Каспер Шмајхел
Каспер Шмајхел | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Каспер Петер Шмајхел[1] | ||
Роден на | 5 ноември 1986[1] | ||
Роден во | Копенхаген, Данска | ||
Држава | Данска | ||
Висина | м[1] | 1,89||
Позиција | голман | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Ница | ||
Број | 1 | ||
Младинска кариера | |||
Ешторил | |||
Манчестер Сити | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2004-2009 | Ница | 8 | (0) |
2006 | → Дарлингтон | 4 | (0) |
2006 | → Бери | 29 | (0) |
2007 | → Фолкерк | 15 | (0) |
2007-2008 | → Кардиф Сити | 14 | (0) |
2008 | → Ковентри Сити | 9 | (0) |
2009-2010 | Нотс Каунти | 43 | (0) |
2010-2011 | Лидс Јунајтед | 37 | (0) |
2011-2022 | Лестер Сити | 414 | (0) |
2022- | Ница | 29 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2004-2005 | Данска 19 | 8 | (0) |
2006 | Данска 20 | 1 | (0) |
2007-2008 | Данска 21 | 17 | (0) |
2013- | Данска | 91 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Каспер Петер Шмајхел (роден на 5 ноември 1986 година во Копенхаген) — дански фудбалер, голман на Ница.
Тој е син на легендарниот дански голман Петер Шмајхел.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Шмајхел ја започнал својата кариера во Манчестер Сити, но имал престои на заем во голем број клубови како Дарлингтон, Бери и Фолкерк пред да го направи своето деби за Сити. Иако од своето први појавување па натаму било очекувано да Шмајхел биде избор број еден на голманската позиција во Сити, на почетокот на сезоната 2007-2008 појавата на Џо Харт резултирала со нова позајмица на Шмајхел овојпат во Кардиф Сити. Подоцна, доаѓањето на репрезентативниот голман на Република Ирска Шеј Гивен во јануари 2009 година значело и дефинитивно дека Шмајхел ја губи позицијата дури и на втор голман во Сити, па во август истата година, му било дозволено да се поврзе со поранешниот менаџер Свен-Горан Ериксон во Нотс Каунти. Тој поминал само една сезона со нив која се покажала како многу успешна за клубот и за самиот играч, но заради проблемите со финансиската состојба на Нотс Каунти Шмајхел решил да замине и неговиот договор бил раскинат со взаемна согласност. Потоа му се приклучил на Лидс Јунајтед во мај 2010 година, но повторно, неговиот мандат во клубот траел само една сезона.
На 27 јуни 2011 Шмајхел потпишал за Лестер Сити, каде што повторно соработувал со Свен-Горан Ериксон. Во сезоната 2013-2014, Шмајхел ги одиграл сите 46 натпревари на Лестер во Чемпионшип лигата помагајќи му на клубот да го освои првото место на крајот на сезоната и да обезбеди промоција во Премиер лигата. По завршувањето на сезоната тој го продложил својот договор со Лестер за уште четири години до летото 2018 година.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Тој одиграл 17 натпревари за селекцијата на Данска под 21 година. Шмајхел бил повикан и во сениорската репрезентација, за првпат против Исланд на 13 мај 2011 година. На 29 мај 2012, тој исто така бил повикан во составот на репрезентацијата на Данска за Евро 2012 како трет голман, откако поради повреда Томас Соренсен морал да го откаже учеството. Своето деби за сениорската репрезентација, Шмајхел конечно го направил на 6 февруари 2013 во поразот со 3-0 од Македонија на Арена Филип II.
Титули
[уреди | уреди извор]Лестер Сити
[уреди | уреди извор]- Чемпионшип лига (1) : 2013-2014.
- Премиер лига (1): 2015-2016
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Hugman, Barry J., уред. (2010). The PFA Footballers' Who's Who 2010–11. Mainstream Publishing. стр. 370. ISBN 978-1-84596-601-0.
|