Курт Вонегат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Курт Вонегат
Kurt Vonnegut
Kurt-Vonnegut-US-Army-portrait.jpg
Курт Вонегат Џуниор
Роден/а 11 ноември 1922
Индијанаполис, Индијана, САД
Починат/а 11 април 2007
Њујорк, Њујорк, САД
Занимање Писател
Националност Американец
Период 1950-2005
Жанр Сатира
Црн хумор
Научна фантастика
мрежно место
http://www.vonnegut.com/

Курт Вонегат (англиски: Kurt Vonnegut) (11 ноември 192211 април 2007) бил американски писател, сатиричар и уметник.

Биографија[уреди | уреди извор]

Курт Вонегат е роден во Индијанаполис, од родители со германско-американско потекло. Од 1941 до 1943 година бил студент на Универзитетот Корнел каде работел како уредник на редакцијата за јавно мислење, во студентскиот весник „Дневното Сонце на Корнел“ (Cornell Daily Sun). Пред да ѝ се придружи на американската војска и да учествува во Втората светска војна, тој работел и како хемичар. Станал воен ветеран и бил добитник на „Пурпурно срце“ (воен медал кој го доделува Претседателот на САД за воени заслуги). Токму искуствата од војната, неговиот престој во воениот затвор, бомбардирањето на Дрезден итн. биле инспирација за неговото најпознато дело „Касапницата-Пет“ (англиски: Slaughterhouse-Five).

По војната, тој се запишал на Универзитетот во Чикаго и дипломирал на катедрата по антропологија. По завршувањето на факултетот заминува во Њујорк каде што работел во одделот за односи со јавноста на „Џенерал Електрик“. Од 1970 до 2000 година, Вонегат живеел во источен Менхетн со својата жена, познатиот фотограф Џил Кременц. На 31 јануари во неговиот дом избил пожар и голем дел од неговата лична архива бил уништен. Самиот Вонегат бил затекнат од огнот, но бил хоспитализиран и преживеал. Во 2000 година често се појавувал како гостин-професор на катедрата за литература во Колеџот Смит. Вонегат основал свој продажен салон за автомобили, наречен „Сааб Кејп Код“, но поради неговото лоша дарба за бизнис се нашол пред банкрот. Заради оваа своја авантура, подоцна тој се шегувал, велејќи дека поради тој факт нема никогаш да ја добие Нобеловата награда.

Курт Вонегат бил почесен претседател на Американската Хуманистичка Асоцијација. Неговите колумни биле објавени во списанието „Во овие времиња“ (In These Times), а во 2005 година била објавена збирка на сите негови есеи наречена „Човек без држава“ (A Man Without A Country).

Курт Вонегат имал шест деца (три негови - синот Марк и ќерките Едит и Нанет, како и три посвоени деца - Џејмс, Стивен и Курт Адамс). Две од неговите деца, исто така, пишувале: синот Марк Вонегат го објавил романот „Рајски експрес: Мемоар за лудоста“ (The Eden Express: A Memoir of Insanity), а ќерката Едит Вонегат ја објавила книгата „Домашни божици“ (Domestic Goddesses). Посвоените деца на Вонегат, всушност, биле негови внуци кои ги посвоил откако сестра му Алис умрела од рак.

Во чест на Вонегат, еден астероид го носи неговот име.

Писателска кариера[уреди | уреди извор]

првиот расказ на Вонегат, „Извештај за ефектот на шталата“ (Report On the Barnhouse Effect) се појавил во 1950 година. Првиот негов роман „Свирачко пијано“ (Player Piano) (1952) се смета дека е напишан под влијание на неговата кариера во „Џенерал Електрик“ бидејќи обработува дисутописка фантастична тема каде работниците се заменети од машини. Потоа, продолжил да пишува кратки научно-фантастични раскази до неговиот втор роман, „Сирените на Титан“ (The Sirens of Titan) (1959). Во 1960 година неговиот стил се променил во полу-автобиографски стил, применет во романот „Касапницата-Пет“ каде експериментира со структурата користејќи патување низ времето како основа. Овие структурни експерименти ги продолжил и во „Појадок на шампионите“ (Breakfast of Champions) (1973), каде се вклучени и многу сурови илустрации, како и појавување на самиот автор.
„Ова е навистина лоша книга што ја пишуваш“ - си реков самиот на себе.
„Знам“ - реков.
„Се плашиш дека ќе извршиш самоубиство, исто како мајка ти“ - реков.
„Знам“ - реков.
Мајката на Курт Вонегат навистина извршила самоубиство кога тој околу 20 години. исто така, и тој имал обид за самоубиство во 1985 година, а потоа напишал неколку есеи на таа тема. Многу непријателски расположени критичари сметаат дека приказната е безоблична, но оваа книга е првиот бестселер на Вонегат. Во неа се појавуваат многу воскреснати ликови, како оној на Килгор Троут кој се провлекува во многу понатамошни романи на Вонегат.

Ликовна уметност[уреди | уреди извор]

Курт Вонегат започнал да работи како графичар со делото „Кланица пет“, а уште поподробно во „Доручек на шампионите“ во кое има илустрации направени со маркер-фломастер и помалку груби слики. Во 1990-тите тој го загубил интересот за пишувањето и се посветил на ликовната уметност. Притоа, тој начесто користел сито-печат, во соработка со Џое Петро Трети.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Романи

  • Свирачко пијано (Player Piano) (1952)
  • Сирените на Титан (The Sirens of Titan) (1959)
  • Мајката ноќ (Mother Night) (1961)
  • Мачешка лулка (Cat's Cradle) (1963)
  • Господ да те благослови г-дин Роузвотер (God Bless You, Mr. Rosewater, or Pearls Before Swine) (1965)
  • Кланица пет (Slaughterhouse-Five, or The Children's Crusade) (1969)
  • Доручек на шампионите (Breakfast of Champions, or Goodbye, Blue Monday) (1973)
  • Бурлеска (Slapstick, or Lonesome No More) (1976)
  • Затворска птичка (Jailbird) (1979)
  • Стрелецот Дик (Deadeye Dick) (1982)
  • Галапагос (Galápagos) (1985)
  • Синобрадиот (Bluebeard) (1987)
  • Хокус-покус (Hocus Pocus) (1990)
  • Времетрес (Timequake) (1997)

Раскази

  • Canary in a Cathouse (1961)
  • Welcome to the Monkey House (1968)
  • Bagombo Snuff Box (1999)

Есеи

  • Wampeters, Foma and Granfalloons (1974)
  • Palm Sunday, An Autobiographical Collage (1981)
  • Fates Worse than Death (1991)
  • God Bless You, Dr. Kevorkian (1999)
  • A Man Without a Country (2005)

Драми

  • Happy Birthday, Wanda June (1970)
  • Between Time and Timbuktu, or Prometheus Five (1972)
  • Make Up Your Mind (1993)
  • Miss Temptation (1993)
  • L'Histoire du Soldat (1993)

Филмски адаптации

  • Happy Birthday, Wanda June (1971)
  • Slaughterhouse-Five (1972)
  • Slapstick (1982)
  • Who Am I This Time? (1982)
  • Harrison Bergeron (1995) (TV)
  • Mother Night (1996)
  • Breakfast of Champions (1999)
  1. Douglas Adams Dark Matter Interview