Прејди на содржината

Теему Пуки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Теему Пуки
Лични податоци
Роден на 29 март 1990(1990-03-29)(36 г.)
Роден во Котка, Финска
Држава Финска Финска
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб ХЈК Хелсинки ХЈК Хелсинки
Број 20
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2008 КооТееПее КооТееПее 29 (3)
2008-2010 Севиља Севиља 1 (0)
2008-2010 Севиља Атлетико Севиља Атлетико 17 (3)
2010-2011 ХЈК Хелсинки ХЈК Хелсинки 25 (13)
2011-2013 Шалке 04 Шалке 04 37 (8)
2013-2015 Селтик Селтик 26 (7)
2015-2018 Брондби Брондби 130 (55)
2018-2023 Норич Сити Норич Сити 198 (87)
2023-2024 Минесота Јунајтед Минесота Јунајтед 35 (14)
2025- ХЈК Хелсинки ХЈК Хелсинки 29 (14)
Репрезентација
2005 Финска Финска 15 4 (4)
2006 Финска Финска 16 13 (7)
2006-2007 Финска Финска 17 12 (5)
2007-2008 Финска Финска 18 18 (5)
2009 Финска Финска 19 3 (2)
2007-2011 Финска Финска 21 23 (6)
2009-2025 Финска Финска 132 (42)

Теему Пуки (роден на 29 март 1990 година, во Котка) — фински фудбалер, напаѓач на ХЈК Хелсинки и на финската репрезентација.

Пуки ја започнал кариерата во екипата на КооТееПее, за која дебитирал уште во 2005 година, на возраст од само 15 години во натпревар од Купот на Финска.[1] Во јануари 2008 година, тој се преселил во шпанската Севиља, но таму немал премногу можности да игра и по само еден одигран натпревар во шпанското првенство се вратил во татковината каде играл за ХЈК Хелсинки. Со оваа екипа, тој го освоил финското првенство во 2010 година и бил дел од тимот што го освои првенство и купот на неговата земја во 2011 година. Во август 2011 година, Пуки се преселил во Шалке 04, Германија, за рекордна сума која ја заработил некој фински клуб од 1,3 милиони евра. Но не можејќи да се избори за поголема минутажа во Гелзенкирхен, во летото 2013 година тој заминал во Селтик, каде го освоил шкотското првенство, а една година подоцна му се приклучил на данскиот Брондби. Во Брондби поминал четири сезони, а најголемиот успех го постигнал со освојувањето на Купот на Данска во неговата последна сезона во клубот. Во 2018 година, Пуки потпишал за англискиот Норич Сити, кому веќе во првата своја сезона му помогнал да избори промоција во Премиер лигата, откако го водел клубот до титулата во Чемпионшип со 29 постигнати гола. По пет години поминати во промоции и испаѓања со Норич, тој потпишал за Минесота Јунајтед

За финската репрезентација настапувал во периодот од 2009 до 2025 година, претставувајќи ја на Европското првенство 2020. Во националниот дрес одиграл 132 натпревари, наоѓајќи се на второ место на вечната листа зад Јари Литманен, кого токму го престигнал на листата на стрелците за репрезентацијата, каде моментално Пуки го зазема првото место со 42 постигнати гола.

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Тој е центарфор со големо чувство за постигнување голови.[2] Меѓу најголемите негови квалитети се движењето без топка,[2] способноста да се уфрла зад противничката одбрана,[2] способноста да ја задржи топката и да изврши пресинг врз противниците.[2] Исто така, е многу ладнокрвен при изведувањето на ударите од белата точка.[2][3]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

КооТееПее

[уреди | уреди извор]

Пуки ја започнал својата кариера во КооТееПее, екипа од неговиот роден град Котка. Своето деби како професионален фудбалер го имал на 23 јуни 2005 година, на возраст од само 15 години во натпревар од Купот на Финска.[1] На почетокот од следната сезона, под водството на Јане Хипонен тој дебитирал и во првенството на Финска, влегувајќи во 88-мата минута од натпреварот КооТееПее-ХЈК Хелсинки 2-1. Пуки запишал пет настапи во неговата прва сезона, сите влегувајќи од клупата за резерви.

Во мај 2007 година, тој го продолжил својот договор со клубот до 2009 година. Во сезоната 2007, тој одиграл 24 првенствени натпревари и го постигнал својот прв првенствен погодок на 3 мај 2007 година, во победата со 1-0 на гостувањето кај Викингит, со што станал првиот стрелец на гол во историјата на Вејкауслигата роден во 90-тите години на минатиот век.[4] Само шест дена подоцна, тој додал уште два гола во победата со 3-0 над Оулу, завршувајќи ја сезоната со вкупно 3 гола на својата сметка.[5]

Севиља и Севиља Атлетико

[уреди | уреди извор]

