Кочан (Пиринско)

Координати: 41°35′N 24°2′E / 41.583° СГШ; 24.033° ИГД / 41.583; 24.033
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кочан
Поглед кон селото
Поглед кон селото
Кочан is located in Бугарија
Кочан
Кочан
Местоположба во областа
Кочан во рамките на Пиринска Македонија
Кочан
Местоположба на Кочан во Општина Сатовча и Благоевградската област
Координати: 41°35′N 24°2′E / 41.583° СГШ; 24.033° ИГД / 41.583; 24.033
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСатовча
Површина
 • Вкупна32.783 км2 (12,658 ми2)
Надм. вис.&10000000000000961000000961 м
Население (2015)
 • Вкупно2.779
 • Густина0,085/км2 (0,22/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2955
Повик. бр.07545

Кочансело во Сатовечко, Пиринска Македонија, денес во општината Сатовча на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Кочан се наоѓа на 30 километри североисточно од Хаџидимово и на 8 километри југоисточно од општинскиот центар Сатовча, на околу километри од границата со Грција, во западните делови на Родопите, во историко-географската област Чеч на надморска висина од 961 метри. Селото е опкружено со неколку врвови, од кои највисокиот е Марашова чука - 1414 м. Атарот на селото зафаќа површина од 32.783 км2[1].

Територијата на селото Кочан има променливо-средоземна клима. Влијанието на Медитеранот се чувствува на надморска височина од 1.200 метри. Зимата е блага со снежна покривка од 28 - 30 дена во пониските делови и 100 - 110 дена во високите делови. Летото е топло. Маглата е ретка појава и годишните врнежи од дожд достигнуваат до 850 мм. Просечната годишна температура е околу 12 ° С. Во текот на летото, протокот на воздух доаѓа од Средоземното Море, а во зима локалниот „Барутински ветер“ дува од исток кон запад.

Историја[уреди | уреди извор]

Рана историја[уреди | уреди извор]

Тракиски гроб.

Селото Кочан има богата историја.

Населбите во околината постојат уште од 4 милениум п.н.е. Според некои научни извори, областа била населена од тракиско племе Травси. Во 5 век п.н.е. регионот бил освоен од Ситалк и бил вклучен во составот на Одриското Кралство. По смртта на Котис I во 4 век п.н.е. Одрисиското Кралство се распаднало, по кое Филип II Македонски го освоил регионот. Кочан останал во составот на Македонија до 1 век п.н.е. кога Римското Царство завладеало со регионот. Од овој период се откриени римски гробници. Во регионот на Кочан биле пронајдени тракиски, македонски, римски и византиски монети и артефакти.

Среден век[уреди | уреди извор]

По поделбата на Рим, во IV век Кочан како село уште не постоело, но регионот и околните населби станале дел од Византија. Околу VII век, тракиските населби во регионот се консолидирале на падините долж поширокиот дел од долината на висока вода на реката Кочанка. До средината на 20 век Кочан бил поделен на населби кои не биле поврзани, а во центарот на селото биле гробишта и градини од коноп. За време на големата миграција на народите, локалните Тракијци се мешале со словенското племе Даговити, кои ја населувале територијата од реката Рата на запад. Ова е причината зошто кочанскиот фолклор, како и околните села, припаѓаат на македонската фолклорна и дијалектичка група наместо во родопската, на која влијаат и смолијанскиот.

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Во 14 век, Османлиите го освоиле регионот. Џамијата во селото се нарекува султан Бајазид.

За да се избегне од епидемијата, дел од населението се населило во месноста Цидаров Дол, основајќи го селото Марулево, денес Ваклиново. Во текот на 19 век, селото припаѓало кон Неврокопската каза на Отоманското Царство.Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. е село со 100 семејства и 280 Помаци[2]. Според Стефан Верковиќ во 1889 година во селото живееле 312 муслимански машки лица во 100 куќи[3]. Во 1899 година, селото имало население од 973 луѓе според резултатите од пописот на населението.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото броело живееле 773 Помаци[4].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Етнографија[уреди | уреди извор]

Статистика
Име на селото Кочан
Старо паралелно име Кочен
Нарицателно Кочанец, кочанка, кочанци
Историко-географска област Чеч
Број на куќи кон 1873 година според ЕВАМС 100
Број на жители од машки пол кон 1873 година според ЕВАМС 280
Број на куќи кон крајот на XIX век според Стефан Верковиќ 100
Број на жители од машки пол кон крајот на XIX век според Стефан Верковиќ 312
Број на жители од 1900 година според Васил К’нчов 773

Некои од семејствата во Кочан не се од локално потекло, но се населиле во селото во последните 100-150 години.

Потекло
Род Потекло Белешка
Бошнакови Босна
Даутеви Албанија
Заимови
Киналиеви Кинали Преселници во Бујново, по кое во Змеица и на крајот во Кочан
Етрополски Етро Поле
Којнарови Конија Јуруци од регионот на град Конија во Турција
Маџирски Манастирџик Преселени во 1923 година

Население[уреди | уреди извор]

Население на Кочан по попис
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 1313 1496 1675 2152 2780 2795 3130 3043 2615 2779
Етнички состав на населението
од 2011 година[5]:
Националност Население Процент
Бугари 1390 92,36%
Турци 4 0,27%
Роми 44 2,92%
Останати 52 3,46%
Неопределени 15 1%
Вкупно 1505
Население по возраст
од 2011 година
[6]:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Справочник България – Село Кочан, община Сатовча, Област Благоевград, Юго-Западен регион
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. (II издание. изд.). София: Македонски научен институт. 1995 [1878]. стр. 132–133.
  3. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. Българите мохамедани (II издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 111. ISBN 954-9308-51-0.
  4. 4,0 4,1 Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Неврокопска Каза“. Македония. Етнография и статистика (II фототипно издание. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 196.
  5. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  6. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.