Кајо Жорж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кајо Жорж
Лични податоци
Полно име Кајо Жорж Пинто Рамос[1]
Роден на 24 јануари 2002 (2002-01-24) (20 г.)[2]
Роден во Олинда, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 21
Младинска кариера
Сантос Сантос
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2018–2021 Сантос Сантос 42 (5)
2021– Јувентус Јувентус 1 (0)
Репрезентација
2017 Бразил Бразил 15 3 (4)
2019 Бразил Бразил 17 11 (7)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Кајо Жорж Пинто Рамос (роден на 26 декември 2000 во Олинда) или само Кајо Жоржбразилски фудбалер, напаѓач на Јувентус.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој е син на Жорж Рамос, бразилски тренер и поранешен фудбалер.[3]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Напаѓач познат по своето движење, кој може да се користи по целиот офанзивен фронт. Агилен и елегантен во движењата, има многу прецизен удар и добра визија за играта. Тој е спореден со неговиот сонародник Нејмар.[4]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Сантос[уреди | уреди извор]

Израснат во младинскиот сектор на Сантос, на 30 септември 2018 го направил своето професионално деби за време на поразот со 2-1 против Атлетико Паранаенсе од бразилската Серија А; тоа појавување го направило шестиот најмлад дебитант во историјата на клубот со 16 години, 8 месеци и 6 дена.[5] Во 2019 година одиграл уште три натпревари, сите во бразилското првенството.

Следната година тој бил промовиран во постојан член на првиот тим. На 3 март 2020 година, тој го постигнал својот прв гол во кариерата против аргентинската екипа Дефенса и Хустисија, во Копа Либертадорес. Првиот негов гол во Серија А дошол, на 30 октомври, против Коритиба.[6] На 30 јануари 2021 година, тој го одиграл, како стартер, финалето на Копа Либертадорес, загубено со 1-0 од Палмеирас, завршувајќи ја сезоната со 9 гола во вкупно 48 настапи.

Во 2021 година тој станал редовен стартер, што му помогнало за првпат во кариерата да постигне два гола во еден натпревар против Палмеирас на 7 мај во Кампеонато Паулиста. Потоа, на 16 јули, го постигнал голот што го решил првиот натпревар од првото нокаут коло на Копа Судамерикана против аргентинскиот Индепендиенте (1-0).[7] Тој бил прецизен и во реваншот, отворајќи го резултатот натпреварот што завршил 1-1.[8]

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 2 август 2021, Јувентус и Сантос постигнале договор за трансфер на Кајо Жорж во Италија;[9][10] на 17 истиот месец бил официјализиран неговиот трансфер во клубот од Торино.[11] Тој го имал своето деби за Јувентус на 2 октомври, во градското дерби против Торино добиено со 0-1 во првенството, влегувајќи како замена во последните минути на местото на Федерико Кјеза.[12]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2018 Бразил Сантос А+А1/СП 0+1 0 КБ 0 0 - - - - 1 0
2019 А+А1/СП 4+3 0 КБ 0 0 КЛ 0 0 - - 7 0
2020 А+А1/СП 7+28 0+4 КБ 1 0 КЛ 12 5 - - 48 9
2021 А+А1/СП 7+10 3+1 КБ 2 1 КЛ+КС 7+2 1+2 - - 28 8
Вкупно Сантос 60 8 3 1 21 8 - - 84 17
2021-2022 Италија Јувентус А 1 0 КИ 0 0 ЛШ - - СИ 0 0 1 0
Вкупно во кариерата 61 8 3 1 21 8 - - 85 17

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FIFA U-17 World Cup Brazil - List of Players“ (PDF). fifadata.com. FIFA. стр. 4. Архивирано од изворникот (PDF) на 27 December 2019. Посетено на 27 December 2019.
  2. „Barry Hugman's footballers“.
  3. „Il padre di Kaio Jorge, numero 9 della Seleção, è un ex attaccante“.
  4. „Kaio Jorge: 2002 – Brasile“. 17 април 2018.
  5. „Kaio Jorge è il più giovane debuttante nella storia del Santos“ (португалски). 1 октомври 2019.
  6. „Stats 2020“.
  7. „Kaio Jorge scores for Santos against Independiente“ (англиски). Посетено на 2021-07-25.
  8. „Goals and Highlights: Independiente 1-1 Santos in Copa Sudamericana | 07/22/2021“ (англиски). Посетено на 2021-08-04. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  9. (португалски) https://ge.globo.com/sp/santos-e-regiao/futebol/times/santos/noticia/santos-entra-em-acordo-com-a-juventus-e-negocia-kaio-jorge.ghtml. Посетено на 4 август 2021. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  10. „Santos FC e Juventus, da Itália, entram em acordo para negociação de Kaio Jorge“ (португалски). Посетено на 4 август 2021.
  11. „Ufficiale: Kaio Jorge è un giocatore della Juventus“. 17 август 2021. Посетено на 17 август 2021.
  12. „Torino-Juve 0-1: Locatelli di corto muso regala il derby ad Allegri“. 2021-10-02.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]