Специфичен топлински капацитет
Специфичната топлина (c) го претставува количеството топлина потребна за зголемување на температурата на една единица маса од некое тело за една единица температура:

Во SI специфичната топлина се изразува во единицата Ј/(kg·K).[1]
Специфичната топлина се користи како помошно средство во физичкиот закон на пропорционалноста, кој гласи:
Промената на внатрешната енергија (ΔE) на телото е пропорционална на масата на телото (m) и промената на температурата (Δt). Или, искажано со математичка формула:[2]
Овој закон важи под услов телото да не ја менува својата агрегатна состојба.
Специфичната топлина на врстите тела и течностите е непроменлива величина зависна само од хемиската структура на телата и независна од нивниот облик и големина.
Кај гасовите, пак, специфичната топлина зависи од видот на гасот, и затоа кога се зборува за специфичната топлина на гасовите се подразбираат стандардни услови (cv).[3]
Специфична топлина на некои тела
[уреди | уреди извор]Оваа табела содржи податоци за специфичната топлина на некои хемиски елементи и соединенија:
| Супстанција | Агрегатна состојба | Специфична топлина J/(kg·K) |
|---|---|---|
| Алуминиум | цврста | 900 |
| Легура на бакарот и цинкот | цврста | 377 |
| Бакар | цврста | 385 |
| Дијамант | цврста | 502 |
| Етанол | течна | 2460 |
| Злато | цврста | 129 |
| Графит | цврста | 720 |
| Железо | цврста | 444 |
| Литиум | цврста | 3582 |
| Жива | течна | 139 |
| Нафта | течна | ≈ 2000 |
| Вода | течна | 4186 |
| цврста (0 °C) | 2060 | |
| Таму каде не е поинаку назначено се употребени стандардни услови | ||
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „13.2: Specific Heat“. Physics LibreTexts (англиски). 2018-04-12. Посетено на 2026-01-29.
- ↑ „Specific Heat Capacity - an overview | ScienceDirect Topics“. www.sciencedirect.com. Посетено на 2026-01-29.
- ↑ Cui, Xiuyun; Zhu, Bing; Ni, Henmei (2024-03-26). „A New Model for Specific Heat Capacity of Real Gas“. ChemistrySelect (англиски). 9 (12). doi:10.1002/slct.202304699. ISSN 2365-6549.