Во јануари 2008 година, Пуки потпишал договор на три и пол години со шпанската Севиља. Откако по доаѓањето најпрво играл за јуниорите, за сезоната 2008-2009, тој бил промовиран во Севиља Атлетико, вториот тим на андалусијците, кој се натпреварувал во Сегунда Дивисион - второто ниво на Шпанија. Дебитирал во Сегунда Дивисион на 4 октомври 2008 година, во натпреварот Севиља Атлетико-Реал Сосиедад;[6] започнувајќи го натпреварот во почетната постава, Пуки го постигнал единствениот гол на натпреварот, со кој и обезбедил прва победа на Севиља Атлетико за сезоната. Тој постигнал уште два гола во Сегунда во месец ноември, и како награда за добрата форма бил повикан во првиот тим за натпреварот против Реал Мадрид на почетокот на декември. Иако во тој натпревар не влегол во игра, своето деби за првиот тим на Севиља во Примера Дивисион го направил само околу месец дена подоцна, на 25 јануари 2009, кога влегол од клупата за резерви на местото на Ивица Драгутиновиќ во поразот на домашен терен од Расинг Сантандер. Така, тој станал вториот финец по Јари Литманен кој играл во најсилната шпанска лига. Остатокот од сезоната поминал во знакот на повредата на скочниот зглоб, со која се здобил во март 2009 година, и која го извадила од акција за шест недели.

Во сезоната 2009-2010, Севиља Атлетико играла во Сегунда Дивисион Б, откако претрпеле испаѓање од второто ниво во претходната сезона. Втората сезона во Б тимот на Севиља била тешка за младиот фински напаѓач, кој особено по смената на тренерот во февруари 2010 година и доаѓањето на Рамон Техада, се поретко се наоѓал дури и на клупата за резерви. Вкупно, Пуки одиграл 16 натпревари во текот на сезоната, од кои само четири во почетниот состав. По напорната сезона, Пуки објавил дека повеќе не сака да остане во Севиља, иако имал договор и за следната сезона.

ХЈК Хелсинки

[уреди | уреди извор]
Пуки играјќи за ХЈК Хелсинки.

Пуки се вратил во Финска во август 2010 година, потпишувајќи три и пол годишен договор со ХЈК Хелсинки.[7] Дебитирал на 30 август во натпревар против Мариехам, додека својот прв гол го постигнал веќе во следниот натпревар против Јаро. За време на сезоната 2010, Пуки одиграл 7 натпревари и постигнал 2 гола во финското првенство помагајќи му на клубот да ја освои титулата. Тој, исто така, играл и во финалето на Купот на Финска, влегувајќи како замена на полувремето, но таму неговиот тим останал без пехарот откако бил поразен од ТПС со 0-2.

За време на сезоната 2011 тој постигнал 11 гола и забележал 8 асистенции на 18 првенствени натпревари, со кој бил клучна фигура во составот на ХЈК кој ја одбранил титулата од претходната сезона. Неговите перформанси довеле до тоа да биде избран во Ол-стар тимот на финската лига за 2011 година.[8] Во квалификациите за Лигата на шампионите, тој постигнал два гола во победата со 10-0 над Бангор Сити, пред Хелсинки да биде елиминиран во следната рунда од Динамо Загреб. Така, тие го продолжиле своето европско искуство во Лигата на Европа, каде противник им бил Шалке 04; во првиот натпревар одигран во Финска, Хелсинки победил со 2-0, а Пуки бил стрелец на двата гола.[9] Во реваншот германците славеле со 6-1, а Пуки одново бил стрелец.[10]

Откако го импресионирал раководството на Шалке 04 во двомечот од Лигата на Европа, на 31 август 2011 германскиот клуб го купил Пуки за сума од 1,3 милиони евра потпишувајќи тригодишен договор со играчот.[11] Своето деби го направил на 18 септември 2011, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Клас-Јан Хунтелар во поразот со 0-2 на домашен терен од Бајерн Минхен.[12] Во својот трет натпревар за Шалке, а воедно и прв кој го започнал во почетната постава, Пуки ги постигнал својте први два гола за тимот од Гелзенкирхен во ремито 2-2 на гостувањето против Хановер.[13] Со тоа, тој станал третиот Финец кој постигнал два гола на еден натпревар во германската Бундеслига, по Ари Хјелм и Паси Раутиаинен.[14] Во сезоната 2011–2012, Пуки одиграл вкупно 19 првенствени натпревари, главно влегувајќи како замена, на кои постигнал пет погодоци. Исто така, одиграл два натпревари без постигнат гол во Купот на Германија, додека во Лига Европа не можел да игра бидејќи го претставувал ХЈК во истото натпреварување.

Пуки со Шалке 04 во 2013 година

За време на сезоната 2012–2013, тој многу почесто бил на клупата за резерви отколку на теренот: во првите дванаесет натпревари од Бундеслигата, тој се појавил во игра само еднаш. Во Лигата на шампионите, Пуки дебитирал во натпреварот против Монпелје (2-2) на 3 октомври 2012 година, започнувајќи го натпреварот во почетната постава.[15] Пуки добил малку поголема минутажа кон крајот на есента, но слабите резултати на тимот довеле до промена на тренерот.[16] Така, Хуб Стевенс тренерската клупа му ја препуштил на Јенс Келер, кај кого Пуки редовно играл влегувајќи како замена. Сезоната ја завршил со вкупно 24 настапи и 3 гола во сите натпреварувања.

На почетокот на следната сезона, Пуки одиграл два натпревари пред да го напушти клубот кон крајот на август 2013. Својот последен натпревар за Шалке го одиграл на 21 август 2013, во ремито 1-1 на домашен терен против грчкиот ПАОК во квалификациите за Лигата на шампионите. Вкупно за Шалке одиграл 47 натпревари и постигнал 8 голови.

