar to 'build and improve' players - BBC Sport“. BBC Sport. 9 May 2021. Посетено на 9 May 2021.
  33. „Maupay signs for Everton“. Everton F.C. 26 August 2022. Посетено на 26 August 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]