Летни младински олимписки игри 2010

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
I Летни младински олимписки игри - Сингапур 2010
I Летни младински олимписки игри - Сингапур 2010
Град домаќин Сингапур, Сингапур
Број на држави 204
Број на спортисти 3531
Број на спортови 26
Број на натпревари 184
Отворање 14 август 2010
Затворање 26 август 2010
Стадион

I Летни младински олимписки игри (англиски: 2010 Youth Olympic Games, француски: Jeux Olympiques de la Jeunesse d'été 2010) се одржуваат, со почетокк на 14 и ќе траат до 26 август во Сингапур. Игрите се првите летни младински игри, кои во традицијата на Олимписките игри ќе се одржуваат на секоие четири години. На игрите учествуваат 3.531 спортист, на возраст од 14 до 18 години од 204 земји-учеснички. Медали ќе бидат доделени во вкупно 184 натпревари во 26 спортови.[1][2]

Одлуката за организацијата на игрите да му биде доделена на градот Сингапур беше донесена на на 21 февруари 2008 година, откако 105 членови на МОК гласаа по електронска пошта.[3]

Избор на град-домаќин[уреди]

На 21 јануари 2008 година, Меѓународниот олимписки комитет ги објави имињата на двата града кои остануваат во трката за добивање на организаторските права на игрите.[4]:

Конечната одлука за доделување на организацијата на игрите беше донесена на 21 февруари 2008 година, кога претседателот на МОК, Жак Рог, во Олимпискиот музеј во Лозана ги објави резултатите од спроведеното гласање.[5].

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните младински олимписки игри 2010
Град Земја Прв круг
Сингапур Сингапур Сингапур 53
Москва  Русија 44

Организација[уреди]

Организацискиот комитет на летните младински олимписки игри во Сингапур е задолжен за организација на игрите. Организацискиот комитет е помогнат од група набљудувачи, составена од кабинетот на министри на Сингапур и парламентарниот секретар, Тео Сер Лук.[6] Осве тоа, беше формиран и комитет на внатрешното министерство, на чело со Ниам Чиенг Менг.[7] Сингапур доби и меѓународна подршка за подготовките за игрите. НР Кина, земјата-домаќин на Летнтие олимписки игри 2008, пројави желба да му помогне на Сингапур во подготовките.[8] Лордот Себастијан Коу, кој е на чело на Организацискиот олимписки комитет на летните олимписки игри во Лондон во 2012 година, објави дека членови на неговиот организациски комитет планираат да го посетат настанот, вклучувајќи и тренери, но и административци.[9] Избирачкиот комитет обезбеди 4.310 соби во 36 хотели за сместување на учесниците.

Трошоци[уреди]

Првобитниот буџет за игрите изнесуваше 105 милиони сингапурски долари и беше обезбеден со голема владина подршка. Но, откако Сингапур ја доби организацијата за игрите, истиот се зголеми и знесуваше 387 милиони сингапурски долари, што е повеќе од три пати повеќе од почетниот износ и се должи на големите измени на делокругот на организациските активности. Најмногу беа зголемени трошоците за логистика, превоз, безбедност, технологија и надградба на спортските зданија. Локалните компании, кои склучиле договори за помагање на организацијата на игрите се очекува вкупно да добијат околу 70% од вкупниот буџет за игрите или околу 260 милиони сингапурски долари.[10][11]

Патување на Олимпискиот факел[уреди]

Патување на факелот во Сингапур на 10 август 2010

Плановите за патот на Олимпискиот факел беа објавени на 26 јануари 2010. Огнот беше запален на 23 јули 2010 и патуваше низ пет града, претставувајќи ги петте континенти: Азија, Африка, Европа, Океанија и Америка. Градовите низ коишто беше пренесен се наречени Прославувачки градови[12]:

По 13 дена, кои факелот ги помина низ овие градови, во рамките на патувањето, тој помина и шест дена во Сингапур.[13] Казанот на заливот Марина, беше запален на 13 август 2010 година од страна на Ли Куан Јев.[12]

Факелот е висок 60 cm, широк до 5 до 8 cm и тежок околу 1 kg.[14]

Поврзано[уреди]

Портал „Олимписки игри

Наводи[уреди]

  1. Schedule/Results, официјално мрежно место
  2. Youth Olympic Games Facts & Figures, официјално мрежно место
  3. Singapore to host the 1st Summer Youth Olympic Games in 2010“, IOC, 21 февруари 2008 (конс. 21 февруари 2008).
  4. Москва и Сингапур будут бороться за право проведения летней юношеской Олимпиады в 2010 году
  5. Москва на финишной прямой
  6. YOG organisers hoping for US$38m sponsorship deals
  7. Channelnewsasia.com - Special Reports
  8. Hasnita Majid. „Minister Yeo says S'pore-China relations more multi-faceted“, Channel NewsAsia, 28 февруари 2008 (конс. 28 февруари 2008).
  9. Valerie Tan. „London Olympics team expected to be in S'pore for Youth Olympic Games“, Channel NewsAsia, 28 февруари 2008 (конс. 28 февруари 2008).
  10. „Youth Olympic Games budget triples to S$387m, local firms get lion's share“. The Straits Times. http://app.mfa.gov.sg/pr/read_content.asp?View,15185,. 
  11. TheOnlineCitizen. „YOG budget balloons – S$104m to S$387m“, The Online Citizen, 7 јули 2010 (конс. 7 јули 2010).
  12. 12,0 12,1 Teo, Wan Gek. „YOG Flame arrives“, „The Straits Times“, 14 август 2010 (конс. 14 август 2010).
  13. YOG Flame concludes trail“, „The Straits Times“, 14 август 2010 (конс. 14 август 2010).
  14. „Torch“. Singapore2010.sg. 8 август 2010. http://www.singapore2010.sg/public/sg2010/en/en_youth_olympic_flame/en_torch.html. конс. 14 август 2010.