На 31 авгист 2013, Пуки потпишал четиригодишен договор со Селтик, комплетирајќи го својот трансфер од Шалке 04 во Шкотска за необјавена сума.[17] Тој успеал да се впише во листата на стрелците уште на своето деби во победата со 3-1 на гостувањето кај Хартс на 14 септември 2013 година. Една недела подоцна, тој постигнал гол и на своето деби пред домашната публика во победата со 2-1 над Сент Џонстон.[18] На 14 декември, со својот трет гол за сезоната му донел победа на Селтик на домашен терен против Хибернијан со 1-0. Генерално, првата сезона на Пуки во Селтик се сметала за разочарување бидејќи се тој се мачел со формата и не успеа да ја пополни празнината што ја оставил Гари Хупер кој замина на почетокот на сезоната.[19][20] Самиот Пуки подоцна го признал недостатокот на влијание што го оставил, признавајќи дека првично чувствувал дека играњето во Шкотска ќе биде „полесно“ отколку во Германија.[21] Тој сметал дека брзината и физичката сила во играта во Шкотска е тешко да се прилагодат и изјавил: "Шкотскиот фудбал не е лесен. Тоа, воопшто не е слаба лига".[21] Сепак, на 26 март 2014, со Селтик ја освоил титулата во Премиер лигата на Шкотска, за која придонел со 26 настапи и 7 гола.[22][23] Тој забележал 5 настапи и во Лигата на шампионите, каде Селтик играле во група со поранешните европски шампиони Барселона, Милан и Ајакс.

Во септември 2014 година, Пуки му се придружил на неговиот сонародник Лукаш Храдецки во редовите на данскиот клуб Брондби. Договорот бил на заем до крајот на сезоната, но вклучувал и опција Брондби трајно да го откупи играчот.[24] Пуки за прв пат играл во Суперлигата на Данска на 14 септември 2014 година во натпреварот Брондби - Рандерс (0-2).[25] Првиот гол во данската лига Пуки го постигнал на 28 септември на гостувањето против Есбјерг, кога го довел својот тим во водство од 0-1, во натпревар што завршил 2-2.[26] Тој веднаш го зазел своето место во почетниот состав на Брондби и по своето деби ги одиграл сите 27 натпревари во почетната постава. Тој бил најдобар стрелец на тимот со 9 гола, што бил негов личен рекорд на постигнати првенствени голови за некој странски клуб во текот на една сезона.[27][28]

Во јуни 2015 година, Брондби објавил дека ќе ја искористи опцијата за откуп вклучена во договорот за заем на Пуки, потпишувајќи тригодишен договор со финскиот напаѓач. Клубовите не ја обелодениле сумата на трансферот, но според извештаите во медиумите, Брондби платил помалку од милион евра.[29][30] Сезоната 2015-2016 за данскиот клуб и Пуки започнала со квалификациите за Лига Европа. Пуки постигнал 3 гола во првите три квалификациски кола, но во плејоф рундата Брондби бил елиминирани од грчкиот ПАОК и не успеале да влезат во фазата по групи. Пуки бил клучен играч на Брондби и во данското првенство каде ги одиграл сите 33 првенствени натпревари, постигнувајќи како и во минатата сезона - 9 гола.

Пуки (жолт дрес) играјќи за Брондби во 2016.

Сезоната 2016–2017, била најдобрата за Пуки во неговата дотогашна кариера. Како и во претходната сезона, Брондби повторно играл во квалификациите за Лига Европа. Пуки постигнал три гола во отстранувањето на исландскиот Валур со вкупен резултат 10-1, а во реваншот од третото коло против германската Херта Берлин, тој постигнал хет-трик во победата со 3-1 помагајќи му на Брондби да го поништи дефицитот од првиот натпревар (завршил 1-0 за Херта) и да се пласита во плејоф рундата втора година по ред. Сепак, како и пред 12 месеци, таму жолто-сините биле елиминирани од еден грчки клуб, но овојпат тоа бил Панатинаикос. Во Суперлигата на Данска Пуки одиграл 34 од 36 првенствени натпревари, и постигнал 20 голови, со кои повторно бил најдобар стрелец на Брондби и воедно втор стрелец во лигата, зад Маркус Ингвартсен од Нордсјеланд кој постигнал три повеќе. Тој постигнал три гола и во Купот на Данска, вклучувајќи го и голот во финалето против Копенхаген, кое Брондби го загубиле со 3-1.[31]

Второто место освоено во данското првенство во претходната сезона, му овозможило на Брондби повторно да игра во квалификациите за Лига Европа. Овојпат тие започнале од второто коло, во кое го елиминирале финскиот ВПС (Пуки постигнал гол во првиот натпревар што завршил 2-0 за Брондби), а во следното испаднале од хрватскиот Хајдук Сплит. Во лигата постигнал 11 гола на 26 натпревари. Во својата последна сезона со клубот, Пуки се простил од Брондби со првиот освоен трофеј со овој клуб, после победата во Купот на Данска во кое жолто-сините биле подобри од Силкеборг со 3-1.

