Жижево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жижево
Поглед кон селото
Поглед кон селото
Жижево is located in Бугарија
Жижево
Жижево
Местоположба во областа
Жижево is located in Пиринска Македонија
Жижево
Местоположба на Жижево во Општина Сатовча и Благоевградската област
Координати: 41°33′N 24°2′E / 41.550° N; 24.033° E / 41.550; 24.033Координати: 41°33′N 24°2′E / 41.550° N; 24.033° E / 41.550; 24.033
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСатовча
Површина
 • Вкупна14.668 км2 (5,663 ми2)
Надм. вис.&10000000000000846000000846 м
Население (2015)
 • Вкупно389
 • Густина0.027/км2 (0.069/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2956
Повик. бр.07545

Жижевосело во Сатовечко, Пиринска Македонија, денес во општината Сатовча на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Жижево се наоѓа на 25 километри оисточно од Хаџидимово и на 12 километри јужно од општинскиот центар Сатовча. Селото Жижево се наоѓа во планинска областво, во историко-географската област Чеч на надморска висина од 846 метри. Највисоката точка во селото е Висока могила, друг врв е Тумба (1142 метри). На источната страна на селото тече реката Доспет, а од западната страна Кочанска Река, која во селото ја нарекуваат Жижевска река. Двете реки се спојуваат на границата меѓу Бугарија и Грција. На запад од Жижево е селото В’лкосел, на север се граничи со Кочан, на исток со Брштен, а на југ со Манастир. Климата во селото е променливо медитеранска. Атарот на селото зафаќа површина од 14.668 км2.

Природни дабови и брезасти масиви се наоѓаат на територијата на селото Жижево, а брезите денес се зачувани само на некои места поради уништување на шумите. Пред 50-100 години, брезастата шума била многу обемна. Покрај бреза и даб се среќава и лешник, врба и други.

Историja[уреди | уреди извор]

Рана историја[уреди | уреди извор]

Селото Жижево има долга историја. Најраната позната населба датира од доцното бронзено време[1].

Во минатото Жижево било богато и развиено село. Според локалната легенда, името на селото потекнува од локалната диалектизам „жиже“, кое означува „пече или жеже“ однесувајќи се на изгорените дрвја за правење јаглен. Тоа е причината зошто огромните брези околу селото биле скоро целосно исечени во минатото. Трговскиот пат кон градот Драма поминувал низ селото, а секој петок бил пазарен ден во селото, каде што доаѓале луѓе од Неврокоп и Пештерско. Жижево е познато по своето добро грозје, а кога доаѓа жетвата, во близина на селото се одржувал панаѓур. Но, по масакрот во 1912 година и промена на границата, селото започнало да опаѓа[2].

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Во османлиски документи селото се среќава под името Жижива (شــيــش ﻭﻩ).[3]

Во текот на 19 век, селото било муслиманско и припаѓало кон Неврокопската каза на Отоманското Царство.Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Држилово (Derjilovo) е наведено како село со 60 семејства и 140 Помаци[4]. Според Стефан Верковиќ во 1889 година во селото живееле 210 муслимански машки лица во 60 куќи.[5]

Пред Божиќ во 1912 година, војската на Хаџи Мрвак пристигнала во Жижево, заедно со претставниците на БПЦ. Селото било покрстено, по што бил побаран откуп од 452 лири, во замена на кое селаните можат повторно да се вратат кон исламот. Но, откако во раководството на црквата се дознало за откупот, станало голем скандал а самиот Хаџи Мрвак се вратил да ги заколе сите селани од селото освен оние кои требало да служат војска[6].

Мажите биле собрани во една куќа на вториот кат. По крајот на масакрот, куќата била полиена со бензин и запалена. Спасени биле само две лица - воденичарот кој во тоа време бил на неговата воденица и еден човек кој не бил погоден доволно на вратот и само паднал во несвест. Тој исто така бил фрлен во отворот од горниот кат на куќата, но успеал да се паси. Во меѓувреме, жените и децата биле затворени во друга куќа каде го „славеле“ Божиќ.

Бугарија[уреди | уреди извор]

До Првата светска војна, во селото имало многу продавници и пет кафулиња[7].

