Клучка (Скопје)
Изглед
„Клучка“
| |
Местоположба | 41°59′50″N 21°31′58″E / 41.99722° СГШ; 21.53278° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Хиподром |
Општина | Гази Баба |
Тип |
|
Период | доцнобронзено време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Клучка или Хиподром — археолошко наоѓалиште во источниот дел на населбата Хиподром во Општина Гази Баба, Скопје. На местото најдена е некропола од доцнобронзеното време, како и населба од средниот век.[1]
Откривање
[уреди | уреди извор]При изградбата на новата траса на автопатот Скопје-Катланово-Велес (А4), од северната страна на клучката што ги издвојува патиштата за Куманово (А2) и за Катланово (А4)[1], при копањето на заштитниот канал се најдени гробови со кремирани покојници погребани во урни. Во текот на 1989/90 г. е извршено заштитно ископување во загрозениот дел на наоѓалиштето при што се откриени вкупно 11 гроба — урни, а исто така и остатоци од средновековна населба.
Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 384. ISBN 9989-649-28-6.
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцнобронзено време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Хиподром (населба)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Гази Баба
- Археолошки наоѓалишта во Скопско
- Археолошки наоѓалишта во Скопје