Вкупно во четирите поминати сезони во дресот на Брондби, Пуки одиграл вкупно 164 натпревари и постигнал 72 гола.

Норич Сити

[уреди | уреди извор]

На 30 јуни 2018, Пуки како слободен играч потпишал тригодишен договор со англискиот Норич Сити, кој во сезоната 2018-2019 се натпреварувал во Чемпионшип, второто ниво на англискиот фудбал.[32] Дебитирал на 4 август, играјќи го целиот натпревар во ремито 2-2 против Бирмингем Сити,[33] а една недела подоцна го постигнал својот прв гол во поразот на домашен терен од Вест Бромвич Албион со 3-4. После не многу ефикасниот почеток, Пуки влегол во форма во ноември постигнувајќи четири гола во првите два натпревари од месецот, а својот 10-ти погодок за сезоната во Чемпионшип го постигнал на 24 ноември 2018, во победата со 4-1 на гостувањето кај Свонзи Сити. На 10 февруари 2018, со двата гола против Ипсвич Таун во победата со 3-0, Пуки стигнал до бројката од 20 гола во лигата за сезоната 2018-2019, изедначувајќи го рекордот по бројот на постигнати голови од фински фудбалер во оваа лига поставен од поранешниот играч на Ипсвич, Шефки Кучи, во сезоната 2004-2005. Само три дена подоцна, со голот против Престон Норт Енд, тој го надминал Кучи станувајќи првиот финец кој постигнал 21 гол во Чемпионшип.[34] Својот 29-ти и последен гол за сезоната, го постигнал во победата со 2-1 на гостувањето кај Астон Вила, во последното коло.

Завршувајќи ја сезоната со 29 голови, Пуки бил најдобар стрелец во Чемпионшип за сезоната и исто така бил избран за Играч на сезоната во Чемпионшип.[35] Веќе во првата своја сезона во Норфолк, тој му помогнал на Норич да ја освои титулата во второто ниво на англискиот фудбал и да избори промоција во Премиер лигата, враќајќи се таму после тригодишно отсуство.

Пуки (жолт дрес бр. 22) играјќи за Норич Сити против Манчестер Јунајтед

На 3 јули 2019, Пуки потпишал нов тригодишен договор со Норич.[36] Пуки дебитирал во Премиер лигата на 9 август 2019, во поразот со 4-1 од Ливерпул на Анфилд, во кој го постигнал единствениот гол за Норич.[37] Осум дена подоцна, во второто коло од сезоната тој постигнал хет-трик против Њукасл Јунајтед во победата со 3-1, станувајќи само вториот финец по Микаел Форсел кој успеал да постигне хет-трик во Премиер лигата и првиот играч на Норич Сити кој го сторил тоа во еден натпревар од Премиер лигата уште од Ефан Екоку против Евертон во септември 1993.[38][39] Сезоната ја завршил со 38 настапи (36 во лигата и 2 во ФА Купот) и 11 голови, но последниот гол за сезоната го постигнал уште во јануари 2020, во поразот со 1-2 од Тотенхем на Кароу Роуд. На крајот од сезоната, Норич испаднал од лигата и се вратил во Чемпионшип, завршувајќи на последното место.[40][41]

Во сезоната 2020-2021, Пуки постигнал 26 гола за канаринците помагајќи им експресно да се вратат во елитата. На 14 март 2021, со својот 21 гол за сезоната, Пуки станал најбрзиот играч кој стигнал до бројката од 50 гола во Чемпионшип, во историјата на оваа лига. За тоа му биле потребни само 75 натпревари надминувајќи го претходниот рекорд кој го држеле Двајт Гејл и Шон Гоутер. Во април 2021 година, тој бил вклучен Тимот на сезоната во Чемпионшип и бил номиниран за наградата Играч на сезоната во Чемпионшип,[42][43] која последователно му припаднала на неговиот соиграч Емилијано Буендија.[43]

Минесота Јунајтед

[уреди | уреди извор]

На 27 јуни 2023, Пуки со слободен трансфер се приклучил на екипата од МЛС лигата, Минесота Јунајтед, како нивен назначен играч до јуни 2025.[44]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Пуки ја претставувал својата Финска, во сите младински селекции од под 15 години до под 21 година. Со репрезентацијата под 21 година, тој учествувал на Европското првенство под 21 година во 2009 година.

Своето деби за сениорската репрезентација на Финска го направил на 4 февруари 2009, кога селекторот Стјуарт Бакстер го искористил како замена во пријателскиот натпревар против Јапонија во Токио.[45][46] Својот прв погодок во дресот со националниот грб го постигнал после повеќе од три години од своето деби, на 26 мај 2013, во победата со 3-2 во пријателски натпревар против Турција.

Во квалификациите за Европското првенство 2020, Пуки постигнал 10 гола за Финска, помагајќи и на својата земја за првпат во својата историја да се пласира на едно големо натпреварување.

