Боголин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Боголин
Боголин is located in Бугарија
Боголин
Боголин
Местоположба во областа
Боголин is located in Пиринска Македонија
Боголин
Местоположба на Боголин во Општина Сатовча и Благоевградската област
Координати: 41°33′N 23°58′E / 41.550° N; 23.967° E / 41.550; 23.967Координати: 41°33′N 23°58′E / 41.550° N; 23.967° E / 41.550; 23.967
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСатовча
Површина
 • Вкупна5.344 км2 (2,063 ми2)
Надм. вис.&10000000000000947000000947 м
Население (2015)
 • Вкупно437
 • Густина0.082/км2 (0.21/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2931
Повик. бр.07547

Боголинсело во Сватовчко, Пиринска Македонија, денес во општината Сатовча на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Боголин се наоѓа на 13 километри источно од Хаџидимово и на 20 километри јужно од општинскиот центар Сатовча. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на западните делови на Родопите на надморска висина од 947 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 5.344 км2. Селото се наоѓа во долината на реката Бистрица помеѓу селата Абланица и В’лкосел, и спаѓа во историко-географската област Чеч.

Историja[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Легендата за основањето на селото раскажува дека Боголин своите почетоци ги имало во соседното село В’лкосел. Според неа, во В’лкосел живеел човек со прекар Чумарја, кој избегал од таму и се населил на ова место. Бидејќи побегнал од таму, го добил името Бегалин Чумар и со тоа го дал името на селото[1]. Според друга легенда, името на селото потекнува од некој „бог Лин“.[2]

Во текот на 19 век, селото било муслиманско и припаѓало кон Неврокопската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Боболина (Bobolina) е наведено како село со 12 семејства и 38 помаци[3][4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 65 жители, сите Помаци[5] и 13 куќи[6]. Според Стефан Верковиќ, кон крајот на 19 век, во Боголин живееле 40 машки муслимани во 12 куќи[7].

Во 1899 година, селото имало население од 158 жители според резултатите од пописот на населението на Отоманското Царство[8]. Според Димитар Хаџанов, 1692 Помаци живееле во Абланица, Боголин и Крибул во 1916 година[9].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[уреди | уреди извор]

Население на Боголин по попис
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 174 186 226 286 318 393 464 466 418 437
Етнички состав на населението
од 2011 година[3][10]:
Националност Население Процент
Бугари 89 91,75%
Турци 6 6,19%
Вкупно 97
Население по возраст
од 2011 година
[11]:

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото постои основно училиште наречено „Св. Паисиј Хилендарски “. Училиштето било отворено на 15 септември 1926 година. Првиот учител во селото бил Ангел Стефанов Стоилков од селото Узем. По него дошле Апостол Василев Георгиев од Петрич, Костадин Георгиев Денев, Георги Петков Панајотов и други. Во истата година, бил избран училиштен одбор за да обезбеди училници, да ги снабдува со учебници, ормари, контејнери и додатоци. Со оглед на неодамнешното насилно крштевање, населението во тоа време било премногу непослушно во училиштето, а учителот се сметал за „непријател“ на населението. Со текот на времето, тие започнале да го прифаќаат училиштето и да го менуваат ставот кон тоа. Од 1970 до 1990 година директор на училиштето бил Георги Николов Попов. Од 1990 година Красимир Недков Даутев е директор на Боголин. Во 1993 година училиштето било трансформирано во основно.

Личности[уреди | уреди извор]

  • Емил Бисеров Јуруков – политичер
  • Здравко Славиев Дренчев – лекар
  • Владимир Тошков Балкански - лекар
  • Климент Тошков Балкански - лекар

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сюлейман Моллов, сп. Родопи, кн. 11, 1969, с. 18.
  2. Сребранов, Румен (2007). Чечкият говор. София: Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 17. ISBN 978-954-322-230-8.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. (изд. II издание.). София: Македонски научен институт. 1995 [1878]. стр. 130–131.
  5. Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Неврокопска Каза“. Македония. Етнография и статистика (изд. II фототипно издание.). София: Проф. М. Дринов. стр. 195.
  6. Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. „Неврокопската каза“. Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско. София: Наука и изкуство. стр. 274.
  7. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. Българите мохамедани (изд. II издание.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 111. ISBN 954-9308-51-0.
  8. Зеленгора, Георги. Помаците в Турция
  9. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 245.
  10. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  11. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.