До 1912 година, селото било во составот на Чечешката Нахија. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Од податоците за попис во 1920 година, станува јасно дека до овој датум селото било дел од општината Кочан. Од пописот во 1934 година селото веќе било вклучено во општината Сатовча. Со указ 33 од Президиумот на Националното собрание од 22 јануари 1951 година, селото било одвоено од Сатовча и припаднало на општина Кочан, која пак била обновена во 1949 година[8]. Во 1958 година, општина Кочан била укинета со одлука на Народниот собор на округот Благоевград, со која селото повторно преминало во територијата на општината Сатовча[9]. Согласно Уредбата 959 од Президиумот на Националното собрание од 23.12.1965 година, општината Кочан била обновена, вклучувајќи го Жижево[10]. Општината Кочан била повторно укината со указ 2295 на Националниот совет на Народна Република Бугарија од 22.12.1978 година, со која Жижево повторно станал дел од општината Сатовча[11].

По почетокот на Балканските војни, исламот во селото бил обновен. Владата на Васил Радославов им дал право на Помаците да ја исполнат својата религија. Кабинетот на Александар Стамболиски дополнително ги ублажил нивните права, иако можело да се направи повеќе.

Население[уреди | уреди извор]

Во 1899 година селото имало население од 500 жители според резултатите од пописот на населението на Османлиското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото броело 60 куќи [12], во кои живееле 503 Помаци.[13] Во 1920 година во селото живееле 223 жители.[14] Според податоците од пописите, во 1926, 1934, 1946 и 1956, населението на Жижево броело 239, 234, 289 и 225 души,[15] а во 1965 година 266 лица.[2] Според податоците од пописите кои биле спроведени во 1926, 1934, 1946 и 1956, населението на Годешево било: 661, 730, 842 и 856 лица.[16]

Население на Жижево по попис
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 234 289 225 266 252 313 348 365 291 389
Етнички состав на населението
од 2011 година[17]:
Националност Население Процент
Бугари 175 67,31%
Останати 83 31,92%
Вкупно 260
Население по возраст
од 2011 година
[18]:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Цветкова, Юлия (2002). "Паметници от праисторията и тракийската древност". Копривлен, том 1. Спасителни археологически проучвания по пътя Гоце Делчев – Драма 1998 – 1999 г. София: NOUS Publisher. стр. 41. ISBN 954-90387-6-9. OCLC 405177082.
  2. 2,0 2,1 Моллов, Сюлейман (1969). "Жижево". Родопи (2): 6–8. ISSN 0861-1327.
  3. Андреев, Стефан (2002). Речник на селищни имена и названия на административно-териториални единици в българските земи през XV-XIX век. София: Главно управление на архивите при Министерския съвет на Република България. стр. 70. ISBN 954-9800-29-6.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 132-133.
  5. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. Българите мохамедани (изд. II издание.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 112. ISBN 954-9308-51-0.
  6. Арденски, Владимир. Загаснали огнища. София: ИК „Ваньо Недков“. стр. 68. ISBN 954-8176-96-3.
  7. Примовски, Анастас (1973). "Книга LIV: Бит и култура на родопските българи". Сборник за народни умотворения и народопис: 67.
  8. Државен весник, бр. 8 од 26 јануари 1951 г.
  9. Държавен вестник, бр. 98 от 09.12.1958 г.
  10. Държавен вестник, бр. 102 от 28.12.1965 г.
  11. Държавен вестник, бр. 101 от 26.12.1978 г.
  12. Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. "Неврокопската каза". Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско. София: Наука и изкуство. стр. 269.
  13. Кънчов, Васил (1996) [1900]. "Неврокопска Каза". Македония. Етнография и статистика (изд. II фототипно издание.). София: Проф. М. Дринов. стр. 196.
  14. Примовски, Анастас (1973). "Книга LIV: Бит и култура на родопските българи". Сборник за народни умотворения и народопис: 65–66.
  15. Отдел „Статистика на населението“ (1960). Списък на населените места в НР България по съществуващо административно деление към 15 януари 1960 година с брой на населението от преброяванията през 1926, 1934, 1946 и 1956 години. София: Централно статистическо управление. стр. 16.
  16. Отдел „Статистика на населението“ (1960). Списък на населените места в НР България по съществуващо административно деление към 15 януари 1960 година с брой на населението от преброяванията през 1926, 1934, 1946 и 1956 години. София: Централно статистическо управление. стр. 16.
  17. ""&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г." (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18. Unknown parameter |deadlink= ignored (|url-status= suggested) (help)
  18. "Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г." (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18. Unknown parameter |deadlink= ignored (|url-status= suggested) (help)