На 14 ноември 2025 го одиграл својот последен натпревар за репрезентацијата, загубен со 0-1 од Малта во Хелсинки, во квалификациите за Светското првенство 2026.[47]

Својата репрезентативна кариера ја завршил со 132 настапи и 42 гола, со што во споменатите категории ги зазема соодветно второто (единствено зад Јари Литманен) и првото место во историјата на финската репрезентација.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Финска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
4-2-2009ФукуокаЈапонија Јапонија5 – 1Финска ФинскаПријателска-влегол во игра 67'
3-3-2010Та КалиМалта Малта1 – 2Финска ФинскаПријателска-влегол во игра 83'
21-5-2010ТалинЕстонија Естонија2 – 0Финска ФинскаПријателска-влегол во игра 46'
10-8-2011РигаЛатвија Латвија0 – 2Финска ФинскаПријателска-заменет 46'
2-9-2011ХелсинкиФинска Финска4 – 1Молдавија МолдавијаКвал. за ЕП 2012-влегол во игра 61'
6-9-2011ХелсинкиФинска Финска0 – 2Холандија ХоландијаКвал. за ЕП 2012-заменет 61'
7-10-2011ХелсинкиФинска Финска1 – 2Шведска ШведскаКвал. за ЕП 2012-заменет 60'
11-10-2011БудимпештаУнгарија Унгарија0 – 0Финска ФинскаКвал. за ЕП 2012-влегол во игра 84'
15-11-2011ЕсбјергДанска Данска2 – 1Финска ФинскаПријателска-
29-2-2012КлагенфуртАвстрија Австрија3 – 1Финска ФинскаПријателска-заменет 87'
26-5-2012ХелсинкиФинска Финска3 – 2Турција ТурцијаПријателска1заменет 76'
1-6-2012ТартуЕстонија Естонија1 – 2Финска ФинскаБалтички куп 2012-заменет 46'
3-6-2012ВируФинска Финска1 – 1 прод.
(3 – 5 пен.)
Латвија ЛатвијаБалтички куп 2012-заменет 76'
15-8-2012БелфастСеверна Ирска Северна Ирска3 – 3Финска ФинскаПријателска1заменет 46'
7-9-2012ХелсинкиФинска Финска0 – 1Франција ФранцијаКвал. за СП 2014-
11-9-2012ТеплицеЧешка Чешка0 – 1Финска ФинскаПријателска1заменет 88'
12-10-2012ХелсинкиФинска Финска1 – 1Грузија ГрузијаКвал. за СП 2014-заменет 62'
14-11-2012НикозијаКипар Кипар0 – 3Финска ФинскаПријателска1заменет 70'
6-2-2013НетанијаИзраел Израел2 – 1Финска ФинскаПријателска-
22-3-2013ХихонШпанија Шпанија1 – 1Финска ФинскаКвал. за СП 20141заменет 90+3'
26-3-2013ЛуксембургЛуксембург Луксембург0 – 3Финска ФинскаПријателска-заменет 46'
7-6-2013ХелсинкиФинска Финска1 – 0Белорусија БелорусијаКвал. за СП 2014-заменет 77'
11-6-2013ГомелБелорусија Белорусија1 – 1Финска ФинскаКвал. за СП 20141заменет 77'
14-8-2013ТуркуФинска Финска2 – 0Словенија СловенијаПријателска-заменет 79'
6-9-2013ХелсинкиФинска Финска0 – 2Шпанија ШпанијаКвал. за СП 2014-заменет 81'
10-9-2013ТбилисиГрузија Грузија0 – 1Финска ФинскаКвал. за СП 2014-
15-10-2013Сен ДениФранција Франција3 – 0Финска ФинскаКвал. за СП 2014-заменет 86'
16-11-2013КардифВелс Велс1 – 1Финска ФинскаПријателска-заменет 63'
5-3-2014ЃерУнгарија Унгарија1 – 2Финска ФинскаПријателска-заменет 89'
21-5-2014ХелсинкиФинска Финска2 – 2Чешка ЧешкаПријателска2заменет 83'
29-5-2014ВентспилсФинска Финска0 – 1Литванија ЛитванијаБалтички куп 2014-заменет 46'
31-5-2014ВентспилсЕстонија Естонија0 – 2Финска ФинскаБалтички куп 2014-заменет 73'
7-9-2014ТоршавнФарски Острови Фарски Острови1 – 3Финска ФинскаКвал. за ЕП 2016-заменет 89'
11-10-2014ХелсинкиФинска Финска1 – 1Грција ГрцијаКвал. за ЕП 2016-заменет 70'
14-10-2014ХелсинкиФинска Финска0 – 2Романија РоманијаКвал. за ЕП 2016-заменет 46'
14-11-2014БудимпештаУнгарија Унгарија1 – 0Финска ФинскаКвал. за ЕП 2016-заменет 65'
18-11-2014ЖилинаСловачка Словачка2 – 1Финска ФинскаПријателска-влегол во игра 46'
19-1-2015Абу ДабиШведска Шведска0 – 1Естонија ЕстонијаПријателска-заменет 61'
29-3-2015БелфастСеверна Ирска Северна Ирска2 – 1Финска ФинскаКвал. за ЕП 2016-влегол во игра 70'
9-6-2015ТуркуФинска Финска0 – 2Естонија ЕстонијаПријателска-влегол во игра 46'
13-6-2015ХелсинкиФинска Финска0 – 1Унгарија УнгаријаКвал. за ЕП 2016-заменет 46'
4-9-2015ПирејГрција Грција0 – 1Финска ФинскаКвал. за ЕП 2016-заменет 67'
8-10-2015БукурештРоманија Романија1 – 1Финска ФинскаКвал. за ЕП 2016-
11-10-2015ХелсинкиФинска Финска1 – 1Северна Ирска Северна ИрскаКвал. за ЕП 2016-влегол во игра 66'
10-1-2016Абу ДабиШведска Шведска3 – 0Финска ФинскаПријателска- заменет 63'
