Прејди на содржината

Изоамил алкохол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Изоамил алкохол[1]
Назнаки
123-51-3 Ок
ChEBI CHEBI:15837 Ок
ChEMBL ChEMBL372396 Ок
ChemSpider 29000 Ок
DrugBank DB02296 Ок
3Д-модел (Jmol) Слика
KEGG C07328 Ок
PubChem 31260
UNII DEM9NIT1J4 Ок
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Изглед провидна, безбојна течност
Мирис Непријатен мирис при високи концентрации
Густина 0.8104 g/cm3 at 20 °C
Точка на топење
Точка на вриење
Слабо растворливо, 28 g/L
Растворливост Многу растворливо во ацетон, диетил етер, етанол
Парен притисок 28 mmHg (20 °C)
−68.96•10−6 cm3/mol
Вискозност 3.692 mPa•s
Термохемија
Ст. енталпија на
образување
ΔfHo298
−356.4 kJ/mol (liquid)
−300.7 kJ/mol (gas)
Специфичен топлински капацитет, C 2.382 J/g•K
Опасност
Безбедност при работа:
Главни опасности
Запаливо, умерено токсично
GHS-ознаки:
Пиктограми
FlammableCorrosiveIrritant
Сигнални зборови
Опасност
NFPA 704
1
2
0
Температура на запалување 43 °C (109 °F; 316 K)
350 °C (662 °F; 623 K)
Граници на запалливост 1.2–9%
Дополнителни податоци
 Ок(што е ова?)  (провери)
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Изоамил алкохол е безбојна течност со молекулска формула C5H12O и структирна формула (H3C–)2CH–CH2–CH2–OH. Тој е еден од неколкуте изомери на амил алкохол (пентанол). Исто така е познат како изопентил алкохол, изопентанол или (според номенклатура предложена од IUPAC) 3-метилбутан-1-ол. Неговиот застарен назив е изобутил карбинол.[2]

Изоамил алкохол е состојка при производтсвото на масло од банана, естер пронајден во природата, но исто така индустриски се произведува како арома. Изоамил алкохол е компонента која се користи при производство на масло од банана, естер кој го има во природата, но исто така се индустриски се произведува како арома. Тој е чест фусел алкохол (народно - лош алкохол), кој се произведува како спореден производ при етанолна ферментација.

Изоамил алкохол е една од компонентите одговорни за аромата на Tuber melanosporum, црниот тартуф.

Ова соединение е идентивикувано како хемикалија присутна во феромонот кој го лачат стршлените за повикување на другите стшлени за напад.[3]

Изоамил ацетат (кој е естер на изоамил алкохол и оцетна киселина) е компонента која е присутна во природната арома на бананите.

Екстракција од фусел масло

[уреди | уреди извор]

Изоамил алкохол може да се издвои оф фусел маслото со две методи: мешање со силно солена вода и раздвојување на масниот слој од водениот слој, а вториот начин е со дестилација и собирање на фракцијата која врие помеѓу 125 и 140 °C. Понатамошно пречистување е возможно со следната продецура: мешање на издвоениот производ со врела варова вода, раздвојување на маслениот слој, сушење на производот со калциум хлорид и дестилација, собирање на фракцијата која врие помеѓу 128 и 132 °C.[2]

Изоамил алкохол може да биде синтетизиран со кондензација на изобутен и формалдехид каде што се добиваат изопренол, а потоа со негово хидрогенирање се добива изоамил алкохол. Тој е безбојна течност со густина од 0.8247 g/cm3 (0 °C), температура на вриење од 131.6 °C, малку растворлив во вода и добро растворлив во органски растворувачи. Има карактеристичен силен мирис и остар лут вкус. Со спроведување на неговите пареи низ усвитено-жешка цевка, се распаѓа на ацетилен, етилен, пропилен и други компоненти. Може да се оксидира со хромна киселина до изовалералдехид и формира кристали на адициони соединенија со калциум хлорид и калај(IV) хлорид.[2]

Употреба

[уреди | уреди извор]

Покрај употребата во синтеза на маслото од банана, изоамил алкохол исто така е компонента во Kovac реагенсот, кој се користи во индолниот тест за бактериска дијагностика.

Тој исто така се користи и како средство против пенење во хлороформ изоамил алкохол реагенсот.[4]

Изоамил алкохол се користи во фенол-хлороформ екстракција измешан со хлороформот за понатамошна инхибиција на активноста на рибонуклеазните (РНК-азите) и да спречи растворливост на РНК молекулите со долги поли-А опашки.[5]

  1. Lide, David R., уред. (1998). Handbook of Chemistry and Physics (87. изд.). Boca Raton, Florida: CRC Press. стр. 3–374, 5–42, 6–188, 8–102, 15–22. ISBN 0-8493-0487-3.
  2. 2,0 2,1 2,2  Една или повеќе речениците пред наводов вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Amyl Alcohols“ . Encyclopædia Britannica. 1 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 900.CS1-одржување: ref=harv (link)
  3. Wilson, Calum & Davies, Noel & Corkrey, Ross & J. Wilson, Annabel & M. Mathews, Alison & C. Westmore, Guy. (2017). Receiver Operating Characteristic curve analysis determines association of individual potato foliage volatiles with onion thrips preference, cultivar and plant age. PLOS ONE. 12. e0181831. 10.1371/journal.pone.0181831.
  4. Zumbo, P. „Phenol-chloroform Extraction“ (PDF). WEILL CORNELL MEDICAL COLLEGE P. ZUMBO LABORATORY OF CHRISTOPHER E. MASON, PH.D. Посетено на 19 June 2014.
  5. Green, Michael; Sambrook, Joseph. „Purification of Nucleic Acids: Extraction with Phenol-Chloroform“. Molecular Cloning: A Laboratory Manual. Cold Spring Harbor Laboratory Press. ISBN 1936113422.