Рокомија (Скопје)
Рокомија — археолошко наоѓалиште кај скопската населба Железара, Општина Гази Баба. Претставува осамен наод од римско време.
Се наоѓа во просторот меѓу Гази Баба, Камник, Кумановски пат и патот што води кон селото Црешево. Со земјоделските работи бил откриен гроб од IV век за чија конструкција се употребени четири надгробни стели со латински натписи.[1]
Стелите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 384. ISBN 9989-649-28-6.