13-1-2016Абу ДабиФинска Финска0 – 1Исланд ИсландПријателска-
26-3-2016ВроцлавПолска Полска5 – 0Финска ФинскаПријателска-влегол во игра 62'
29-3-2016ОслоНорвешка Норвешка2 – 0Финска ФинскаПријателска-заменет 63'
6-6-2016ВеронаИталија Италија2 – 0Финска ФинскаПријателска-заменет 46'
31-8-2016МенхенгладбахГерманија Германија2 – 0Финска ФинскаПријателска-влегол во игра 46'
5-9-2016ТуркуФинска Финска1 – 1Косово КосовоКвал. за СП 2018-заменет 73'
6-10-2016РејкјавикИсланд Исланд3 – 2Финска ФинскаКвал. за СП 20181
9-10-2016ТампереФинска Финска0 – 1Хрватска ХрватскаКвал. за СП 2018-
12-11-2016ОдесаУкраина Украина1 – 0Финска ФинскаКвал. за СП 2018-
24-3-2017АнталијаТурција Турција2 – 0Финска ФинскаКвал. за СП 2018-добил жолт картон во 68-мата минута 68'
28-3-2017ИнсбрукАвстрија Австрија1 – 1Финска ФинскаПријателска-заменет 58'
7-6-2017ТуркуФинска Финска1 – 1Лихтенштајн ЛихтенштајнПријателска-заменет 54'
11-6-2017ТампереФинска Финска1 – 2Украина УкраинаКвал. за СП 2018-заменет 68'
5-9-2017СкадарКосово Косово0 – 1Финска ФинскаКвал. за СП 20181
6-10-2017РиекаХрватска Хрватска1 – 1Финска ФинскаКвал. за СП 2018-влегол во игра 69'
9-10-2017ТуркуФинска Финска2 – 2Турција ТурцијаКвал. за СП 2018-заменет 82'
9-11-2017ХелсинкиФинска Финска3 – 0Естонија ЕстонијаПријателска-заменет 46'
23-3-2018БелекФинска Финска0 – 0Македонија МакедонијаПријателска-добил жолт картон во 45-тата минута 45'
26-3-2018БелекФинска Финска5 – 0Малта МалтаПријателска2заменет 76'
8-9-2018ТампереФинска Финска1 – 0Унгарија УнгаријаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза1
11-9-2018ХелсинкиФинска Финска1 – 0Естонија ЕстонијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза1заменет 90+1'
12-10-2018ТалинЕстонија Естонија0 – 1Финска ФинскаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза1добил жолт картон во 89-тата минута 89'
15-10-2018ХелсинкиФинска Финска2 – 0Грција ГрцијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-заменет 12'
15-11-2018АтинаГрција Грција1 – 0Финска ФинскаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-заменет 90+3'
18-11-2018БудимпештаУнгарија Унгарија2 – 0Финска ФинскаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-
23-3-2019УдинеИталија Италија2 – 0Финска ФинскаКвал. за ЕП 2020-заменет 83'
26-3-2019ЕреванЕрменија Ерменија0 – 2Финска ФинскаКвал. за ЕП 2020-
8-6-2019ТампереФинска Финска2 – 0Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаКвал. за ЕП 20202
11-6-2019ВадуцЛихтенштајн Лихтенштајн0 – 2Финска ФинскаКвал. за ЕП 20201
5-9-2019ТампереФинска Финска1 – 0Грција ГрцијаКвал. за ЕП 20201заменет 85'
8-9-2019ТампереФинска Финска1 – 2Италија ИталијаКвал. за ЕП 20201
12-10-2019ЗеницаБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина4 – 1Финска ФинскаКвал. за ЕП 2020-добил жолт картон во 88-мата минута 88'
15-10-2019ТуркуФинска Финска3 – 0Ерменија ЕрменијаКвал. за ЕП 20202
15-11-2019ХелсинкиФинска Финска3 – 0Лихтенштајн ЛихтенштајнКвал. за ЕП 20202заменет 84'
18-11-2019АтинаГрција Грција2 – 1Финска ФинскаКвал. за ЕП 20201
3-9-2020ХелсинкиФинска Финска0 – 1Велс ВелсУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-добил жолт картон во 47-мата минута 47'
6-9-2020ДаблинИрска Ирска0 – 1Финска ФинскаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-заменет 90+1'
11-10-2020ХелсинкиФинска Финска2 – 0Бугарија БугаријаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-заменет 87'
14-10-2020ХелсинкиФинска Финска1 – 0Ирска ИрскаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-заменет 81'
11-11-2020Сен ДениФранција Франција0 – 2Финска ФинскаПријателска-влегол во игра 80'
15-11-2020СофијаБугарија Бугарија1 – 2Финска ФинскаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза1заменет 89'
18-11-2020КардифВелс Велс3 – 1Финска ФинскаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза1заменет 90'
24-3-2021ХелсинкиФинска Финска2 – 2Босна и Херцеговина Босна и ХерцеговинаКвал. за СП 20222
28-3-2021КиевУкраина Украина1 – 1Финска ФинскаКвал. за СП 20221
31-3-2021Санкт ГаленШвајцарија Швајцарија3 – 2Финска ФинскаПријателска-влегол во игра 77'
Вкупно Настапи (6. место) 90 Голови (2. место) 30

