Кале (Брњарци)
„Кале“
| |
Местоположба | 42°02′25″N 21°33′02″E / 42.04028° СГШ; 21.55056° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Брњарци |
Општина | Гази Баба |
Тип |
|
Период | раноантичко време |
доцноантичко време | |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Кале — археолошко наоѓалиште кај скопското село Брњарци, Општина Гази Баба. Претставува населба од раната антика, доцната антика и средниот век.[1] Оваа голема населба прво била пајонски, а потоа и древномакедонски град.
Наоѓалиштето се наоѓа на падините североисточно од селото. Стручната екипа на Археолошкиот музеј на Македонија (директор Весела Честоева, стручен консултант проф. д-р Виктор Лилчиќ) предводен од м-р Владимир Атанасов во рамките на редовните теренски активности извршиле рекогносцирање наоѓалиштето со цел ревизионо прецизирање на делови од периметарот на утврдувањето.
Остатоците од оваа населба биле познати за мештаните уште многу одамна. Кале за прв пат е научно истражувано и документирано, снимен фортификацискиот периметар од страна на Виктор Лилчиќ на 17 август 1987 г. Вторпат е истражувано на 24 септември 2005 г. во рамките на проектите „Стари градови и тврдини во Република Македонија и Античкото кралство Македонија во Република Македонија“, и третпат на 12 јуни 2015 г. во рамките на Проектот „Археолошки катастар на Република Македонија“.
Периоди на населеност
[уреди | уреди извор]Првичните наоди се сметале за кастел (замок), но потоа се најдени остатоци и од антички и средновековен град со мошне богати културни хоризонти. Засега се дефинирани следниве:
- рана антика: IV-II век п.н.е.;
- доцна антика: IV-VI век н.е.
- полн среден век: X-XIII век н.е.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Ирма — населба од римско време
- Латина — некропола од римско време
- Тумба — населба од неолитско време
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Лилчиќ, Виктор; Античкото кралство Македонија во Република Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од раноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Брњарци
- Археолошки наоѓалишта во Општина Гази Баба
- Археолошки наоѓалишта во Скопско
- Археолошки наоѓалишта во Скопје
- Градови во Античка Македонија
- Пајонски градови