Земји членки на Друштвото на народите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Помеѓу 1920 и 1939 година, вкупно 63 земји станале земји членки на Друштвото на народите или Лигата на нации. Пактот за формирање на Лигата на нации бил вклучен во Версајскиот договор и стапил во сила на 10 јануари 1920 година, а со распаѓањето на Лигата на нации на 18 април 1946 година, нејзините средства и одговорности биле пренесени во новоформираните Обединети нации.

Најголемиот опсег на Лигата бил од 28 септември 1934 година (кога се приклучил и Еквадор) до 23 февруари 1935 година (кога Парагвај се повлекол) броејќи 58 члена. Во тоа време се повлекле Костарика (22 јануари 1925 година), Бразил (14 јуни 1926 година), Јапонија (27 март 1933 година) и Германија (19 октомври 1933 година), а се приклучил само Египет (на 26 мај 1937 година).

Членовите (наведени хронолошки и по азбучен ред ако се приклучиле во истиот ден) во ова време биле Аргентина, Австралија, Белгија, Боливија, Британската Империја, Канада, Чиле, Кина, Колумбија, Куба, Чехословачка, Данска, Салвадор, Франција, Грција, Гватемала, Хаити, Хондурас, Индија, Италија, Либерија, Холандија, Нов Зеланд, Никарагва, Норвешка, Панама, Парагвај, Персија/Иран, Перу, Полска, Португалија, Романија, Сијам, Јужна Африка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Уругвај, Венецуела, Југославија, Австрија, Бугарија, Финска, Луксембург, Албанија, Естонија, Летонија, Литванија, Унгарија, Слободна држава Ирска, Етиопија, Доминиканска Република, Мексико, Турција, Ирак, Советскиот Сојуз, Авганистан, и Еквадор.

Од 42-те основачки членки, 23 (или 24, сметајќи ја Слободна Франција) биле членки кога Лигата на нациите се распаднала во 1946 година. Уште 21 земја се приклучиле помеѓу 1920 и 1937 година, но седум се повлекле, заминале или биле исклучени пред 1946 година.

Земјите се наведени кон годината во која се приклучиле. Ознаката „се повлекла“ укажува на тоа дека земјата излегла по сопствен избор. Зборот „излегла“ означува земја која престанала да постои по анексијата на Германија, Италија или Советскиот Сојуз. Советскиот Сојуз бил исклучен од Лигата во 1939 година, по нејзината инвазија на Финска, и била единствената земја што се соочила со оваа мерка.

И покрај формулирањето на концептот и потпишувањето на Пактот, Соединетите држави никогаш не влегле во Лигата на нациите, а некои релативно изолирани суверени држави во Азија исто така не се приклучиле, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Јемен, Монголија, Непал и Бутан.

Исто така, ниедна од европските микродржави Андора, Лихтенштајн, Монако, Сан Марино и Ватикан не побарале членство во организацијата. 

Мапа[уреди | уреди извор]

Мапа на светот (1920–45 година), на која се прикажани земјите членки на Лигата на Нации за време на нејзиното постоење.
  Членки
  Колонии на членки
  Мандати
  Надворешни земји
  Колонии на надворешни земји

10 јануари 1920 година: Основачи[уреди | уреди извор]

1920 година[уреди | уреди извор]

  •  Австрија (се придружила на 15 декември 1920 година; окупирана и анексирана од Германија на 13 март 1938 година)
  •  Бугарија (се придружила на 16 декември 1920 година)
  •  Костарика (се придружила на 16 декември 1920 година; се повлекла на 22 јануари 1925 година)
  •  Финска (се придружила на 16 декември 1920 година)[7]
  •  Луксембург (се придружила на 16 декември 1920 година)[8]
  •  Албанија, 1914–25 (се придружила на 17 декември 1920 година)[9]

1921 година[уреди | уреди извор]

1922 година[уреди | уреди извор]

  •  Унгарија, 1920–46 (се придружила на 18 септември 1922 година; се повлекла на 11 Април 1939 година)

1923 година[уреди | уреди извор]

1924 година[уреди | уреди извор]

1926 година[уреди | уреди извор]

  •  Германија (се придружила на 8 септември 1926 година; се повлекла на 19 октомври 1933 година)

1931 година[уреди | уреди извор]

  •  Мексико (се придружила на 9 септември 1931, била прогласена за членка на 12 септември 1931 година)[10]

1932 година[уреди | уреди извор]

  •  Турција (се придружила на 18 јули 1932 година)
  •  Ирак, 1932–58 (се придружила на 3 октомври 1932 година)

1934 година[уреди | уреди извор]

  •  СССР (се придружила на 18 септември 1934 година; исклучена на 14 декември 1939 година)
  •  Авганистан, 1926–73 (се придружила на 27 септември 1934 година)
  •  Еквадор (се придружила на 28 септември 1934 година)

1937 година[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. League of Nations chronology Архивирано на 20 мај 2017 г., United Nations
  2. Members of the 1st Assembly, League of Nations, Geneva, 15 November – 18 December 1920.
  3. Czechoslovakia never formally left the League and was present at the last meeting of the Assembly in 1946
  4. Hannsjoachim Wolfgang Koch, Macmillan International Higher Education, 1985, Aspects Of The Third Reich, p. 297
  5. Hell, Stephan (8 January 2020). „A seat at the table“. Bangkok Post. Посетено на 8 January 2020.
  6. Occupied by Axis Powers 1941–1945
  7. Withdrew from active participation in the League after its defeat by the Soviet Union in 1944.
  8. Forced to withdraw by German occupation in May 1940 and incorporation into the German Reich.
  9. Forced to withdraw by Italian invasion of 1939.
  10. Toledo-García, Itzel; University of Essex, UK: ‘’"La cuestión de la dignidad nacional en el ingreso de México a la Sociedad de Naciones, 1919-1931"’’ Retrieved 4 September 2016. (Translated from Spanish: "On September 7th, 1931, the British Empire, Germany, Northern Ireland, Spain, France, Italy and Japan began the initiative; next day the proposal was adopted unanimously by the assembly, and the invitation was sent to the government of Mexico. The 10th of September the acceptance was communicated in Geneva… Two days later, Mexico was declared member of the League of Nations.")

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]