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 20 мај 2021.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2006Финска КооТееПееВЛ50КФ+ЛКФ0+00------50
2007ВЛ243КФ+ЛКФ0+00------243
Вкупно КооТееПее29300----293
2008-2009Шпанија Севиља АтлетикоСД173---------173
2009-2010СДБ160---------160
Вкупно Севиља Атлетико333333
2008-2009Шпанија СевиљаПД10КШ00КУ00---10
2010Финска ХЈК ХелсинкиВЛ72КФ+ЛКФ1+00------82
2011ВЛ1811КФ+ЛКФ0+61ЛШ+ЛЕ4[48]+2[49]2+3---3017
Вкупно ХЈК Хелсинки25137165--3819
2011-2012Германија Шалке 04БЛ195КГ20ЛЕ00СГ00215
2012-2013БЛ173КГ20ЛШ50---243
авг. 2013БЛ10КГ00ЛШ1[49]0---20
Вкупно Шалке 043784060--478
2013-2014Шкотска СелтикПШ257КШ+ЛКШ1+10ЛШ50---327
авг. 2014ПШ10КШ+ЛКШ00ЛШ4[48]2---52
Вкупно Селтик2672092--379
2014-2015Данска БрондбиСЛ279КД32ЛЕ00---3011
2015-2016СЛ339КД31ЛЕ8[48]3---4413
2016-2017СЛ3420КД43ЛЕ8[48]6---4629
2017-2018СЛ3617КД51ЛЕ3[48]1---4419
Вкупно130551571910--16472
2018-2019Англија Норич СитиФЛЧ4329ФАКуп+ЛК1+20+1------4630
2019-2020ПЛ3611ФАКуп+ЛК20------3811
2020-2021ФЛЧ4126ФАКуп+ЛК1+00------4226
Вкупно Норич Сити1206661----12667
Вкупно во кариерата401155339401700474181

