Крабул
Крабул Крибул | |
---|---|
![]() | |
Местоположба во областа | |
Координати: 41°34′N 23°56′E / 41.567°N 23.933°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Сатовча |
Површина | |
• Вкупна | 11.029 км2 (4,258 ми2) |
Надм. вис. | 825 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 387[1] |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2951 |
Повик. бр. | 07541 |
Крабул — село во Неврокопско, Пиринска Македонија, денес во општината Сатовча на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Крабул се наоѓа на 20 километри североисточно од Хаџидимово и на 20 километри југозападно од општинскиот центар Сатовча. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на западните делови на Родопите на надморска висина од 825 метри, во историко-географската област Чеч. Селото е расположено источно од реката Бистрица на север од село Боголин. Атарот на селото зафаќа површина од 11.029 км2.
Историја
[уреди | уреди извор]Ран период
[уреди | уреди извор]Крабул има долга историја. Селото постои уште од античко време. Ова е потврдено од тракиските гробови што ги откриле селаните додека ги обработувале своите ниви. Откриени се остатоци од еднокорабна црква од V век, околу која се развила некропола за време на средниот век[2]. Крибул најверојатно е наследник село Букорово кое било напуштено од луѓето[3]. Селото е познато и по тоа што е единственото во областа Чеч кое во кое има откриени траги од развој на средновековна црна металургија[4].
Османлиско Царство
[уреди | уреди извор]Во текот на 19 век, селото било муслиманско и припаѓало кон Неврокопската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крабул (Kraboul) е село со 50 семејства и 140 Помаци[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 550 жители, сите македонски муслимани[6] Според Стефан Верковиќ во 1881 година во селото живееле 180 муслимански машки лица во 50 куќи.[7].
Бугарија
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1934 година името на селото било променето во Крибул.
Крибулски рид на Антарктикот името го добил според селото[8].
Население
[уреди | уреди извор]Како резултат на Балканските војни, од 438 жители во 1910 година, само 217 останале во селото во 1920 година.[9] Во 1899 година, селото имало население од 290 жители според резултатите од пописот на населението на Отоманското Царство[10]. Според Димитар Гаџанов, во 1916 година в Абланица, Боголин и Крибул живееле 1692 Помаци.[11]
Според податоците на пописот во годините 1926, 1934, 1946 и 1956 година, населението на Крибул било 218, 170, 227 и 254 души.[12]
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 170 | 227 | 254 | 271 | 321 | 376 | 397 | 395 | 391 | 361 |
Националност | Население | Процент |
---|---|---|
Бугари | 208 | 55,91% |
Турци | 157 | 42,2% |
Вкупно | 372 |
![]() |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://www.grao.bg/tna/tadr-2010.txt
- ↑ Димитров, Димитър (2013). Християнските храмове по българските земи I-IX век. София: Фондация „Покров Богородичен“. стр. 151. ISBN 978-954-2972-17-4.
- ↑ Михайлов, Стамен (1969). „Църквата при с. Крибул, Благоевградски окръг“. Родопи (11): 16–18. ISSN 0861-1327.[мртва врска]
- ↑ Георгиев, Георги Костов (1978). Старата железодобивна индустрия в България. София: БАН. стр. 135.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. (II издание. изд.). София: Македонски научен институт. 1995 [1878]. стр. 130–131.
- ↑ Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Неврокопска Каза“. Македония. Етнография и статистика (II фототипно издание. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 195.
- ↑ Райчевски, Стоян (2004) [1998]. Българите мохамедани (II издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 111. ISBN 954-9308-51-0.
- ↑ SCAR Composite Gazetteer of Antarctica
- ↑ Арденски, Владимир (2005). Загаснали огнища. София: ИК „Ваньо Недков“. стр. 106. ISBN 954-8176-96-3.
- ↑ Арденски, Владимир. Загаснали огнища. София, ИК „Ваньо Недков“, 2005. ISBN 954-8176-96-3. с. 106.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 245.
- ↑ Отдел „Статистика на населението“ (1960). Списък на населените места в НР България по съществуващо административно деление към 15 януари 1960 година с брой на населението от преброяванията през 1926, 1934, 1946 и 1956 години. София: Централно статистическо управление. стр. 16.
- ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Крабул“ на Ризницата ? |
|