Финска ХЈК Хелсинки

[уреди | уреди извор]
2010, 2011
2011
2013-2014
2017-2018

Англија Норич Сити

[уреди | уреди извор]
2018-2019, 2020-2021
  1. 1 2 „Vuoden jutut: Ensimmäinen miesten peli“ [Stories of the Year: The first men's game] (фински). Helsingin Sanomat. 20 September 2019. Посетено на 1 February 2020.
  2. 1 2 3 4 5 „Jorginho warns Italy: 'Complete striker' Pukki is Finland's most important player“. Tribuna.com. Посетено на 8 september 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)[мртва врска]
  3. Rej (19 август 2019). „Evasive movement, sharp link-up play and efficient finishing - analysing Norwich City star Teemu Pukki“. The Telegraph. Посетено на 8 септември 2019. Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help); Занемарен непознатиот параметар |name= (help)
  4. „Pukki haluaa lisää maaleja“. Архивирано од изворникот на 2016-03-07. Посетено на 2021-05-14.
  5. „Teemu Pukki tähdistöotteluun“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2021-05-14.
  6. „Pukki maalin makuun Espanjassa“. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 2021-05-14.
  7. „Nyt se on varmaa - Teemu Pukki HJK-paitaan“ (фински). YLE Urheilu. 28 August 2010. Архивирано од изворникот на 2014-12-31. Посетено на 27 December 2014.
  8. „Kopla-joukkue 2011 nimetty“ (фински). Veikkausliiga. 29 October 2011. Архивирано од изворникот на 27 December 2014. Посетено на 27 December 2014.
  9. „Sensaatio: HJK kaatoi Schalken 2–0!“ (фински). YLE Urheilu. 18 August 2011. Архивирано од изворникот на 30 April 2013. Посетено на 27 December 2014.
  10. „Schalke jyräsi HJK:n unelman murusiksi“ (фински). YLE Urheilu. 25 August 2011. Архивирано од изворникот на 29 April 2013. Посетено на 27 December 2014.
  11. „Pukki Schalkeen kolmen vuoden pestillä“ (фински). YLE Urheilu. 31 August 2011. Архивирано од изворникот на 17 January 2012. Посетено на 5 August 2012.
  12. „Pukki teki debyyttinsä Bayernia vastaan“ (фински). Text " access-date 18.9.2011 " ignored (help); Занемарен непознатиот параметар |utl= (help)
  13. „Pukki täysin pitelemätön - kaksi maalia!“. Занемарен непознатиот параметар |uel= (help)
  14. „Pukki makes Finnish football history“ (фински). suomifutis.com. 6 November 2011. Посетено на 5 August 2012.
  15. „Pukki avauksessa, Schalkelle viime hetkillä pettymys“ (фински).
  16. „Pukki tilanteestaan: nollataan ja uuteen nousuun“ (фински). Архивирано од изворникот на 2013-01-02. Посетено на 2021-05-15.
  17. „Celtic sign Teemu Pukki from Schalke on four-year deal“. BBC Sport. 31 August 2013. Посетено на 1 September 2013.
  18. Sutherland, Jonathan. „Celtic 2–1 St Johnstone“. BBC Sport.
  19. „Pukki's Celtic career will take off – Paatelainen“. Irish Independent. 7 January 2014. Посетено на 24 July 2014.
  20. „Teemu Pukki nets hat-trick as Celtic thrash LASK Linz 5–2 in Austria“. Sky Sports. 8 July 2014. Посетено на 24 July 2014.
  21. 1 2 Gannon, Michael (8 July 2014). „Celtic striker Teemu Pukki: I thought Scotland would be easy after Schalke.. I was wrong“. Daily Record. Посетено на 24 July 2014.
  22. „Celtic crush Partick Thistle to make it three SPL titles in a row“. The Guardian. 26 March 2014. Посетено на 26 March 2014.
  23. „Partick Thistle 1 Celtic 5“. The Daily Telegraph. 26 March 2014. Посетено на 26 March 2014.
  24. „Teemu Pukki siirtyy Tanskaan!“. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 1.9.2014. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  25. „Täysi stadion seurasi Pukin debyyttiä - suuret paineet näkyivät pelissä“ (фински). Посетено на YLE Urheilu 15.9.2014. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  26. „Teemu Pukki pudotti apinan selästään: "Tuntui paremmalta" (фински). Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на YLE Urheilu 29.9.2014. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  27. „Teemu Pukki nimettiin Tanskan liigan kuukauden pelaajaksi“ (фински). Архивирано од изворникот на 2016-05-07. Посетено на Ilta-Sanomat 7.11.2014. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  28. „Teemu Pukki paransi kausiennätystään“ (фински). Архивирано од изворникот на 2016-05-07. Посетено на Ilta-Sanomat 25.5.2015. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  29. „Kehuja saaneen Teemu Pukin ura jatkuu Tanskassa - "Hän on tuonut hyökkäykseemme paljon laatua" (фински). Посетено на YLE Urheilu 19.6.2015. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  30. „Brøndby i offensiven: Pukki er på plads“ (фински). Посетено на Tipsbladet 18.6.2015. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  31. „Pukin maali ei auttanut: Bröndby hävisi cup-finaalin, FC Kööpenhamina juhlii tuplamestaruutta“ (фински). Посетено на YLE Urheilu 25.5.2017. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  32. „Norwich City sign Finland striker Teemu Pukki“. Norwich City F.C. 30 June 2018. Архивирано од изворникот на 20 August 2019. Посетено на 30 June 2018.
  33. Freezer, David (4 August 2018). „Birmingham 2 Norwich City 2 – Hernandez the hero as Canaries fight back twice for opening-day draw“. Eastern Daily Press. Посетено на 10 April 2019.
  34. Bailey, Michael (10 February 2019). 'It's nice to beat him' – Pukki chuffed to seal his own piece of history over Ipswich favourite“. Посетено на 10 April 2019.
  35. „EFL awards: Che Adams, Teemu Pukki & Billy Sharp on Championship shortlist“. BBC Sport. 26 March 2019. Посетено на 28 March 2019.
  36. „Norwich City: Teemu Pukki signs new contract“. BBC Sport. 3 July 2019. Посетено на 29 August 2019.
  37. „Liverpool 4–1 Norwich: Newly promoted side overwhelmed at Anfield“. BBC Sport. 9 August 2019. Посетено на 10 August 2019.
  38. „3 – Teemu Pukki is the first player to score a @premierleague hat-trick for Norwich City since Efan Ekoku against Everton in September 1993. Magic.pic.twitter.com/G1BEHe6qBx“. 17 August 2019.
  39. MacInnes, Paul (17 August 2019). „Norwich brush aside Newcastle thanks to Teemu Pukki hat-trick“. The Observer (англиски). ISSN 0029-7712. Посетено на 17 August 2019.
  40. Doyle, Tom (26 July 2020). „Premier League top scorers: Jamie Vardy wins the Golden Boot“. www.standard.co.uk (англиски). Посетено на 7 April 2021.
  41. Young, Alex (27 July 2020). „How the Premier League table looks after the 2019–20 season ends“. www.standard.co.uk (англиски). Посетено на 7 April 2021.
  42. „Buendia, Pukki & Toney up for EFL award“. BBC Sport. 26 April 2021.
  43. 1 2 „2021 EFL Awards winners announced“. www.efl.com. 29 April 2021. Посетено на 11 September 2021.
  44. „Minnesota United Sign Forward Teemu Pukki“. Minnesota United FC. 27 June 2023.
  45. „Football: Japan thrash Finland 5–1 in international friendly“. channelnewsasia.com. 4 February 2009. Архивирано од изворникот на 2012-10-18. Посетено на 5 August 2012.
  46. „Suomelle selkäsauna Tokiossa“ (фински). YLE Urheilu. 4 February 2009. Посетено на 25 January 2015.
  47. „Пуки се збогува од репрезентацијата на Финска“. sport.com.mk. 14 ноември 2025. Посетено на 16 ноември 2025.
  48. 1 2 3 4 5 Nei turni preliminari.
  49. 1 2 Во плејофот.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]